Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АДМИНИСТРАЦИЈА: КАДЕ РАБОТАТ „ДОКТОРИТЕ НА НАУКИ“ …

May 11, 2021 Filed Under: Македонија

… а каде „основците“? Албанците се пповисок образовен просек во јавната администрација а доста високо се котираат и Бошњаците

СЕКРЕТАРИЈАТ НА ВЛАДА Тука 80 отсто од вработените се со универзитетски дипломи

АНЕТА ДОДЕВСКА

Од етничките Македонци вработени во јавниот сектор 46,1% се со високо образование, кај Албаниците овој процент е поголем и изнесува 54,7%   додека со високо образование се 40,7% од  Бошњаците. Во Судски совет, Уставен суд, Совет на Јавни обвинители и Јавно обвинителство, докторите на науки се застапени со 0 проценти, пишува „Порталб“

Најголем дел од вработените во јавниот сектор со високо образование

Речиси половина од вработените во јавниот сектор се со високо образвание, а веднаш зад нив се оние со средно. Конкретно од вкупниот број на вработени 52.891 се со факултет, а 38.493 се со средно образование. Во јавниот сектор само 2,4% се доктори на науки, додека 8,3% се со основно образование.

Најнизок степен на образование за кој е предвидено работно место во јавниот сектор е основното образование – за определени работни места во јавните претпријатија, додека за најголемиот број на работни места е предвидено средно или високо образование – се наведува во Извештајот на МИОА.

ПРАВОСУДСТВО Во овој сегмент нема ниту еден доктор на науки

Образовна структура во Јавен сектор

 

Доктори на науки                                 2,38%

Магистри                                               3,84%

Високо образование                           47,40%

Вишо образование                                3,15%

Пост-средно образование                     0,48%

Средно образование                           34,50%

Основно образование                            8,26%

 

Ако се навлезе подлабоко во анализата за степенот на образование на вработените во институциите, забележително е дека Секретаријатот на Владата е институција со најголем број на високообразован кадар – 80% од вработените, зад него е Владата каде 67,5% од вработените се со високо образование, а повеќе од 60% од вработените се со високо образование во Министерствата, Народен правобранител, органите во состав на министерствата, Претседателот на државата и Судскиот совет.

Од друга страна вработени со средно образование доминираат во Јавните претпријатија 57,1%, Јавно обвинителство 51,3%, Служба во Владата 70,8%, судовите 57,9%.

СТАРО НАГОРИЧАНЕ Ова е општина со висок број вработени со српска националност

Докторите на науки се концентрирани во неколку институции како што се: Јавни установи, Народна банка, Претседател на држава.

Доктори на науки

Јавна установа                    3,8%

Претседател на РСМ           3,5%

Народна банка                      2,8%

Секретаријат на Влада         2,7%

Во Судски совет, Уставен суд, Совет на Јавни обвинители и Јавно обвинителство, докторите на науки се застапени со 0 проценти.  Од друга страна, „основците“ ги нема во Влада, кај Претседателот на држава и во Уставен суд, но затоа доминираат во Јавните претпријатија со 25,1%.

Имајќи ја во предвид самата структура на јавниот сектор и институциите кои се опфатени со истиот, како и видот на работните места кои се нудат, може да се изведе заклучок дека во јавниот сектор постои огромна разлика во однос на степенот на образование кој е потребен за да може да се пополни работно место во овие институции – се наведува во Извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2020 година.

Образовната структура на вработените во јавниот сектор кои припаѓаат на различните заедници е различна – со високо образование се 46,1% од Македонците, 54,7% од  етничките Албанци, 40,7% од Бошњаците, 52% од Власите. Скоро 60% од етничките Роми вработени во јавниот сектор се со основно образование, 28,1% се со средно образование, а 10,8% од вработените Роми се со високо образование. Од друга страна, доктори на науки има најмногу од Влашката етничка заедница, скоро 4%, следуваат Македонците со 2,74%, а по нив се докторите на науки од Српската етничка заедница со застапеност од 2,24%.

Различна е застапеноста на вработените од различни етнички заедници и на локално ниво. Етничките Македонци со повеќе од 90% се застапени во општините Аеродром, Битола, Берово, Гази Баба, Виница, Гевгелија, Градско, Дојран, Кратово и други. Етничките Албанци со 100% застапеност се во Арачиново, Боговиње, Липково, додека со над 80% се застапени во Теарце, Сарај, Желино, Дебар, Врапчиште. Етничките Роми се најзастапени во општините Берово и Битола со скоро 2%, во Кочани, Бутел и во Дебар со  речиси 3%, во Штип со 3,4%, а најмногу во општина Шуто Оризари со 35,3%. Етнички Турци со 16 % се најзастапени во општина Долнени, 11,1% во Конче, Маврово и Ростуше, а со скоро 90% во Центар Жупа и со 23% во општина Студеничани. Етничките Срби со 21,2% се најзастапени во општина Старо Нагоричане.

 

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet