Како патниците на Alaska Airlines имале луда среќа да преживеат со отворање на дупка во авионот?
Бизарната случка ги прекина новогодишните вести за лвање ширум светот. Стигна дојава дека се отворила голема дупка во кабината на авион Боинг, која сепак мина без жртви. „Околностите биле исклучително среќни за патниците“, смета Петар Војиновиќ, уредник на воздухопловниот портал Танго шест.
Во меѓувреме Федералната управа за авијација на САД нареди проверка на сите 171 737 MAX 9 авиони кои припаѓаат на американски компании или работат во САД. Додуша, тоа се инспекции кои траат неколку часа и авиокомпаниите најавуваат дека веќе ги враќаат авионите во воздух.
Причина за проверките бил новиот баксуз на оваа серија авиони на Боинг, најбизарниот досега, кога само од чиста среќа – нема жртви.
Во петокот, на 5 јануари, авион на Алјаска ерлајнс на лет од Портланд до Онтарио изгубил дел од кабината. На надморска височина од речиси пет километри, дел од кабината околу еден прозорец едноставно излетал, оставајќи дупка со големина на врата.
Седиштето непосредно до тој прозорец било празно, но момчето кое седело на средното седиште било повредено од наглиот пад на притисокот. Нема извештаи за некој друг сериозно повреден.
СО СРЕЌА „Околностите беа исклучително среќни за патниците“, изјавиЛ за неделникот Време Петар Војиновиќ, уредник на воздухопловниот портал Танго шест.
„Делот од структурата на трупот што паднал беше доволно голем, раздвојувањето очигледно се случило многу бавно и што е најважно, на помала надморска височина од висината на летање“, објаснува Војиновиќ.
Авионот со 171 патник и шест членови на екипажот се свртел и безбедно слетал на аеродромот во Портланд.
Притисокот во кабината е горе-долу подеднаков во текот на целиот лет, а промената на висината патниците ја чувствуваат само преку благ притисок во ушите. Но, во спротивно, кога ќе се отвори дупка во трупот, може да дојде до смртоносна, ненадејна промена на притисокот.
„Штетата ќе беше поголема доколку падот на конструкцијата се случел на, да речеме, стандардна височина за крстарење од десет километри“, продолжува Војиновиќ. „Разликата во притисокот би била подрастична и може да ги загрози животите на патниците. Тоа би било „експлозивна декомпресија“, потоа ги оштетува белите дробови и другите органи“, вели соговорникот, додавајќи дека се’ најмногу зависи од големината на отворот, вклучително и од тоа дали патниците веќе ги одврзале појасите.
НОВ ПЕХ ЗА БОИНГ Инцидентот бил нова неволја за Боинг и неговата серија 737 MAX. Во две несреќи во 2018 и 2019 година, во овие авиони загинале 346 лица. Лошата програма за контрола била одговорна за насочување на авионите надолу.
Боинг потоа го преработил авионот и полека ги вратил дозволите за летање. Но, разни недостатоци продолжиле да излегуваат на виделина, а билансот на Боинг беше намален како резултат на силни контроли.