Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВЛАСТА СЕ ОБИДУВА ДА МАНИПУЛИРА СО ВОЛЈАТА НА БИРАЧИТЕ

September 13, 2024 Filed Under: Македонија

СДСМ е против Законот за локална самоуправа, власта им одзема право на граѓаните да одлучуваат

СПАСОВСКИ Ќе се создава пракса да може од било која причина на некој од градоначалниците да му престане функцијата и без при тоа да одлучуваат граѓаните

СДСМ и коалицијата го искажа својот став за овој Закон за локална самоуправа во македонското Собрание, со гласање против потребата од носење на законот по скратена постапка, рече  во средата пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во одговор на новинарско прашање.

-Ние сме против носењето на ова законско решение. Сметаме дека на овој начин се нарушуваат демократските принципи на функционирањето и на поделбата на власта во државата. Носењето на вакво законско решение, е спротивно на уставните начела со кои граѓаните ги носат одлуките за локалната власт исто како и за локалната власт. Носење на вакво законско решение, без одлука на граѓаните, ќе може да се врши промена на градоначалници во одредени општини и на тој начин им се одзема правото на граѓаните и се манипулира со волјата на избирачите. Од овој аспект сосема исправно е да кажеме јасно и гласно пред јавноста дека ваков закон нема да добие поддршка од СДСМ и од коалицијата, рече Спасовски.

Кога станува збор за избори, последниот збор мора да го имаат граѓаните, додаде Спасовски.

-Ќе се соочиме со состојба во којашто веднаш после одржување на локални избори, повторно ќе се создава пракса да може од било која причина на некој од градоначалниците да му престане функцијата и без при тоа да одлучуваат граѓаните, до крајот на мандатот да раководи некој што е одреден за заменик градоначалник, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

 

Filed Under: Македонија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet