Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТЕАТАР ФАБРИКА: ЧОВЕКОТ И ОГНОТ“

May 8, 2018 Filed Under: Ревија

Претатавата е во режија на Дејан Пројковски и то доживеа огромни овации на фестивалот “ТАБРИЗИМ” во Иран

ОД ГОСТУВАЊЕТО Нашата театрска група го водушеви и публиката и конкурентите

На 5то издание на меѓународниот фестивал ТАБРИЗИМ кој што се одржува во градот Табриз, Иран театарот ФАБРИКА на крајот на април ја одигра премиерната изведба на ЧОВЕКОТ И ОГНОТ во режија на Дејан Пројковски.
На последниот ден од програмата во полниот амфитеатар се одигра претставата која е базирана врз античките митови кои во себе го содржат пркосот на човекот кон боговите.
Претставата помина одлично, со овации од публиката која повеќе пати ги враќаше актерите на сцената за да поздрави. На крај голем дел од публиката остана да ја поздрави екипата на Театар Фабрика, да им честита за одличната претстава и да се фотографира со актерите и режисерот. Освен публиката на фестивалот, одлични реакции пристигнаа и од театарската јавност, учесниците од другите земји како и од екипата на фестивалот.

Фестивалот се одржаа од 25 до 30 април на кој што учествуваа уметници од повеќе земји: Италија, Ирак, Азербејџан, Казахстан, Турција, Грузија, Австрија, Германија и Македонија.

АВАНГАРДА Претставата е создавана низ еден истражувачки процес каде што врз принципите на античката драма и трагедија е изграден сопствен сценски јазик

“ЧОВЕКОТ И ОГНОТ” е претстава која зборува за вечната борба меѓу доброто и злото, за конфликтот меѓу човекот и боговите и за страданијата што човекот треба да ги издржи по патот кој што води до вистината. Мотивот на претставата е базиран врз античките митови кои во себе го содржат пркосот на човекот кон боговите. Претставата е создавана низ еден истражувачки процес каде што врз принципите на античката драма и трагедија е изграден сопствен сценски јазик на постмодерна античка драма. Главен елемент на претставата е жестокота на актерската игра и тестирањето на границите на човечката издржливост на сцена.

ВЕЧНА БОРБА МЕЃУ ДОБРОТО И ЗЛОТО Мотивот на претставата е базиран врз античките митови кои во себе го содржат пркосот на човекот кон боговите

Креативниот тим во овој проект го сочинуваат : Валентин Светозарев-сценограф, Марија Папучевска-костимограф, Горан Трајкоски-композитор, Олга Панго-кореограф и Андреј Цветановски како асистент на режија. Во претставата играат : Томе Станковски, Марија Петреска, Андреј Лалчевски, Марија Кондовска и Марија Баркова.

ТЕАТАР ФАБРИКА е независен театар кој овозможува преиспитување и создавање на вистински театарски вредности, експериментален пристап и постојана надградба на професионалните капацитети на театарски уметници вклучени во креативните процеси. Театар Фабрика е создаден како место за лабораториски процеси и надминување на конвенционалните принципи на работа.

 

Filed Under: Ревија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet