Освен што либерализира економски и административни бариери и олеснува слободен проток на луѓе, „Отворен Балкан“ има и потенцијал да создава амбиент за помирување и за спроведување на евро-атлантските вредности
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/03/OPEN-BALKAN.jpg)
ЗОРАН БОЈАРОВСКИ
На 18 март во Охрид, и покрај сета воздржаност која го следи овој процес, се очкеува нов исчекор во потрагата по прифатливи решенија за односите Белград-Приштина. За страните кои се директно и посредно засегнати, како и за стратешките партнери на регионот, земјите членки на ЕУ и НАТО, прогресот во преговорите меѓу Србија и Косово, и изнаоѓањето на решение за отворените прашања, ќе означи нова страница не само во односите меѓу двете земји, туку и во севкупната регионална динамика која е под влијание на променетиот геополитички контекст и очекувањата за што поскора интеграција во Европската унија.
о пресрет на средбите во Охрид, на 18 март, во разговорот за Рацин.мк, министерот за надворешни работи Бујар Османи нагласува дека трајното и одржливо решение ќе обезбеди мир, стабилност и напредок на регионот во целина.
„Отворен Балкан“ освен што либерализира економски и административни бариери и олеснува слободен проток на луѓе, вели министерот за надворешни работи за Рацин.мк, има и потенцијал да создава амбиент за помирување и за спроведување на евро-атлантските вредности.
Во тој контекст треба да се гледа и на нагласеното инсистирање на Американците за „Отворен Балкан“ и лобирањето на американските допломати и специјални пратеници на Белата Куќа во регионот за да ја приближат идејата на оваа иницијатива и да ги убедат скептиците како што се Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина да ги видат придобивките од неа, меѓу кои сега во прва план се истакнуваат и политичките.
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/03/RAMA-I-SOLC.jpg)
„Две причини би издвоил зошто треба да се смета на ’Отворен Балкан’. Прво заради потребата од помирување во регионот кое нема алтернатива. Што е крајот на овие односи во Западен Балкан освен следење на француско-германското помирување. И тие поминаа меѓусебни воени конфликти. 200 илјади деца се убиени само заради Алзас Лорен. Денеска Французите и Германците се најголеми пријатели. Така ќе мораме и ние. „Отворен Балкан“ освен што е економска платформа за зголемување на потенцијалите на регионот за инвестиции, за слободна трговија, е и платформа за помирување“, нагласува министерот за надворешни работи Бујар Османи.
За Османи како подеднакво важна причина „Отворен Балкан“ сега да биде прифатен целосно е Србија да биде во друштво со земји членки на НАТО, со земји коишто споделуваат вредности на либералниот и демократски свет.
Во таа насока од огромнo значење ќе биде приближувањрто на разликите меѓу Косово и Србија, што може да влијае и на поголемата доверба во „Отворен Балкан“.
„Се разбира, не само кон „Отворен Балкан“, туку и воопшто за соработката во регионот целосно. Затворањето на косовско-српскиот спор и придвижувањето кон европскиот пат на сите 6 Земји од Западен Балкан сериозно ќе го стабилизира и ќе го зголеми интензитетот на соработка во регионот“, вели Османи.
„Отворен Балкан“ и Берлинскиот процес не се исклучуваат, туку се надополнуваат во помирувањето во регионот
Поддршката за Западен Балкан уште еднаш беше потврдена и од СР Германија. На средбата Рама-Шолц на 7 март во Берлин, германскиот канцелар изјави дека неговата Влада ги засили своите дипломатски напори кон Западен Балкан во последниве месеци, стравувајќи дека руско-украискиот судир ќе предизвика нестабилност во регионот.
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/03/OSMANI.jpg)
„За германската Влада, брзата интеграција на шесте земји од Западен Балкан во ЕУ има стратешко значење. Би сакале да им посакаме добредојде на овие земји како земји членки во ЕУ што е можно поскоро “, рече Шолц на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.
Оваа изјава на канцеларот на СР Германија, како и изјавите на американските дипломати, уште еднаш потврдуваат дека кога станува збор за интеграција на Западен Балкан во евро-атлантските интеграции, Берлинскиот процес и „Отворен Балкан“ не се исклучлуваат.
Во таа насока шефот на македонската дипломатија вели дека „Отворен Балкан“ е отворен концепт и додека нема конечна форма секој гледа различна перспектива и можности и дека на тоа треба да се гледа како приодбивка и предност.
„Економистите и бизнисмените гледаат бизнис можности, политиколозите гледаат друга перспектива, јас се обидувам да видам севкупна перспектива: Економската, помирувањето, задржувањето на сите земји во регионот во системот на евро-атлантски вредности, што значи демократија, човекови права. Бидејќи светот повеќе не се дели на географски блокови, туку на авторитарни и демократски системи, ние сакаме сите држави во регионот да бидат дел од демократскиот свет, а не да бидат под влијание на авторитарните режими“, истакнува министерот за надворешни работи Османи за Рацин.мк.
нската војна може да предизвика нестабилност во регионот.