Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

УШТЕ ЕДНО СВЕДОШТВО ЗА СОЛУНСКИТЕ НАЦИОНАЛИСТИ

May 21, 2018 Filed Under: Македонија

Нападот врз Бутарис е резултат на неговите напори за приближување со Македонија и на неговите напори да се чува белегот на нивниот дамнешен сограѓанин Кемал Ататурк

НАСИЛНИК Грчки националисти во Солун, колку сакаш

Градски официјален претставник вели дека градоначалникот на вториот по големина град во Грција во саботата бил хоспитализиран со повреди на главата, грбот и нозете, по поставувањето на националистичките екстремисти. Претседателката на Градскиот совет во Солун, Калипсо Гула, вели дека градоначалникот Јанис Бутарис тој ден присуствувал на церемонијата во спомен на т.н. „понтиски геноцид”, убиството на етничките Грци од страна на Турците за време на Првата светска војна и последователната грчко-турска војна.

Гула, која исто така била таму, вели дека околу десетина луѓе му пристапиле на 75-годишниот Бутарис и му рекол да го напушти настанот, а потоа го нападнале со шишиња. Градоначалникот е познат по својот силен антинационалистички став.

Гула вели дека Бутарис паднал и бил удиран во главата и нозете. Таа вели дека за тоа време во црквата се служел молебен во чест на жртвите, а присуствувале и други политичари

Јанис Бутарис е грчки стопанственик и градоначалник на Солун, по победата на изборите од 14 ноември 2010 г. По потекло, Бутарис е од Крушево, а неговото семејство живее се уште во Битола.

Се школувал во родниот град на Солунскиот универзитет, завршувајќи хемија, како и на Анадолскиот колеџ. Тој е основач на винската компанија „Кир-Јани“. Главно поради своите тетоважи, обетката на едното уво, спротивставените ставови со митрополитот Антимос, често предизвикувал големи реакции кај националистите во градот, но и во Северна Грција. На чело на солунската општина дошол по подршката на ПАСОК.

СВЕДОШТВО Калипсо Гула (лево), претседателката на Советот на градот, сведочи на насилниците

По победата, тој изјавил дека еден од првите чекори ќе му биде да изгради споменик на основачот на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк, како и спомен обележје во чест на илјадниците Евреи кои биле убиени за време на германската окупација на градот.

Кога последен пат беше во нашата земја тој го употреби зборот Македонија. Зaради ова беше нападнат од многумина во својата земја. „Чудната врева што се создаде бидејќи реков ’Македонија’ ме остава сосема рамнодушен во онос на можностите за подобрување на односите меѓу двете земји“ истакна тој.

Солунскиот градоначалник ги спомена темите и областите во кои може да се започне или прошири соработката на релација Скопје – Солун.

Патувањето, рече, беше продолжение на посетата на министерот за надворешни работи Димитров на Солун,.кога беше дојден за министерскиот состанок. „Тогаш разговаравме за низа теми и нѐ покани да ги посетиме, по локалните избори. Јас со задоволство прифатив, за да ги заживееме односите со оваа земја, односно Скопје. Над еден милион Скопјани доаѓаат во поширокиот регион на Солун или за одмор или за забава или за било што друго и ова е нешто што е многу важно за Солун. Кога велиме дека сакаме да станеме метропола на Балканот, не може тоа да се постигне со зборови. Треба да развиваш добри односи и да си понапред“, објасни солунскиот градоначалник.

ПОТТИК Ете како се поттикнуваат добросoседските односи

Иако во Скопје без проблем го употреби уставното име, во изјавата за грчките медиуми, солунскиот градоначалник ги користеше термините „Скопје“ и „соседната земја“. Само неколку часа откако заврши со средбите кај нас, грчките медиуми експресно ја пренесоа изјавата на Јанис Бутарис во која нѐ нарекува Македонија. Коментарите беа дека тој повторно ја направил истата „грешка“, па наместо Скопје или ПЈРМ рекол Македонија. Со реакции излегоа и двајца пратеници од опозициската Нова демократија. Костас Јулекас и Ставрос Калафатис во одвоени изјави го обвинуваат Бутарис за „поддржувач на историски неточните позиции на Скопје“ и за давање изјави кои што се „национално опасни“.

Ете како се поттикнуваат насилства…

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet