Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПОТРЕБНО Е ВОВЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМ ВО КУЛТУРАТА

February 26, 2019 Filed Under: Ревија

„Култура е насловната страница на секое општество“ е насловена иницијативата на неколку невладини организации како Локомотива, Кино Култура, АКТО фестивал, Интерарт културен центар и други кои ја предочија потребата од посериозно системско планирање и развој на културата

MEСТО ЗА ДЕБАТИ Кино КУлтура станува се почесто место за дебати и презентации

ЉУПЧО ЈОЛЕВСКИ

Поттикнати од резултатите од Годишниот конкурс за проекти од национален интерес во културата за 2019 година и актуелните состојби во културата, неколку невладини организации како Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Театар на Навигатор Цветко, Кино Култура – проектен простор за современи изведувачки уметности и култура, Факултет за работи што не се учат, АКТО Фестивал за современи уметности, Интерарт културен центар – Танц Фест Скопје и Скопје танцов театар и ПМГ Рекордингс за почеток, со нова иницијативе насловена „Култура е насловната страница на секое општество“.

Тие во својот проглас до културната и воопшто до јавноста пишуваат дека како долгогодишни културни оператори со големо влијание во развојот на современата уметничка сцена, директно влијание на развојот на млади уметници и културни работници и создавање можности за нивна работа и промоција во Македонија и во странство, креатори на нови културни простори и публика со интерес за современа култура и уметност, покренуваат инцијатива за промена на ваквиот третман кон културата и уметноста и конечна разврска и решавање на проблемите со кои културните работници во државава катадневно и со години наназад се соочуваат.

Притоа бараат средба со премиерот на Република Македонија, министерот за култура на Република Македонија, советникот за култура на премиерот, национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, транспарентна ревизија на поддржаните проекти и повторно разгледување на одбиените проекти во сите дејности од Годишниот конкурс за програми од национален интерес, воспоставување на нови и јасно мерливи критериуми за оценување и одлучување, зголемување на буџетот за поддршка на културни и уметнички програми и финализација и ставање во функција на новиот Закон за јавен интерес во културата.

ОТВОРЕНО Повеќе невладини организации како иницијатори на промени

„Нашето долгогодишно искуство во сферата на културата и постигнатите успеси во земјата и надвор од неа јасно зборуваат за нашиот кредибилитет и капацитет за натамошно делување. Ние ќе предложиме мерки преку кои овие прашања можат да се решат, како и примери на кој начин овие прашања се решени и како се третираат во други земји со цел да создадеме ново, чисто и јасно поле за делување во културата. Нашата иницијатива е основана со цел за да се избориме за воведување на систем кој ќе помогне во понатамошното делување во културата и правилен развој и негување на културните вредности во едно општество за сите. Сакаме да помогнеме и да укажеме и во иднина да делуваме според утврдени правила кои ќе обезбедат овие услови да се спроведат“, истакнува Рисима Рисимкин од Интерарт културен центар.

Таа и со барање да бидат препознаени нивните заложби и средбата што ја бараат да се случи во најкраток можен рок.

ДИЈАЛОГ Разговорот резултираше со проглас до македонската јавност

Билјана Тануровска Ќулавковски, како менаџер и претставничка на неколку организации од културата, заговара не само транспарентната ревизија на поддржаните проекти и туку и повторното разгледување на одбиените проекти во сите дејности од Годишниот конкурс за програми од национален интерес.

Потписниците на идејата и со барање „конечно да се воведат критериуми за да се избегнат сите малверзации и неправилности во доделувањето на средства и начинот на делување на културните работници во иднина“. Тие сметаа дека „воведувањето на јасни и мерливи критериуми ќе помогне во воспоставување на толку пожелуваниот систем со кој ќе се распределуваат средствата во конкурсите за програми од национален интерес“. Систем кој ќе овозможи „секој поединец или група да даде максимален придонес во општеството преку своето делување во културата“ и воведување на критериумот „одговорност“ кој би овозможил санкционирање на неправилното работење и на ненаменското трошење на доделените средства.

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet