Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ИГНОРИРАН ГОВОР НА ОМРАЗА

November 28, 2023 Filed Under: Македонија

Новинарските здруженија и институциите останаа глуви и неми на говорот на омраза на Момировски

МОМИРОВСКИ Неговиот случај ја покажува сета разлика во критериумите на новинарските здруженија кон говорот на омраза

Новинарот и уредник на ТВ Алфа, Горан Момировски во неговото гостување на Лидер.фм, спроведе експилицитен говор на омраза со упатување на сериозни закани по живот кон членовите на СДСМ и нивните семејства, како што самиот изјави, во улога на новинар.

„Ова делува заканувачки од новинар, но треба да бидат свесни дека за вакво национално предавство, да се обидете да ја предадете државата на владеење на други луѓе, да ја поделите државата, не само тие што учествувале ќе бидат санциионирани, со најцрни сценарија, да бидат убивани луѓе по улица, ќе има далекусежни последици по целите нивни семејства“, рече Момировски.

Момировски во емисијата на Љупчо Златев на Лидер.фм, по зедничката констатација дека власта, наводно, несакајќи да распише избори ќе посегне по етнички тензии, упати закани дека доколку го спроведат наводниот план, ќе летаат глави и ќе бидат убивани луѓе по улица.

„Луѓето во СДСМ ја сносат најголемата одговорност, иако ДУИ управува со државата од Илинденска, односно од Мала Речица. Ако го направат овој план, треба да бидат подготвени дека ќе летаат глави. Ќе има убиени луѓе на улица“, се закани Момировски.

Тој упати закани и кон премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Бојан Маричиќ и до сите кои наводно ќе  учествуваат во таквиот план, дека „ќе има далекусежни последици, и по сите нивни, по целите семејства“.

Засега нема, и останува да се види дали вопшто ќе има реакција на експлицитниот говор на омраза и  закани на новинарот и уредник на Алфа ТВ од новинарските здруженија, ЗНМ, ССНМ, МАН, СЕММ, но и од Обвинителството и МВР.

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet