Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АЗЕРБЕЈЏАНСКИОТ ГАС ДАВА ЕЛАН ЗА БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ ЗА ЗАМЕНА НА РУСКИОТ ГАС

January 24, 2023 Filed Under: Македонија

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Европа прави големи чекори за замена на рускиот гас од кого зависеше во снабдувањето. Тој и служеше на Москва како еден вид на уцена за намалувањето на помошта што ја добиваше Украина од Унијата. Интерконекторот кој дојде од Грција во Бугарија ги менува работите. За сите балкански земји

МЕСТО НА СПАСОТ Ова е тоа место каде гасот во течна состојба ќе се претвора во гасна состојба

Завршувањето на изградбата на овој гасен интерконектор овозможи снабдување со гас од Азербејџан за Југоисточна Европа.

Азербејџанскиот гас и пред војната во Украина беше клучен на европскиот пазар, а со комплетирањето на оваа мрежа сега ќе и биде достапен на Бугарија, една од земјите што најмногу зависеше од рускиот гас.

Како што е најавено, во текот на оваа година извозот на гас од Азербејџан ќе се зголеми на 22 милијарди кубни метри, а половина од тоа количество ќе оди на европскиот пазар. Ова беше договорено и со меморандум за разбирање со Европската комисија во јули оваа година, а планот е Азербејџан да го удвои извозот на природен гас во Европа до 2027 година.

Овој интерконектор за Македонија има и дополнително значење, бидејќи ќе ни овозможи пристап и до складиштето за природен гас во Чилен во Бугарија, преку кој може да набавуваме ЛНГ (Liquified Natural Gas) од терминалот во грчкиот град Александрополис. А во текот на летото кога е поевтин и да го складираме во Бугарија, со можност да го користиме на зима, кога е најпотребен. Диверсификацијата на изворите со природен гас, треба да обезбеди сигурност во снабдувањето со природен гас за земјава на среден и долг рок, како и одлична можност за зголемување на перформансите на домашната економија, која може да биде конкурентна со земјите од регионот

Претседателот на државата, Стево Пендаровски на крајот на минатата година во Софија истакна дека пуштањето на гасниот интерконектор Грција – Бугарија (ИГБ) доаѓа во клучен момент, кога и регионот и Европа се соочуваат со изгледи за тешка зима, зголемена инфлација и преголема невработеност.

Во обраќањето на церемонијата по повод стартот на комерцијалната работа на интерконекторот ИГБ, рече дека тој отвора нова и сигурна порта за диверзифициран природен гас.

„Во времето кога светот постепено се опоравуваше од разорните ефекти на пандемијата, неодговорната руска агресија во Украина предизвика енергетска криза со огромно социо-економско влијание“ истакна тогаш Пендаровски. Му честиташе и на Азербејџан за конструктивната улога во текот на целиот потфат.

АЗЕРБЕЈЏАНСКИ ГАС Производството на овој гас ќе се зголеми годинава за два пати

„Јасно е, колку сме повеќе меѓусебно поврзани, толку поотпорни ќе бидеме на енергетските предизвици од секаков вид. За да обезбеди одржлив развој и да ги задоволи потребите на бизнисите и домаќинствата, Северна Македонија мора да стане дел од оваа мрежа за природен гас. Оттука, подготвени сме да ги направиме сите неопходни чекори во таа насока“ потенцираше тогаш Пендаровски.

Оваа мрежа ќе биде поврзана и со Србија, која со помош на Европската унија и Европската централна банка (ЕИБ) од јануари годинава го гради гасниот интерконектор Ниш-Димитровград. Ова ќе претставува почеток на крајот на речиси целосната зависност на Србија од рускиот гас

Според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. денес започнува „нова ера“ за Бугарија и регионот на Југоисточна Европа.

„Бугарија добиваше 80 отсто од својот гас од Русија, пред Русија да одлучи да ја започне оваа војна против Украина и енергетска војна против Европа. Овој гасовод ги менува правилата на игра за Бугарија и за енергетската безбедност во Европа“, рече Фон дер Лејен неодамна

КОЧНИЧАР Дел од српскиот печат го обвинува овој функционер дека работи за одложување на плановите за алтернативни гасоводи

Иако диверзификацијата на енергетските извори беше нешто на што со години инсистираше Европската унија, а на крајот е од корист за Србија, изградбата на гасниот интерконектор Ниш-Димитровград се одложуваше долго време. Повеќе од четири години имаше најави дека ќе почнат работите. Јавна тајна е дека рускиот фактор во компанијата Србијагас на чело со високиот функционер на СПС Душан Бајатовиќ влијаел на доцнењето на изградбата на оваа мрежа, за да ги заштити интересите на Русија и руски Газпром.

Србија во моментов е целосно зависна од рускиот гас. Според податоците на Агенцијата за енергетика, само 13 отсто од потребите за гас се задоволуваат од домашно производство, а се останато се увезува исклучиво од Русија. Повеќето гасни аранжмани со руската државна компанија Газпром не и се познати на јавноста.

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Filed Under: Македонија

ДВА ИЛИ ЕДЕН ЕКСПРЕСЕН КОЛОСЕК ЗА СОЛУН
ВАДЕЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ НЕКОМУ НОСИ ДОБИВКА А НЕКОМУ И РИЗИК
НЕВИДЛИОТ И НЕЗАПИРЛИВ УБИЕЦ: ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА ОДЗЕМНА СЕ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ НИЗ ЕВРОПА
СРЕДЕ ЛЕТО НА ЛОВ НА ДИВИ СВИЊИ
УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ МЕЃУ ПОСТОЈНОТО И МОЖНОТО

Најново

  • ДВА ИЛИ ЕДЕН ЕКСПРЕСЕН КОЛОСЕК ЗА СОЛУН
  • ВАДЕЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ НЕКОМУ НОСИ ДОБИВКА А НЕКОМУ И РИЗИК
  • НЕВИДЛИОТ И НЕЗАПИРЛИВ УБИЕЦ: ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА ОДЗЕМНА СЕ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ НИЗ ЕВРОПА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet