Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЕУ: НОВ ПАКЕТ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА БАЛКАНОТ

July 8, 2024 Filed Under: Македонија

При набројување на подржаните проекти не е спомената нашата земја! Или сега веќе нема којда извести за тоа

УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН Нашите партнери од Западен Балкан ја градат својата европска иднина.

Европската комисија минатата недела го објави шестиот инвестициски пакет како дел од Економскиот и инвестицискиот план на Европската унија за Западен Балкан, кој се очекува да мобилизира 1,2 милијарди евра инвестиции, пренесува агенцијата Бета.

Новите инвестиции се однесуваат на три приоритети од Економско-инвестицискиот план – животна средина и клима, одржлив транспорт и поддршка на бизнис секторот.

Како дел од првиот, предвидено е реновирање на инфраструктурата за водоснабдување и канализација во Црна Гора и Босна и Херцеговина, вториот е за напредок на железничката инфраструктура на Коридорот X, со брза врска меѓу Белград и Велика Плана, што овозможува побрз проток на патници и товар во регионот, а трет приоритет е лансирање на нов фонд за иновации и зелена трансформација на регионалните компании.

Пакетот ќе поддржи вкупно осум нови инвестиции во водоснабдување и канализација, третман на отпадни води и железнички транспорт, како и иновации и зелена трансформација на малите и средни компании.

Комисијата најави дека инвестициите ќе се реализираат во тесна соработка со партнери од Западен Балкан и меѓународни финансиски институции.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека со овој пакет од 1,2 милијарди евра се зајакнува регионалното поврзување со квалитетна инфраструктура.

„Нашите партнери од Западен Балкан ја градат својата европска иднина. Тие инвестиции, заедно со неопходните реформи и пристап до единствениот пазар, ќе ги подготват економиите на нашите партнери за влез во Унијата“, рече првиот човек на Унијата.

Инвестицискиот пакет вклучува 300 милиони евра грантови од ЕУ од Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), дополнителни билатерални придонеси од членките на ЕУ и Норвешка, заеми од меѓународни финансиски институции и придонеси од економиите на Западен Балкан, објави Комисијата. .

Пакетот, наводно, бил поддржан од Оперативниот комитет на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на состанокот на 1 и 2 јули.

Целта на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан (2021-2027) е да се поттикне долгорочното закрепнување, да се забрза зелената и дигиталната транзиција и да се зајакне регионалната соработка и конвергенција со ЕУ.

Filed Under: Македонија

РАСПАД НА СИСТЕМОТ А ПРОВЕРКА ВО ВАР-СОБАТА НЕ Е ПОТРЕБНА
ФИЛИПЧЕ АЛАРМИРА: СО МИЦКОВСКИ СЕ ЗАГРОЗЕНИ ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА
КOКАИНСКИ ПАРИ ЗА ГОЛЕМАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО АЛБАНИЈА
„ДОБРИ ЛУЃЕ“ ВО ТРКА ЗА „СРЦЕТО НА САРАЕВО“
ШТО СЕ КРИВИ ДЕЦАТА – BO ПОСЕТА НА ИРАНСКОТО УЧИЛИШТЕ КАДЕ ЗАГИНАА 120 ДЕЦА

Најново

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ А ПРОВЕРКА ВО ВАР-СОБАТА НЕ Е ПОТРЕБНА
  • ФИЛИПЧЕ АЛАРМИРА: СО МИЦКОВСКИ СЕ ЗАГРОЗЕНИ ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА
  • КOКАИНСКИ ПАРИ ЗА ГОЛЕМАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО АЛБАНИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet