Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ ПОД ЛУПАТА НА АНТИКОРУПЦИСКА

June 30, 2020 Filed Under: Фељтон

Со образложението „виша сила“ се исплаќаат договорите на Агенцијата за филм со продуцнтите. Така Агенцијата за филм деновиве повторно е во јавниот фокус

ТОЗИЈА: Не гледам грешка

БОЈАН ШАШЕВСКИ

Антокорупциска комисија јавно се произнесе дека ќе го „чешла“  работењеТО Н Агенција за филм, додека Министерството за култура побарало извештај за финансиските трошења. Предвремените исплати на филмаџиите добија нов момент – со член „виша сила“ во договорите, Агенцијата  даде зелено светло за исплата без банкарска гаранција на филмските проекти. Годинешниот Конкурс, пак, сега од крај на јуни се одложи за крај на јули.

Агенцијата за филм стана предмет на истрага за Антикорупциска откако стигнаа претставки за предвремена исплата на филмски проекти. Ургентото исплаќање на 27 проекти на почетокот на корона-кризата, директорот на Агенцијата, Горјан Тозија, го окарактеризираше како помош за независните филмски работници и продуцентски куќи.

Оваа мерка Агенцијата ја најави на 24 март, за исплата во тек на два дена.

Прво, се споменуваше дека се работи за проекти „во поодмината фаза на реализација, оние што се завршени или пред завршување“. Потоа на 4 јуни, Тозија вели дека може да бидат во „различна фаза“ за да се доисплатат филмовите. Меѓувремено, Агенцијата наиде на критики во јавноста и дел од филмаџиите. Спорно е тоа, според Законот за филмска дејност, пред склучување на договорот, продуцентот треба да достави и банкарска гаранција во висина од 25% од износот од средствата од Агенцијата.

АНТИКОРУПЦИСКА Лупата оперена кон Тозија кон крајот на март

Сите овие работи неодамна го натераа директорот Тозија да свика прес-конференција. Тие 27-28 проекти се завршени со снимање, вели тој, или се во финална монтажа. Во член од договорите, постои „виша сила“, па не гледа потреба од банкарска гаранција.

„Доколку дојде до виша силa, не треба банкарска гаранции, подоцна ќе се најдат. Не треба такви некои документчиња малечки, со кои навистина административно е оптеретен еден филм. Се надевам со новиот закон, ќе ги решиме тие работи. Се повикав на тој член, консултирав правници, адвокат кој е на Агенцијата“, рече Тозија.

Директорот што е при крајот на мандатот, кажа дека банкарска гаранција се бара за да бидете обезбедени дека филмот ќе биде снимен и завршен. Но, вели дека ако филмот е 95-97% финализиран, не треба да се оптеретува продуцентот во кризна ситуација.

Додава, Агенција за филм е член на многу интернационални институции, соработуваат на европско ниво, а членки се на „Еуроимаж“. Потписници се и на Конвенцијата за европска кинематографија.

„Не’ обврзуваат да ги усогласиме работите. Тргнаа со вакви мерки, па многу природно ми беше, луѓето што ги завршиле филмовите, потпишаа изјава дека по завршувањето на корона ситуацијата ќе ги исполнат сите обврски. Се потпишаа изјавите, притоа парите беа дадени, не за продуцентите, туку за слободните филмски работници, кои во моментов се најзагрозени, зашто ништо не се снима. Тоа е многу хумано“, вели тој, додавајќи дека не гледа грешка, но ако нешто погрешил – со задоволство ќе одговара.

(продолжува во следниот број)

Filed Under: Фељтон

СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА
ЛIИЦЕТО И ОПАЧИНАТА НА ДИПЛОМАТИЈАТА
МИЦКОСКИ МОДЕРНИО
ЕДВАРД ЏОЗЕФ ЗА ЦИВИЛ: НАТО САМИТОТ ВО ХАГ БЕШЕ УСПЕШЕН
СПОРЕД КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ПРОТИВ ДИРЕКТОРКАТА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ МИЦКОВСКИ РАЗИЗНАВАЛ А НЕ СМЕЕЛ

Најново

  • СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА
  • ЛIИЦЕТО И ОПАЧИНАТА НА ДИПЛОМАТИЈАТА
  • МИЦКОСКИ МОДЕРНИО

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet