Во Кривичниот суд Скопје, главната расправа за предметот „ТНТ” кој го води судијата Огнен Ставрев а застапник на обвинението е јавниот обвинител Бурим Рустеми, започна и заврши со драма во судницата. Одбраната ги користи средства за да не дојде до завршување на судењето по предметот и прогласување на негова застареност
Како што информираат од Зелена лупа во судницата на третиот спрат, главната расправа по предметот „ТНТ“ започнала без присуство на тројца бранители на обвинетите, кои и покрај уредната покана не се појавиле во судот.
Обвинетиот Тони Трајковски утрово го откажал полномошното на адвокатот Боро Тасевски, кој досега го застапуваше и усно наведе кој ќе биде негов нов бранител, бидејќи, се,уште немале потпишано полномошно. Но новиот адвокат не беше присутен во судницата бидејќи имал рочиште во Кичево. Останатите адвокати Дончо Наков и Мерџан Даути имале рочишта во Куманово.
Судот им изрече парична казна на тројцата бранители од по 2.000 евра за непочитување кон судот и одолговлекување на постапката.
Судијата Ставрев донесе одлука со која на обвинетите ќе им се одредат бранители по службена должност кои ќе ги застапуваат на тековнта главна расправа.
Одбраната правеше напори за одложување на денешното рочиште бидејќи, тие својата одбрана сакале да ја дадат токму со своите бранители.
По напорите на одбраната кои во еден момент и го „етикетираа” судот нарекувајќи го „тенденциозен”, бидејќи, според нив сакале да донесат брза пресуда, Судијата Ставрев им се обратил „Денешниот ден нема да биде изгубен за работа“. Судијата Ставрев истакнал дека до сега повеќе од 50 пати се заменувале адвокатите меѓу себе и никогаш не им ускратил право на одбрана и еднаквост во постапката, напротив само во последниот месец потенцираше колку често се одложувања рочиштата поради „боледувања” и откажувања на полномошно кон бранител.
Судијата Ставрев го искажа ставот на Судечкиот совет, за сомнеж дека повторно од страна на одбраната се прави намерно одложување на рочиштето и намерно одолговлекување на целата постапка обраќајќи им се со зборовите: „Ова не е фер, ова е злонамерно од ваша страна“/ Потоа Судот одреди пауза за да обезбеди бранители по службена должност за обвинетите.
По долгата пауза повеќе од час и половина, во судницата се појавија новите бранители кои решенијата за застапување на обвинетите ги потпишаа во судницата.
Кога конечно се очекуваше прв да ја дава својата одбрана обвинетиот Миле Јанакиески, новите бранители со исти став дека на ова рочиште не можат да ги застапуваат обвинетите, се додека не направат увид во предметот.
„Судот го прифати предлогот на бранителите и го закажа рочиштето за следниот ден – 20 декември со укажување дека на утрешниот ден ќе се работи. Од нашиот мониторинг можеме да информираме дека овој Судечки совет во текот на целата постапка беше коректен кон сите странки во постапката, и се одложуваа повеќе рочишта по барање на одбраната кои токму овој Судечки совет ги прифаќаше.
Со повремени опомени протекуваат рочиштата, и како што изјави судијата Ставрев казнува кога веќе гледа директна видлива опструкција“ – заклучуваат од „Зелена лупа“.
Впрочем како и многу пати до сега сме укажувале токму на тој дел дека казните мора и треба да се одредуват таму каде што опомените не се почитувале.
Инаку, Судот е тој кој носи одлуки и истите имаат право да опоменуваат и да изрекуваат казни во согласност со ЗКП, и сите странки во постапката се должни да го почитуваат редот, мирот и работата во судницата.
Од секојдневен мониторинг на Зелена лупа информираат дека во сите отворени предмети од СЈО се врши притисок од одбраната за одолговлекување или враќање на предметите од самиот почеток, како што се случи на неколку предмети, но судиите се ие кои ги носат крајните одлуки.
Во овој предмет обвинети се: бегалецот Никола Груевски, Миле Јанакиески, Тони Трајковски, Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриева. Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка одмазда, со рушење на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.
И следниот ден кога во Кривичниот суд само што започна рочиштето за предметот „ТНТ”, одбраната започна со познатата тактика за одложување, одолговлекување а можно и враќање на самиот предмет од почеток.
Повторно во судницата не се појавија адвокатите Мерџан Даути и Дончо Наков, уредно викани, како и еден од бранителите поставени по службена должност, адвокат Дејан Славковски.
Во судницата денес беше присутен новиот бранител на обвинетиот Тони Трајковски, адвокат Јовица Страшевски за кој денес пред самиот почеток на рочиштето доставиле поднесок до судот со кое се дава полномошно за застапување во овој предмет.
Двајца адвокати побараа увид во предметот, иако едниот од нив по вчерашното рочиште извршил увид во истиот, сепак напомена дека се работи за специфичен, обемен и многу сериозен предмет па повторно побара увид во предметот.
Обвинетиот Тони Трајковски се обрати кон судот и изјави дека со откажувањето на неговиот адвокат не вршел намерно одолговлекување на постапката, на што доби одговор од Судијата Ставрев : „Не виверувам се што зборувате”. Судијата Ставрев повторно дозволи увид во списите на предметот и на истите им одреди 2 часа за увид а потоа повторно во судницата на третиот кат, во која е се понеизвесно дали одбраната ќе успее да го врати предметот од самиот почеток.
Рочиштето продолжи во 12 часот.
Обвинетиот Миле Јанакиески во продолжение на расправата неколку часа ја дава својата одбрана во директното испитување од неговите бранители.
На прашање од адвокатот Димитар Дангов, дали според него рушењето на „Космос” било законски или незаконски, обвинетиот Јанакиески одговори: „Ако треба како од пушка да кажам, ќе кажам незаконски беше рушењето”. Адвокатот зачудено по втор пат го постави истото прашање, обвинетиот го повтори одговорот а потоа го надополнуваше со одлуките и решенијата од страна на Судовите.
Судењето продолжува на 24 декември.