Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВЛАДАТА НЕ ТРЕБА ДА ОСТАВИ ВПЕЧАТОК ДЕКА РАБОТИ ЗА БОГАТИТЕ

October 7, 2019 Filed Under: Колумни

БРАНИМИР ЈОВАНОВИЌ

Тоа би било спротивно на она што се прокламираше изминативе години. Со кое морално право ќе ги ослободите од данок оние кои прават пари од тргување со акции и од чување огромни депозити во банка, а ќе ги оданочите, на пример, текстилните работнички кои мака мачат за да извадат минималец

Зошто Владата не смее да го одложи оданочувањето на капиталните добивки од хартии од вредност и доходот од камати:

  1. Со одложувањето би се пратила јасна порака дека владата работи за богатите, спротивно на она што се прокламираше изминативе години. Со кое морално право ќе ги ослободите од данок оние кои прават пари од тргување со акции и од чување огромни депозити во банка, а ќе ги даночите, на пример, текстилните работнички кои мака мачат за да извадат минималец?
  2. Со одложувањето се оди спротивно на праксите во ЕУ. Скоро и да нема ЕУ земја во која не се оданочуваат капиталните добивки и каматите. Европските интеграции не значат само одење по состаноци и сликање, тие значат и прифаќање на европските пракси, колку и да не им одговараат тие пракси на поединци од власта.
  3. Оданочувањето на доходот од камати се однесува само на износот камати кој надминува 250 евра годишно. Со денешните каматни стапки од околу 1 отсто, тоа значи дека сите штедни влогови под 25.000 евра се веќе ослободени од оданочување. Тоа исто така значи и дека ако некој оствари камата од 300 евра, ќе плати данок само на износ од 50 евра, односно, ќе плати данок од 15 отсто на 50 евра, односно, 450 денари.
  4. Со одложувањето на оданочувањето, државата ќе остане без неколку милиони евра приходи во буџетот, што значи ќе има неколку милиони евра помалку за образование, здравство и други јавни услуги.
  5. Оданочувањето на капиталните добивки и каматите беше одложувано неколку пати во минатото, секогаш под истиот изговор, за поддршка на берзата и банките. Доколку и имало вакви ефекти, тие се веќе исцрпени. Натамошно одложување на оданочувањето ниту ќе ја заживее берзата, ниту ќе направи банките да даваат поповолни кредити.

 

 

 

Filed Under: Колумни

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet