Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАУРИЦИО ЛАЗАРАТО: КРИЗАТА ОД 2007 ГОДИНА ПОКАЖА ДЕКА ЕКОНОМИЈАТА НЕ ДАВА ЛЕГИТИМИТЕТ НА ПОРЕДОКОТ

December 3, 2018 Filed Under: Македонија

Овој левичарски филозоф деновиве гостуваше во Скопје на фестивалот за критичка култура „Крик“ и одржа предавање на тема „Помеѓу политиките на задолжување и подемот на неофашизмот“. Според Лазарато, неолибералните политики ја зголемуваат социјалната нееднаквост меѓу луѓето

ПАД НА СИСТЕМОТ Кризата покажа дека либералната демократија ги заострува социјалните разлики

Демократијата исчезнува поради уривањето на системите од внатре, а иднината на Европа многу зависи од изборите во 2019 година, вели за Телма,  Маурицио Лазарато, социолог-марксист и филозоф , кој предава на универзитетот Сорбона во Парис. Тој деновиве гостуваше во Скопје на фестивалот за критичка култура „Крик“ и одржа предавање на тема „Помеѓу политиките на задолжување и подемот на неофашизмот“. Според Лазарато, неолибералните политики ја зголемуваат социјалната нееднаквост меѓу луѓето.

Тв Телма : Според констелацијата на односи во светски рамки, до што сме поблиску, до нова светска војна или до нова револуција ?

Демократијата исчезнува. Зошто? Бидејќи, како што може да се види во многу политички системи, како во Европа, така и во САД и во Латинска Америка, тие системи се уриваат одвнатре. Сигурно е дека демократијата исчезнува, но што доаѓа на нејзино место? Гледаме појава на некои нови форми , авторитарни форми, неофашистички форми и она што е важно е дека следниве години се многу важни за нас. Посебно за ЕУ. Многу ќе зависи од изборите во Европа, што ќе се одржат во 2019, вели Маурицио Лазарато.

ПРЕСУДНА ГОДИНА Изборите догодина се пресудни за меѓунродните односи

Тв Телма: Одржавте предавање „ Помеѓу политиките на задолжување и подемот на неофашизмот“. Па, која е врската меѓу едното и другото ?

Всушност, подемот на овој нов фашизам е поврзан со кризата од 2007 година. Секако дека неофашизамот постоеше и порано. Меѓутоа, повеќе се нагласува од почетокот на финансиската криза, која всушност претставува и должничка криза. И токму таму се наоѓа проблемот. Значи ние се наоѓаме во една криза, во која што економијата не успева да даде легитимитет на функционирањето на општеството. Имаме потреба како општество од нови поделби, пред се расни поделби, вели Лазарато.

ГОСТИН Лазарато е еден од ретките големи мислечки „ѕверки“ во Скопје последнит години

Тв Телма : А, зошто левицата и социјалдемократите не се доволно активни за да ја сменат оваа слика, во светски рамки ?

Социјалдемократијата денес нема политички простор. Таа порано го имаше, поради тоа што во 20 век, еден од условите што овозможуваше таа да постои, беа токму револуциите. Имено, револуцијата во Советскиот сојуз, појавата на комунизмот, други важни битки што се водеа на европско тло и сето тоа е многу поврзано со социјалдемократијата. Но, таа без револуции кои што отвораат пат за реформи, не може да постои. Бидејќи ако немате притисок врз капиталот, тоа не е можно. Денес немаме такви револуции и токму поради тоа социјалдемократијата исчезнува.

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet