Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КОГА ЗЛОСТОРНИЦИТЕ СУДАТ

October 13, 2020 Filed Under: Колумни

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Толку премиери и претседатели отидоа на суд и в затвор, не гледам зошто Иванов би имал повластена позиција. Обратно, глупавата „финоќа” на државата, може да и се скрши од главата

Не знам дали Судот за човекови права во Стразбур ќе ја актуелизира аболицијата на Иванов, но знам дека Македонија треба да го актуелизира случајот со поранешниот претседател како видна алка во Злосторничкото здружување на вмро-дпмне, со процеси во кои ќе се третираат многукратните кршења на уставот во функција на злосторничкиот потфат и на велепредавството.

Со неверојатни штети врз државата и граѓаните.

Знам, исто така, дека тие постапки досега не се покренати поради страв од преседанот да се гони еден претседател, но, знам и тоа дека вистинскиот страв треба да се крие во бегањето од тој преседан, не во неговото покренување.

Неговата аболиција не е правен и државнички акт, туку акт на најтешка злоупотреба на правото, односно акт на злото, на уставокршачите, на велепредавнците, на злосторничкиот потфат отелотворен во Иванов. Работи кои доведоа до вонредните мерки во Македонија иницирани и патронирани од ЕУ и САД. До извештајот на Прибе.

Тој извештај како комплет мора да биде поместен во одговорот на Македонија. Тие мерки се доказ дека аболицијата беше акт на злото. На заробената држава.

Толку премиери и претседатели отидоа на суд и в затвор, не гледам зошто Иванов би имал повластена позиција. Обратно, глупавата „финоќа” на државата, може да и се скрши од главата.

 

Filed Under: Колумни

СЕДУМ ТОНИ МАРИХУАНА ШТО ЈА МИНАА ГРАНИЦАТА СО СРБИЈА ОСТАНАА ПРАКТИЧНО БЕЗ ЕФЕКТИВНИ ОБВИНЕНИЈА
MАКЕДОНИЈА НЕ Е НА ПРОДАЖБА
ПAТЕКИ  И ЗАБОКОЛУВАЊА НА ПОЛТИЧКОТО СОЗРЕВАЊЕ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА
СВЕТСКИ РЕКОРД НА МАТКА: ВРЕЛО Е НАЈДЛАБОКАТА ИСТРАЖЕНА ПОДВОДНА ПЕШТЕРА
ИРАН ЈА УНИШТИ ГЛАВНАТА АМЕРИКАНСКА БАЗА ВО КУВАЈТ

Најново

  • СЕДУМ ТОНИ МАРИХУАНА ШТО ЈА МИНАА ГРАНИЦАТА СО СРБИЈА ОСТАНАА ПРАКТИЧНО БЕЗ ЕФЕКТИВНИ ОБВИНЕНИЈА
  • MАКЕДОНИЈА НЕ Е НА ПРОДАЖБА
  • ПAТЕКИ И ЗАБОКОЛУВАЊА НА ПОЛТИЧКОТО СОЗРЕВАЊЕ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet