Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АКМИСОТ ГО ЗАВРШИ „РЕМОНТОТ“?!

May 28, 2019 Filed Under: Македонија

Министерката за правда Тренеска Дескоска вели дека годинава комисиите направија контрола на шест судови, а резултатите беа спротивни на тоа претходно, тоа значи дека се почитуваат правилата на АКМИС

РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС

НА РАКА Претседатели на суд авале предмети на рака на однапред определени судии а овие ги земале

Контролата што е направена во шест судови во земјата покажала дека нема злоупотреба на електронскиот систем за доделување на предмети, изјави денеска министерката за правда Рената Тренеска Дескоска.

– Ланскиот извештај покажа дека во изминатиот педиод имало бројни нерегуларности и злоупотреба на системот. Годинава комисиите направија контрола на шест судови, а резултатите беа спротивни на тоа претходно, тоа значи дека се почитуваат правилата на АКМИС при распределбата на случаите, што покажува дека тоа што го ставивме во законската рамка како основ за разрешување судии и претседатели на судови доколку нешто се случи надвор од АКМИС дава ефекти, рече Дескоска.

Таа рече дека претходно имало случаи претседател на судот наместо преку АКМИС по случаен избор да избира кој судија ќе ги суди предметите, на одредени судии им давал на рака предмети, а тие ги земале.

– Сега ниту судијата може да земе, ниту претседателот да даде на рака предмет надвор од автоматизираниот систем, рече министерката Дескоска одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на конференцијата на тема „Поглавје 23: македонското сидро или едро?“.

ПРОВЕРКА Во шест судови е направена проверка на начиноѕ на распределба на судовите и тоа функционира

Во врска со негативностите на кои укажал ланскиот извештај за АКМИС, Дескоска рече дека се преземени активности, сослушани се сведоци, како и дека е извршен увид од страна на јавното обвинителство.

– Истражните постапки не траат кратко, треба да се соберат сериозни докази. Мислам дека има сериозен напредок кој ќе резултира со отворање на случај во најскоро време, додаде министерката.

Во врска со прашањето за донесување на законот за јавно обвинителство таа рече дека очекува тоа да биде затворено, дека нема некои поместувања во изминатиот период. Сепак, додаде таа, има секојдневни контакти и се прават обиди за обезбедување на двотретинско мнозинство.

РАЧНО Зошто АКМИА ако може рачно … судски коруптивен момент

Што е тоа АКМИС?

Тоа е информациски систем за автоматско управување со судски предмети (Automated Court Case Management Information System – ACCMIS, АКМИС). Истиот информацискиот систем се користи во судската власт на Република Македонија. Во употреба е од 2009-та година. Изработувач на системот е компанијата „Едусофт“ од Скопје.. Системот овозможува:

Заведување на судските предмети;

Автоматска распределба на предметите по судии;

Движење на предметите;

Управување со документи (пресуди, записници, наредби, писма, покани, доставници);

Заведување на жалби и вонредни правни лекови;

Создавање складиште на статистички податоци за евалуација на судиите;

Заведување на надворешни фајлови;

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet