Размената на ресори меѓу Никола Димитров и Бујар Османи не значи промена во курсот на надворешната политика
„Сепак се тоа двајца искусни министри кои не би требало да го изместат курсот зашто тоа се два многу сродни ресори.“, коментира Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика.
Со симболичната размена на знаменца на Европската Унија се одбележа и фактичката рокада на врвните луѓе во Министерството за надворешни работи и Секретаријатот за европски прашања.
„Размената на ресори меѓу Никола Димитров и Бујар Османи не значи дека ќе има некаква промена во курсот на надворешната политика на земјата“ – велат експерти за Гласот на Америка.
„Сепак се тоа двајца искусни министри кои не би требало да го изместат курсот зашто тоа се два многу сродни ресори.“, коментира Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика.
Димитров влегува во СЕП само една седмица пред земјите-членки на Унијата во Брисел да ја отворат дебатата за предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија. Надежите се дека тој процес ќе се заврши до крајот на годината.
„Планот на Берлин во рамки на можностите во едно вакво време е овој процес да финишира во последниот месец од оваа година. Очекувањата на германското претседателство е првата меѓувладина конфереција да се случи во декември оваа година“, коментира Никола Димиров, вицепремиер за евроинтеграции.
„Несомнено е дека треба маскимално да се искористи германското претседателство кое најави дека еден од неговите приоритети ќе биде одржување на меѓувладината конференција. Немаме доволно јасни информации кои и дали се забелешките на земјите-членки, освен она што беа зебелешките на бугарската позиција.“, вели Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика.
Токму позициите на Софија околу именувањето на македонскиот јазик се сметаат за најсериозна пречка за стартот на преговорите за членство. Османи ја презема позицијата во МНР во ситуација на наелектризирани односи со Бугарија.
„Сметам дека стабилна и перспективна Северна Македонија е предуслов за стабилен и перспективен европски регион и тоа е во интерес на сите земји во регионот вклучувајќи ја и Бугарија. Не гледам ничиј интерес во регионот, вклучувајќи ја и Бугарија, да го попречат европскиот пат на Северна Македонија“, смета Бујар Османи, министер за надворешни работи.
Ако се остварат најавите за старт на преговорите со ЕУ до крајот на 2020-та, прашање е до кога тие би траеле.
„Брзината на преговори е прашање кое секогаш зависи од двете страни. Од наша страна одредена предност е усогласеноста со европското законодавство што е споредливо со Србија и Црна Гора. Имаме нова методологија која ни дава можност за забрзана динамика. Ако се види претодното искуство, нереално е да се мсета дека преговорите би траеле помалку од една декада…“, заклучува, Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика.
(Гласна Америка)