Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПЕЈАЧКАТА КОЈА БАРАШЕ РЕСПЕКТ ЗА АФРОАМЕРИКАНЦИТЕ

August 20, 2018 Filed Under: Ревија

Нејзината песна „Почит“ стана симбол на отпорот кон расната дискриминација во земјата. Мартин Лутер Кинг ја прогласи за химна на движењето

РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС

ПРОМЕНИ Арета беше почетник во музиката на 13 години а имаше долга кариера

На овој свет остануваат се помалку луѓе кои нешто ми значат. Ова стоеше некаде на Фејсбук а по повод веста од минатата недела дека починала кралицата на соулот – американска пејачка Арета Френклин (76). Таа умре во нејзиниот дом во Детроит, откако ја изгубила долгогодишна борба со ракот на панкреасот. „Многу нешта се напишани, и многу од нив не се точни. Ја почувствував потребата да стапам во контакт со јавноста. Не знам од каде дојдоа вестите од тоа дека страдам од рак на панкреасот. Еден весник тврди дека тоа го рекоа некои од членовите на моето семејство. Никој од моето семејство никому не им го кажале ова “, рече Френклин. Сепак, таа вест била вистина.

Дека Френклин има здравствени проблеми се знаеше уште пред осум години.

На почетокот на годинава таа откажа два најавени концерти во април и март и фактилки не се појави во јавноста од приемот организиран од фондацијата СИДА на Елтон Џон во Њујорк минатиот ноември.

На последниот настап на Арета Френклин, пред точно една година, во Ман центарот во Филаделфија, во август 2017 година, таа, според американските медиуми, го победи заморот и слабоста предизвикана од дехидрација и стоички издржа на сцената до крајот на концертот.

ПРЕД ДА ПОЧНЕ ДА СЛАБЕЕ Последните фотографии ја прикажуваат како изразито слаба- одвај стоела на нозе

Во мај минатата година, таа само призна дека се бори со респираторни инфекции, а американските медиуми објавија дека изгубила многу килограми и дека нејзиниот рак на панкреасот се вратил. Семејството побара од обожавателите да се молат и да им дадат приватност.

Арета Френклин беше ќерка на баптистички свештеник. Родена е во Мемфис, Тенеси во 1942 година, а нејзиното семејство се преселило во Детроит. Таа почнала да пее во црквата каде што служел нејзиниот татко. Беше мајка на четири сина и професионална пејачка кариера ја започна на 18-годишна возраст. Како многу малечка била сведок на распадот на бракот на родителите. Живеела кај баба си, Таа немала можност многу да им се посвети на внуците.

На 13 години пела во црковен хор, на 14 години го добила синот Кларенс. Све години потоа го добила синот Едвард и никому не го кажала името на татковиците. Тоа тајната кој ја однела со себе во смртта.

ДВОЈКА Настапуваше со Витни Хјустон, но иако сакаше да настапи на нејзиниот погеб, Арета одустана – не можеше да стои подолго време

По договор со Columbia Records, славата и комерцијалниот успех ја доживеа по транзицијата кон „Атлантик” во 1967 година.

Во следните три години, таа објави неколку од најголемите хитови, меѓу кои и „Почит” и “Јас да кажам мала молитва” („Respect“ односно „I Say a Little Prayer“). „Респект“излезе во времето кога борбата за правата на Афроамериканците беше на врвот а дека таа песна станала еден вид химна на движењето призна и лидерот Мартин Лутер Кинг.

Освоји 18 Греми награди, влезе во Хол оф фејм – Салата на славних рокенрол ѕвезди во 1987. године, а во текот на животот продала 74 милиони плочи, што е прави една од најуспешните пејачки на сите времиња.

 

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet