��oj 489   27.09.2016
линкови контакт
Најнов број
Импресум
Маркетинг
Архива
Пребарај
Кога ќерка ми рече дека сака да студира медицина, ми го скуси животот. Ова не е затоа што не ми се допаѓа оваа работа. Тоа е затоа што живеам со оваа работа. И јас не го сакаав тоа за неа. Сакав да биде мајка, сопруга, да ужива во животот и децата и да има една работа која ја овозможува да го има сето тоа подеднакво. Со оваа професија ќе биде тешко да се постигне таква хармонија.
Западната коалиција која ја сруши Либија сега ги собира "плодовите" од Арапската пролет. Секако сметката веќе ја плаќа поделената Европа
Како што се ближат изборите власта е се помалку подготвена да глуми фер играч во избори кои треба да задржат барем минимум демократичност. Тоа е по малку непријатно за меѓународниот фактор кој треба да интервенира во се' покус период. Оваа недела очекувано треба да биде таква. Ниту трага од беневолетноста на Груевски од вечерната средба на 30 август со другите партии и амбасадорот на САД, кога замина на прослава на својот роденден во стилот - прифаќам се што ќе го договорите. А до кога траеше тоа ширење на рацете?
МАКЕДОНИЈА
Македонските пратеници се "испечени" од романските искуства со специјалната обвинителка. До нив се стигнати тамошните искуства на корумпираните колеги од светот на политиката, економијата, медиумите... Нивниот отпор е затоа и поголем кон дејствијата на СЈО, свесни дека се соочуваат со судбината за која требаа да бидат свесни уште кога ставаа нотарски катанци на својот имот како знак на верност
Русија има долгогодишен план да се влијае на политиката на Балканот. Во САД можат да научат многу од него, особено во поглед на постигнувањето на што поголеми резултати за што помалку средства
Нагло се зголемува бројот на баратели на азил во Хрватска. Главната причина за тоа е што порано бегаллците сакале само да заминат што побргу од Хрватска а сега за тоа им треба време. Во јули на хрватската граница иумало 333 илегални премини а во август двојно повеќе. Ќе има ли и натаму таква прогресија?
Даниел Сервер, во интервју за Гласот на Америка, предлага Македонија да влезе во НАТО како ФИРОМ
Иако се избрани од парламентот провладините курири насекаде за министрите и другите кадри во Владата од страна на опозицијата говорат како "незаконски" (!). Идеја на власта е тие да бидат изолирани и попречувани со наметнување на банални ситуации
Според Хелсиншки комитет незаконски е реизборот на претседател на Советот на јавните обвинители на РМ. Аневски дури ја свикал и раководел со седницата на која е реизбран!
Немаше само српско одбележување на 100-годишнината на битката кај Кајмакчалан, туку и бугарско - грчко, под патронат на грчката црква од Лерин, За последново речиси ништо не се знаеше додека Миленко не зеде токмак во рака
СВЕТ
Европската унија планира значително да ја зголеми контролата на границите. Оние кои сакаат да влезат во ЕУ треба да се регистрираат или да аплицираат за виза. Целта е поголема безбедност
По убиството на еден Афроамериканец од страна на полицаец, во САД повторно дојде до судири. За воспоставување на мирот во Шарлот, не е потребна само Националната гарда
РЕВИЈА
Црногорскиот филм "Игла под прагот е пријавен во категоријата на странски филм во американската Академија а таму покрај Ристовски една од главните ролји ја толкува и Митко Апостоловски
Велат дека многу корисни работи се учат за време на проекцијата на филмот "Сноуден" на Оливер Стоун. Една од нив е - ако сакате нда имате со некој доверлив разговор, ставете ги исклучените телефони во микробранова печка. Второ - ни случајно не се пресвлекувајте во хотелска соба ако претходно не сте ги исклучиле сите светла, ТВ и компјутерот. Големиот брат слуша и гледа сè. И сè за вас се снима. Сè!
Во организација на Македонско-германското стопанско здружение и Германската стопанска комора во Македонија во Скопје беше отворен 10. "Октоберфест"
КОЛУМНИ
Ристо Поповски
АЛЕКСАНДАР ЛИТОВСКИ
АТАНАС ВАНГЕЛОВ
МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА
СРЃА ПОПОВИЌ