Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СОЗДАВАЊЕТО НА ГРЧКАТА НАЦИЈА – ДРЖАВА ГРАДЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ МИТ (5)

July 12, 2020 Filed Under: Фељтон

Со појаватана бугарскиот национализам, преку формирањето на Егзархијата (1870), а потоа и со создавањето на Кнежеството Бугарија (1878) и со презентирањетона бугарските аспирации спрема населението и територијата на османлиска Македонија, двете национални идеологии влегле во директна конфронтација,а со тоа дошло и до драстична промена на грчката политика кон македонското прашање

ПОЗНАТО Овој мотив е познат за посеиелите на Солун ама амбиентот е променет секако

ДИМИТАР ЉОРОВСКИ ВАМБАКОВСКИ

Во секој случај, потешката задача за грчкиот национализам била аргументираното докажување дека доминатен етникум во османлиска Македонија бил грчкиот, затоа што фактите на теренот покажувале дека словенското христијанско население биле најбројната популацијаво Македонија, кое од втората половина на XIX започнало постепено да формира сопствен македонски идентитет, различен од грчкиот, бугарскиот или српскиот.

Грчката национална политика македонското православно население до 1870 година го именувала најчесто како „Бугари“ или „Словени“, без некакво етничко значење на овие термини, т.е. како нивни христијански браќа кои, „се разбира“, врз основа на религиозната определба биле сметаникако „Грци“. Но, работите постепено започнале да се движат во негативен правец за грчкиот национализам. Во првиот момент грчката надворешна политика не гледала голема опасност во појавата на македонскиот интелектуален, преродбенички кадар, како и во појавата на црковно – училишните општини и нивното најпрвин сè понагласено истакнување на словенската посебност на најголем дел од населението на овие простори.

СОЛУН 1903 Ова е крајбрежниот појас на Солун во 1903 година

Но, со појаватана бугарскиот национализам, преку формирањето на Егзархијата (1870), а потоа и со создавањето на Кнежеството Бугарија (1878) и со презентирањетона бугарските аспирации спрема населението и територијата на османлиска Македонија, двете национални идеологии влегле во директна конфронтација,а со тоа дошло и до драстична промена на грчката политика кон македонското прашање. Религијата (до одреден степен) и јазикот како главни аргументиза грчкиот национален идентитет на словенското население во Македонија веќе не биле доволни како решавачки фактори и аргументи. Иако православието во лицето на Цариградската патријаршија и понатаму се користело водокажувањето на грчкиот карактер на Македонија, како и неговото ангажирање во судирот со бугарската Егзархија, „потеклото“ и „свеста“ станале пресуден фактор за „докажување“ на грчката припадност на македонското население, кои заедно со православието озвозможиле да се минимизира улогатана јазикот. Официјална Атина тврдела дека оние што останале под јурисдикција на Патријаршијата биле вистински „Грци“, ако не по јазик тогашспоред нивното „потекло“ и некакво си „национално чувство“.

Во таа насока, националистичка елита и националните институции во Атина создалепосебна историска конструкција, која требало да „докаже“ дека македонското население било грчко по потекло. Оваа „приказна“ најчесто била користена за пропаганда меѓу самото население во Македонија, а најдобро се забележува токму во периодот на грчката „Македонска борба“. Имено, тогаш се тврдело дека „Македонците биле Грци уште од времето на антиката“, но содоаѓањето на Словените на Балканот тие биле словенизрани и дека

СТОЧЕН ПАЗАР Фотографијата е од времето на Првата светка војна – 1913 година

Било „крајно време“ тие повторно да бидат грцизирани.

Па така доаѓа и промена на самото нивно именување, а во корист на погоре поставената конструкција, Македонците почнале да бидат нарекувани

„словенизирани Грци“ или, пак, „славофони Грци“.

Вака подготвената идеолошка основа на грчкиот национализам ќе одигра значајна улога во „докажувањето“ на грчкиот карактер на Македонија. Создадениот национален мит бил од голема помош и се користел паралелно со другите пропагандни дејности, особено во оружената, во текот на грчката „Македонска борба“. Крајната цел требало да биде во склад со  грчката надворешна политика –  мегали идеја – т.е. присоединување на што поголем дел на османлиска Македонија во рамките на Кралството Грција и приклучување на поголемиот дел од македонското православно население во грчката нација – држава, бидејќи за грчката држава биле од исклучителна важност солунското пристаниште, како стратегиски важна позиција кон внатрешноста на Европа и плодните полиња на континетнална Македонија.

 

 

Filed Under: Фељтон

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet