Овој велешанец влезе суверено во седмиот круг на шоуто на Гранд продукцијата а во меѓувреме и пред финалето неговата менторка Цеца Ражњатовиќ го зеде како дел од своите музички каравани
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2024/02/zvezda-vednas-1024x555.jpg)
Кога на стартот на најновата Гранд продукција на натпреварот за млади пејачи се претстави пред жирито со својот моќен глас оние кои го оценуваа останаа занемени. „Шефот на парадата“ – Саша Поповиќ (70) го праша од каде доаѓа. Одговорот е – од Велес. Дали имаш куќа, следеше ново прашање. Имам ама не е доградена, постои како габарит. Ако останеше во ова шоу му рече Поповиќ, инаку човекот кој ја исфрли Лепа Брена во орбитата и кој е косопственик на Гранд продукцијата, ти бргу ќе имаш три куќи. Потоа беше прашан што работел во последниоте години а тој изјави дека времето на короната го минал во Брисел, каде работел како конобар, професија која заради контактите и епидемијата била доста опасна и веројатно мепштаните ја одбегнувале а нему, со сиот ризик му носела некаквазаработувачка.
Потоа дел од белградскиот печат го нарекуваше конобарот од Велес, но сосема е јасно дека тој ќе биде голема ѕвезда на ова шоу. Кај некои од жирито – да речеме традиционалниот „непријател“ на натпреварувачите од Македонија – Драган Стојковиќ Босанац. Затоа пак најобјективниот опценувач во жирито, Марија Шерифовиќ на последниот негов настап реќе дела кога го гледа него (Мики) гледа некога голема и скапа музичка сцена!
Мики Секуловски (36) е несомнено искусен натпреварувач, кој од настап до настап прави „хаос“ во епизодите од „Ѕвездите на Гранд“. Да се потсетиме дека Мики на сцената излезе со песни од „Бјело дугме“ и Дадо Топиќ и ја освои публиката додека од жирито доби 6 гласови. Тој настапи во дуел со младиот Инел Нукиќ (17) за кого жирито тврдеше дека немал среќа што се натпреварува против еден ваква „ламја“ каков што е Секуловски кој веќе има големо искуство зад себе. Ѓорѓе Давид беше воодушевен до настапот на Мики, па покрај тоа пто цело време играше, на крај и го бакна пејачот.
Овој велешанец кој во нашата земја е познат и по неговото учество во македонскиот „Идол“, каде во младоста ги воодушеви сите со неверојатниот талент за пеење, како и по неговите песни кои се уште се вртат по нашите радио станици, по долги години реши да си ја проба среќата и во ова популарно шоу и тоа очигледно беше паметен избор.
Дури шест години работел во странство како келнер, за да може да му помогне на своето семејство, но се испробал и во белгиското издание на познатото музичко натпреварување „The Voice“.
Кога настапуваше во „Македонски идол“ имал 22 години и навистина за него, вели тој во едно интервју, тоа било едно прекрасно искуство.
– Поради проблемите што ги имаше телевизијата која го снимаше „Македонски Идол“, останавме без договорите кои ни беа ветени и бевме оставени сами на себе да се снаоѓа кој како знае и умее. Имав изработено неколку музички проекти после шоуто, но навистина е тешко сам и без поддршка да ја работиш оваа професија. Последниве 6 години од мојот живот заминав во странство и таму работев како келнер, но поради мои семејни причини и не сакам многу да зборувам за ова. Не доживеав разочарување туку такви беа приликите, во тој период му бев потребен на моето семејство и морав да бидам со нив. Само што можам да кажам за ова е дека ако се врати времето повторно би го направил истото. Во овој контекст, мојата втората професија „келнер“ за мене воопшто не е понижувачка како што некои коментираат. Јас мислам дека кога човек има потреба не би бирал работа и не е срам чесно да заработуваш. – смета тој.