Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ОХРИДСКО ЛЕТО 2019: ДРАМСКИ СО, НАЈВЕРОЈАТНО, НОВА ХИТ ПРЕТСТАВА

July 30, 2019 Filed Under: Ревија

Несоодветно за на работа ја следи вистината дека секој има „своја цена“ и покрај утехата дека некои работи навистина не се на продажба.  И во скудните услови на сцената на Домот на културата во Охрид претставата се одигра точно и докрај осмислено. Од друга страна, сосем сигурно е дека на сцената на Драмски театар – Скопје таа ќе добие уште повеќе во својата вредност

ЛИЛЈАНА МАЗОВА

НЕСООДВЕТНО ЗА НА РАБОТА Ова е претстава која е правена да биде „во костумот“ на британската драматурчка традиција

 

Драмски театар – Скопје, најверојатно, има нова хит претстава. Збор е за Несоодветно за на работа што како фестивалска премиера беше прикажана на 27 јули во рамките на 59. Охридско лето (Охрид, 2019 година) на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Претставата е работена по текстот на Луси Кирквуд, претставничка на современата британска драматургија, режисер е гостинот Доналд Ворен Мофет од САД. Драматург е Викторија Рангелова Петровска, сценографијата е на Константин Трпеноски, асистент на сценографијат е Зоран Петровски, костимите се на Александар Ношпал, кореографијата на Кренаре Невзати, а преводот од аглиски јазик е на Благоја Бошковски.

Шесте лика во претставата ги играат: Ејдан е Зоран Љутков, Миранда е Ирена Ристиќ, Шарлот е Сања Арсовска, ликот на Господин Бредшо го игра Игор Ангелов, Сем е Дамјан Цветановски, а Руперт го игра Стефан Вујисиќ.

Идејата е да се прикаже секојдневието во метастазираните општества во кои експлоатацијата почнува, завршува или се прекршува врз женското тело.  Претставата е и приказ за вистината колку малите луѓе, се разбира не по свој избор, можат да бидат ставени во позиција да немаат избор и како се живее во свет во кој, сепак, има нешто што не е на продажба.

МЕТАСТАЗИРАНО Идејата е да се прикаже секојдневието во метастазираните општества

Шестемина актери точно ја играат/создаваат сценската приказна. Играта им е отворена, заедничка. Создаваат ангажиран театар кој е приказ на пореметените вредности во таканаречените центри на моќ кои се бескрупулозни во/до целта за профит. Најважен е профитот како главно обележје на времето. Секој обид за бунт завршува со неуспех.

Тие вистини за урнатото човечко достоинство Зоран Љутков, Ирена Ристиќ, Сања Арсовска, Игор Ангелов, Дамјан Цветановски и Стефан Вујисиќ, ги отвораат докрај. Секој е точен во ионтерпретацијата на својот лик, кон партнерот и кон целото дејствие.

Изведбата тече осмислено низ секоја ситуација/состојба. Актерите го одржуваат  темпото синхронизирано. Никој не „скршнува“ од својот лик и ликот во заедничкпто дејствие.

СЕКОЈ ИМА СВОЈА ЦЕНА За жал оваа оценка, изречена на сцената е вистинита

Од друга страна, Несоодветно за на работа ја следи вистината дека секој има „своја цена“ и покрај утехата дека некои работи навистина не се на продажба.

И во скудните услови на сцената на Домот на културата во Охрид претставата се одигра точно и докрај осмислено. Од друга страна, сосем сигурно е дека на сцената на Драмски театар – Скопје таа ќе добие уште повеќе во својата вредност.

 

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet