Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АГЕЛЕР: ОВАА ЗЕМЈА ДОНEСЕ ТЕШКИ ОДЛУКИ ЗАРАДИ ЕВРОАТЛАНСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ

November 15, 2022 Filed Under: Македонија

Од младите ќе зависи како државата ќе изгледа во наредните години, рече американската амбасадорка во Охрид

АГЕЛЕР Гостинка за регионалната средба на тема, „Објективот на младите за мир и помирување“.

Aмериканската амбасадорка зборуваше на регионална младинска конференција во Охрид, на тема „Објективот на младите за мир и помирување“

„Приоритетите на САД на Западен Балкан се јасни и тие не се променети. Ние продолжуваме да ја гледаме иднината на регионот во мир, при што сите ваши земји работат заедно за регион кој е стабилен, просперитетен и целосно интегриран во евроатлантската рамка. Регион кој е витален дел од Европската Унија. Ова не само што ќе има корист за Балканот, туку ќе изгради Европа која е посилна и постабилна. Знам дека луѓето во оваа земја донесоа многу тешки одлуки и направија компромиси за тешки прашања за да влезат во НАТО“, изјави денес американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер на регионална младинска конференција во Охрид, каде педесетина млади лидери од Северна Македонија, Косово, Босна и Херцеговина и Србија, дебатираа на тема, „Објективот на младите за мир и помирување“.

„Да ми кажеше некој во 2013 година дека оваа земја ќе го смени името за да стане нашиот најнов сојузник во НАТО, немаше да верувам дека тоа е можно. Но, вие, тоа го направивте заради својата иднина и заради идните генерации. Денес се соочувате со следниот предизвик, а тоа е влезот во ЕУ. Оваа земја, нејзините граѓани, направија голем дел од тешката работа неопходна за започнување на тие пристапни преговори. Овој избор ќе ја зголеми регионалната стабилност и ќе го унапреди политичкото и економското поврзување со Европа и трансатлантското партнерство. Тоа ќе ги направи оваа земја и овој регион попросперитетни и финансиски постабилни. Ќе биде потребно време, но знам дека сите сте трпеливи кога придобивките се јасни“, рече Прајс Агелер.

Таа нагласи дека процесот на интеграција е комплициран и долг, „иако сегашните економски и социјални предизвици резултираа со зголемена миграција далеку од сите ваши земји“.

Таа рече дека од младите ќе зависи како регионот и Европа ќе изгледаат во наредните години.

„Младите лидери како вас ќе дизајнираат како вашите земји, како овој регион, како Европа ќе изгледа во наредните години. Затоа, критично е важно да продолжите со инспиративната работа што веќе ја работите и да продолжите да се борите за правдата и еднаквоста што носат посветла иднина. Историјата е важна, но научив од младите луѓе од оваа земја со кои разговарав во текот на минатата недела, дека тие се помалку загрижени за она што се случило во минатото, а повеќе се фокусирани на предизвиците со кои сите вие се соочуваат денес и можностите што можат да ги искористат за во иднина. Вашата генерација се соочува со големи предизвици на Западен Балкан денес, и јас сум многу уверена, со оглед на тоа што запознав некои од вас и толку многу како вас низ оваа земја и регионот, дека сите сте подготвени да одговорите на тие предизвици.Вие сте моторите на развојот на општеството“, рече американската амбасадорка.

 

Filed Under: Македонија

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?
(НE)ОЧЕКУВАНО СЦЕНАРИО
ПСИХОЛОГИЈАТА И ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА: КАКО ДА БИДЕТЕ ВИСОКО ЧУВСТВИТЕЛЕН РОДИТЕЛ

Најново

  • СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
  • ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
  • ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet