Покрај тоа што беше познат новинар, словенечката претседателка беше катапултирана во центарот на вниманието на јавноста и со тоа што нејзин клиент во нејзината правна кариера беше сопруга на Доналд Трамп. Наташа Пирц Мусар како приоритети ги најави реформите во здравството и социјалната политика
ИВАНА ЈАНКОВИЧ
Наташа Пирц Мусар ќе биде на чело на Словенија во следните пет години, колку што трае претседателскиот мандат. Таа го победи својот ривал Анжеј Логар, поранешен министер за надворешни работи, во вториот круг, и покрај неговата предност во првиот круг и партијата зад него (конзервативната Словенечка демократска партија на Јанез Јанша). Пирц Мусар доби 54,86 отсто од гласовите наспроти 46,14 отсто од гласачите кои го поддржаа Логар. Зад неа, како независен кандидат, беа и двајцата поранешни претседатели, Милан Кучан и Данило Тирк.
Првата жена шеф на Словенија е родена во 1968 година во Љубљана, во работничко семејство, дипломирала на Правниот факултет во Љубљана во 1992 година, а во 2015 година докторирала на Правниот факултет во Виена.
Посетувала студии за медиуми на Си-Ен-Ен и Универзитетот во Салфорд во Велика Британија, како што била практикант во Би-Би-Си, Скај Њуз и Ројтерс. Шест години работела на националната телевизија, каде била водителка на Дневник, а потоа и на комерцијалната ПОП ТВ, каде пет години водела и вести. Потоа работела во Групацијата Актива, најголемата приватна финансиска компанија во Словенија, каде што била раководител на корпоративни комуникации, а оттаму заминала во Врховниот суд на Словенија, како директор на Центарот за едукација и информирање.
Во 2004 година, Собранието на предлог на тогашниот претседател Јанез Дрновшек ја избра за комесар за пристап до информации од јавно значење. Пет години подоцна, на предлог на тогашниот претседател Данило Тирк, таа доби уште еден мандат.
Била и потпретседател, а потоа и претседател на Заедничкото надзорно тело на Европол. Половина година била претседател на Црвениот крст.
Адвокатската канцеларија ја отворила во 2015 година, а член е на Извршниот одбор на Адвокатската комора на Словенија. Една година подоцна, нејзин клиент стана Меланија Трамп, сопругата на Доналд Трамп, во тоа време кандидат за претседател на САД. Спорот го покренале медиумите, словенечки и британски, кои објавиле дека Меланија работела како деловна придружба.
„Ќе дадам се од себе за вистински да бидам претседател на сите, да се борам за основните човекови, уставни и демократски права“, рече таа на денот на победата. Таа им вети на гласачите поголема социјална и здравствена сигурност и секоја друга безбедност, вклучително и онаа неопходна поради украинскиот конфликт. Нејзините теми ги вклучуваат правата на ЛГБТ популацијата, климатските промени и зелените технологии.
„Сакам Словенија да стане земја во која ќе се згрижуваат старите лица и каде што младите сакаат да останат“, рече таа и најави пред се реформи во здравството и социјалната политика. Покрај тоа што ќе стане командант на вооружените сили на земјата, во нејзините овластувања спаѓа и номинацијата на гувернерот, што мора да биде потврдено од парламентот.
Нејзиниот приватен живот би можел да се сумира во една реченица, има син Макс, студент на машинство, сака да вози мотор, сака боче, собира фигурини од був, а да не беше некзиниот сопруг Алеш Мусар. кој ја прави приказната малку поинтересна. Мусар се збогатил за време на приватизациите во деведесетите, а денес има неколку фирми, меѓу кои и адвокатска канцеларија. Како косопственик и кандидат за претседател, Пирц Мусар мораше да се брани за време на кампањата од обвинувањата дека парите се кријат во земји кои важат за даночни раеви и дека се избегнуваат даноците. Колку вешто го направила тоа, а многумина ќе речат дека не била, покажале на избирачките места каде што добила мнозинство гласови.
„Таа доби честитки од сите страни, а меѓу првите и од Тања Фајон, министерката за надворешни работи, која во текот на првиот круг изгласа доверба во парламентот, иако беше обвинета за злоупотреба на положбата и користење на дипломатски конзуларна мрежа за поддршка на Наташа Пирз Мусар .
„Мојата прва задача ќе биде да отворам дијалог меѓу сите Словенци“, вети претседателката“.