Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФРЧКОВСКИ: МИЦКОВСКИ ТРПИ ПРИТИСОК, АМА ДА ОДИ НА ИЗБОРИ

October 16, 2018 Filed Under: Македонија

Според професорот на Правен власта изборите би ги добила глатко, а ВМРО-ДПМНЕ ќе падне и под сегашната граница

СИВА ЗОНА Државата ќе почне да скапува одвнатре. Ќе почне да функционира сивата зона – тоа е проценка на професорот

„Овој резултат носи товар кон власта, а и даде крилја на опозицијата. Референдумот е консултативен и сега треба да се гледаат политичките импликации. ВМРО-ДПМНЕ или ќе се согласи на уставни измени или Мицкоски ќе оди на избори за што чуствува притисок и од бојкотирачите“,  предвиде Фрчкоски. „Резултатот не не изненади сите и не може тоа да се оцени како 1,2 милиони гласови против Договорот со нерационалните ставови на опозицијата која сака некој друг да и го реши проблемот“. Професорот продолжува: „Доколку се оди на избори да не се дозволи лоша еволуција и со јасни рокови за да се заврши процесот беспрекорно. ВМРО-ДПМНЕ ако процени дека нема да помине добро на избори и да добие половина помалку пратеници ќе сакаат да направат „смут“ во парламентот и одложување што не треба да се дозволи“.

„Гласовите на Албанците кои не излегоа на референдумот сигурно не одат на контото на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“.

„Мислам дека изборите власта ќе ги добие глатко, а ВМРО-ДПМНЕ ќе паднат и под сегашната граница. Изборите се секогаш голема блокада на државата. Прашањето е многу јасно, прилично црно-бело, напред или во дупка и кога ќе изберете дупка делува шокантно“.

„Ние не сме носеле добри одлуки на референдум освен на првиот. Референдум за вакви прашање не се прават, граѓаните не сакаат вакви одговорности. Паднавме во стапицата на Груевски прашањето за договорот да се стави на референдум“.

Во однос на однесувањето на ВМРО проесорот вели: „Може да се случи да и понудат на опозицијата да гласа за уставните измени, а добијат подолги рокови за подготовка на изборите. Исто така има и опција ВМРО-ДПМНЕ да продолжи со бојкотот и да го повторат сценариото од 1994-та, тие водат инает, поделени се внатре и носат одлуки базирани на се или ништо … објаснувањето на договорот немаше да донесе ништо добро, бидејќи, тие различно го читаат и тука нема простор. Тој судир е ирационален, бидејќи, тие имаат поетски пристап, со договорот губиме се, ако не можеме да ги убедиме, тогаш мораме политички да ги поразиме. Ако победи нивната идеја, Брегзит за нас ќе биде шега, ќе останеме во дупка на Балканот“ – коментира Фрчкоски.

ИНАЕТ Во ДПМНЕ се поделени внатре и носат одлуки базирани на се или ништо

„Проблемот со списокот нема да биде голем кај изборите, таму апстиненцијата не влијае кај победникот. Ако може нека се прочисти. Странците ќе продолжат со голема поддршка за резултатот „ЗА“, апстиненцијата нема да ја коментираат“.

Гостувајќи во неодамнешното издание на емисијата Отворено, професорот Љубомир Фрчкоски се осврна и на референдумот со оценка на ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на тоа зошто Грција бара промена во уставот.

„Зошто се преименуваат одредбите од АСНОМ? Затоа што во прогласите на АСНОМ има еден проглас кој се однесува на обедувањето на трите дела на Македонија. Тој дел ги вознемирува Грците и тоа со право. И кај Бугарите во уставот да има таков дел и нас би не вознемирило.

„Сите овие амандмани и не важат, се повлекуваат ако договорот не помине во грчкиот парламент. И повторно ќе бидеме на старите позиции. Пасош, лична карта се менуваат со новиот наслов кога ќе заврши нивниот рок. Државните интитуции кои се финансираат од буџет, ќе го носат новото име во својот наслов, како ќе завршуваат пакетите од преговорите со Европската Унија. Тоа е до 2025 година“ – истакна Фрчкоски.

ПРАШАЊЕ Колку ќе помогне притисокот на сстринските партии вз ДПМНЕ?

Во однос на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Фрчкоски истакна дека тоа е партија која е милитантна кон своите членови, тешко ќе ги пуштат слободно да одлучуваат ако немаат жесток притисок на сестринските парии.

Фрчкоски потенцираше дека во случај договорт да не успее, тогаш Македонија повторно се враќа на старата позиција, ќе ни се закани изолација, зошто немаме пари од каде би повлекле да нормално живеење, а државата во осова нема пари и затоа има толкаво иселување. Државата ќе почне да скапува одвнатре. Ќе почне да функционира сивата зона – е проценка на професорот.

 

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet