Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

„АРТФЕМ“ ВО ПОТРАГА ПО ЈАВЕН ПРОСТОР ЗА ЖЕНСКАТА УМЕТНОСТ

December 31, 2019 Filed Under: Ревија

Пачкова појаснува дека „АРТ ФЕМ“ е производ на согледување на непостоењето на активистички феминистички мрежен центар, кој ги унапредува правата на уметничките

ЉУПЧО ЈОЛЕВСКИ

АРТ ФЕМ Плакат за патувачката изложба од проектот „АРТФЕМ – Време е да создаваш женски!“

По претставувањата во Штип, Тетово, Крива Паланка и Куманово, овој петок, на 27 декември во 19 часот, во скопскиот „Олд скул бар“, ќе се случи завршниот настан од патувачката изложба од проектот „АРТФЕМ – Време е да создаваш женски!“ на уметничката Дороти Пачкова.

Патувачката изложба од проектот „АРТФЕМ – Време е да создаваш женски!“, зад која како идеја и заложба стои академската сликарка и родов експерт Дороти Пачкова, е поставка што ја сочинуваат уметнички дела настанати под предизвичкувачки околности, пристигнати во Македонија, со поддршка на мрежа на балкански женски солидарни центри од Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Со нејзиното претставување започнува и реалната промоција на мрежното функционирање на Центарот за слобода и култура на жени и девојки уметнички од регионот, со поддршка на повеќе музеи и галерии од целата земја со поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија преку проектот „Нов културен бран 2019“ и Секторот за спорт и млади при град Скопје.

Пачкова појаснува дека „АРТ ФЕМ“ е производ на согледување на непостоењето на активистички феминистички мрежен центар, кој ги унапредува правата на уметничките, им дава можност за изразување и вмрежување и позитивно ги дискриминира приклучувајќи ги во јавниот културно-уметнички живот.

„Овој проект се изроди од една немила ситуација која ми се случи на една ликовна колонија каде имаше судир на различни култури и каде по некое непишано правило главно на мета се жените. Поради тој немил настан се мотивирав да го создадам „АРТ ФЕМ“ кој ќе претставува Мрежен центар за слобода и култура за пристап до јавни сфери на жените уметнички од целиот Балкан. Всушност, ќе им овозможува простор за создавање и ќе ја пласира нивната уметност“, вели Дороти.

Таа дополнува дека претстојната поставка во Скопје е завршниот настан од патувачката изложба од проектот „АРТФЕМ – Време е да создаваш женски!“ во чии рамки во текот на изминатиов период беа одржани четири поставки во исто толку градови во земјава. Првата беше во Дом на млади во Штип, втората во Музеј на тетовскиот крај во Тетово, третата се одржа за време на Форумот за култура и со поддршка од Музејот во Крива Паланка, а четвртата се реализираше во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

МЕЃУ ДВЕ ДЕЛА До сега Пачкова органзираше четири иёложби – во Штип, Крива Паланк, Куманово и Тетово

„Иако мене не ми е прв пат да патувам со изложба и создадени дела по Македонија, овојпат мислам дека одзивот беше најголем досега. Имаше многу присутни посетители на настаните. На дел од нив дојдоа мнозина млади што за мене како автор беше голема радост. И посебно зошто „АРТ ФЕМ“ всушност има едукативен карактер и убаво беше да се видат какви беа реакциите на младите од средните училишта во овие градови“, ќе рече сликарката.

Инаку, по завршната изложба во Скопје таа со своите соработнички би сакала да конструираат план на активности и да создадат стратегија како ќе го формираат „АРТФЕМ“ како мрежен Центар за слобода и култура на жени и девојки уметнички од регионот и кои ќе бидат следните потези што ќе ги превземат во текот на 2020 година.

„Сите чекори ќе се однесуваат на зајакнување на местото на жените во културата без разлика на тоа од каква уметничка позадина тие потекнуваат. Во соработка со другите балкански центри за женска слобода, култура и уметност ќе се обидеме да обезбедиме јавен простор за прикажување на женска уметност. Јас сум во контакт и ја имам нивната поддршка и всушност идејата е дека „АРТФЕМ“ ќе присуствува на нивните настани, а тие ќе присуствуваат на настаните кои „АРТФЕМ“ ќе успее во меѓувреме да ги обезбеди“, смета Пачкова.

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet