Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АЛЕКСЕЈ ЛЕОНОВ: ГО САКАВМЕ САМО ОНА ШТО ДРУГИТЕ НЕ ГО МОЖЕА

October 29, 2019 Filed Under: Фељтон

Како и сите космонаути кои полетуваа од Бајконур и Алексеј Леонов (1934 – 2019) сакаше да биде тој што ќе победува во војната за вселената меѓу Советите и Американците, најмоќната и најскапа пропагандна војна во она време. Потоа стана симбол на вселенскиот детант – беше пионер во покренувањето на заеднички летови. Американски космонаут Томас Стафорд го нарече својот внук Алексеј а Леонов својата внука Карина

МИЛОШ МИЛОШЕВИЌ

ЧЕКОРИ Гагарин беше првиот кој полета во вселената а Леонов беше првиот кој – чекореше по неа!

Ноќта пред полетувањето во вселената – 18 март 1965 година Алексеј имаше чест во малиот дом за космонаутите на космодромот Бајконур пре преспие во креветот каде претходно спиел првиот космонаут Јуриј Гагарин. Тој и го разбудил следното уро – „станете граѓанине, ве чекаат големи дела…“.

ИСЧЕКОРУВАЊЕ Мисијата што требала да покаже дека човекот со заштитна облека може во одвоениот космос да преживее и да работи, влегла во својата одлучувачка фаза во 11 часот, 32 минути и 54 секунди, токму кога Васход 2 бил над Црното море, а мајорот Алексеј Леонов запливал по безвоздушното пространство во кое не било најјасно што е тоа горе а што долу, каде ѕвездите биле помногубројни, посветли отколку на Земјата, и не трепкале, а Сонцето пржело повеќе отколкуна Земјата, која се вртела и просто бегала…

Вп мемоарите на Леонов пишува дека силно посакувал да го види местото каде што се родил, каде го минал детството, каде го научиле да пишува и да чита. Од своето место во вселената го препознавал планинскиот ланец Алтај. Не можел да ја препознае реката на детството Том, со карактеристичната кривина над градот Кемеров – била под мраз и снег.

Гласот на Павел Иванович Бељаев го враќал во програмата: „Внимание, внимание, човекот влезе во отворениот вселенски простор и слободно плива…“. Во необичната тишина тој го слушал само чукањето на своето срце и звукот на своето дишење, што подоцна Стенли Кјубрик ќе го користи како звучна завеса во култниот филм „2001: Одисеја во вселената“. „Не брзај Љоша, го опоменувал Бељаев. И покрај системот за восдушно ладење при поголеми напори можело да нема воздух космонаутот би бил изложен на опасност да доживее топлотен удар и да се онесвести“.

ЛЕОНОВ Кога се каќи таму горе над земјата посака да го види родното место ама го немаше – беше оковано во мраз и снег

ЗИМСКА НОЌ ВО ТАЈГАТА Враќањето на Воскход-2, исто така, претставуваше тест за опстанок. Откако им откажаа системот за ориентирање по сонцето и системот за автоматско слетување, на Бељаев и на Лемонов им преостанало рачно да ја исправат траекторијата. Троа траешло 22 секунди, така што бродот слетал 160 километри над планираната област.

Тие слетале во регионот на Пермјан, во тајгата. Температурата била ниска, маглата густа, видливо мала, снегот длабок и дрвјата во кои нивната падобран се забил биле високи и густи. Врските биле расипани. Авионите и хеликоптерите се вклучиле во потрагата.

Космонаутите ги соблекле скафандрите, останале голи, ја исцедиле облеката натопена во пот и сето тоа пак го облекле!. Тие ја извадиле топлинска изолација, алуминиумска фолија од кабината и сето тоа го фрлиле на себе, така што, моќелода се случи ткако го преживеале вакуумот на космосот, тие да замрзнат во Сибир.

БАБУШКИ Леонови е оние кои имале машина за мелење месо дома

По долго пребарување на теренот, тие некако биле лоцирани, им спуштиле нешто за да преживеат и шише грузиски коњак. Дури на четири километри оддалеченост пронашле место каде шумата е погодна за сеча, за да може хеликоптерот да слета. Дури после три дена екипата дошла до нив. Настанала голема неизвесност а на радиото и телевизијата почнале да емитуваат само сериозна музика, што обично се емитува пред објавувањето на трагични вести.

Додека телевизијата ја емитуваше космичката прошетка на Леонов, бабушки трчаа по воровите и вревеа: „Нашиот Лења лета низ небото!“ „Кој е тој?” „Од оние што имаа дома машина за мелење на месо…“ Кога Алексеј, двоен херој на СССР, еднаш дошол во Листијанка, луѓето се собрале да ја видат ѕвездата на Москва, а тој запнал да ги испрашува бабите: „Бабушки, признајте, која од вас ми ги соблече тогаш пантолоните?.“ Тие стоеле, гледнале во земја, молчеле и не испуштиле глас.

(продолжува 2)

Filed Under: Фељтон

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet