Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЕВН ГИ КРИЕ ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ОД ТАКСАТА ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ (4)

May 20, 2019 Filed Under: Фељтон

Ревизорскиот извештај на Државна ревизија за 2017 (Годишен извештај 2017) година укажува дека средства што граѓаните месечно ги издвојуваат на име на улично осветлување се повеќе од 2 милиона евра на сметка на ЕВН, односно повеќе од 27 милиони евра годишно не се трошат транспарентно

АЛЕКСАНДАР ПИСАРЕВ

НА ДОБАР ПАТ Експремиерот Груевски беше задоволен со кадровските промени во ЕВН, другото не беше толку интересно

Во Прилеп покрај тоа што немат увид во висината на наплатената комунална такса, ЕВН им доцни со префрлање на средствата за улично осветлуваосветлување, па улиците се во мрак, како што вели раководителот на секторот за финансии и буџет во Општина Прилеп, Драган Звездакоски, потенцирајќи дека од таа комунална такса се инвестира во електрични инсталации и осветлување на градот и неговите знаменитости.

„Комуналната такса што ЕВН треба да ни ја префрла на месечно ниво се движи меѓу 3,2 и 3,8 милиони денари, исплатата на овие средства некогаш доцни и по три месеци“, вели тој. Во неколку наврати на ниво на ЗЕЛС со претставници од ЕВН било разговарано за подобрување во редовноста на наплатата и за користењето на нивниот софтер на податоци со кој и општините би имале увид во броотј на корисници.

Државниот завод за ревизија во извештајот кој е доставен и до Владата, сугерира таа да покрене постапка за измена на Законот за комунални такси за да се поправи оваа неправда кон општините. Се обративме до надлежната служба во владата со прашање: дали го добиле, дали го разгледале и дали донеле некакви заклучоци во врска со извештајот на Државен завод за ревизија по ова прашање. Но не добивме одговор.

Договорот за купопродажба на државното претпријатие ЕСМ – дистрибуција на австриската компанија ЕВН е склучен во март 2006 година помеѓу Владата на Република Македонија и австриската компанија ЕВН. Според основните начела на транспарентна Влада, овој договор би требало да се наоѓа на интернет страницата на Владата, но ние не успевме таму да го најдеме. Веројатно владата за тоа имала „причини“, бидејќи овој договор од денот на неговото потпишување го следат многу контроверзи, преписки и меѓусебни обвинувања на релација Влада – ЕВН.

Со барање за слободен пристап до информации од јавен карактер се обративме до генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија да ни го обезбедат купопродажниот договор за продажба на ЕСМ дистрибуција на ЕВН. По неколку дена добивме одговор дека стручните служби на Генералниот сектретаријат на Владата на РМ го разгледале барањето и информираат дека: „Имајќи ја во предвид содржината на предметното барање, истото го препратиле до Министерство за економија, согласно член 18 став 1. Од Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер“.

ПРИЛЕП ЕВН треба да префрли во буџетот на Прилеп месечно од 3,2 до 3,8 милиони денари ама исплатата доцни

За да не ни се случи двете институции преку „наш грб“ да водат преписка, истиот ден и ние, со барање за слободен пристап до информции од јавен карактер се обративме до Министерството за финасии. На 10 јануари оваа година, го добивме преписот на оригиналниот договор на англиски јазик кој е потпишан и заверен кај нотар Емилија Харалампиева, на 20 март 2006 година.

Во него не е прецизно регулирана методологија како ќе се соработува со општините околу уличното осветлување, освен што на 97 страна од договорот е објаснето дека на 13 фебруари 2006 година, еден месец пред потпишувањето на договорот со владата, менаџментот на странската компанија донел одлука да се отпишат каматите на име долгови за потрошена електрична енергија за улично осветлување во висина од 19.701.895 денари. Во 2010 година имало многу крупни несогласувања помеѓу Владата и ЕВН. По многубројните несогласувања меѓу Владата на Република Македонија и ЕВН се најде методологија за решавање на проблемите.

Тогашниот премиер Никола Груевски го поздрави договорот меѓу Владата и ЕВН и очекува тој да резултира со решавање на сите отворени прашања. Тој во изјавата за медиуми вели: „По долги разговори меѓу преставници на ЕВН и Владата добро е што се најде методологија како да се решат проблемите во иднина. Постоеја крупни несогласувања и, по мое мислење, едно несоодветно однесување на ЕВН. Во меѓувреме компанијата направи сериозни чекори, дојде до промена на нивниот менаџмент, и по долги разговори информиран сум дека работите се поставени во правилна насока, во смисла на решавање на сите отворени прашања. Мислам дека доколку двете страни го почитуваат тоа што начелно е договорено како методологија за излез од проблемите, а ние сигурно ќе го правиме тоа, за половина до една година ќе се дојде до решение на сите посериозни отворени прашања“, изјави Груевски.

Проблемите за жал не се решија.

Во август 2009 година, вицепремиерот Зоран Ставрески и тогашниот министер за економија Фатмир Бесими изјавија дека австриската компанија ЕВН Македонија не го испочитувала делот од купопродажниот договор за ЕСМ, кој предвидувал инвестиции од 96 милиони евра
во наредните три години.

(крај)

 

 

Filed Under: Фељтон

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet