Во своето соопштение од главната опозициона партија се посочува дека министерот Тошковски тврди дека имале предупредување за можни инциденти и се поставува прашањето зошто немало превенциај! СДСМ бара итна лидерска средба на парламентарните партии
Се случија сериозни инциденти кои кулминираа со палање на македонското државно знаме и пукање од огнено оружје со што се наруши безбедноста и се погази државното достоинство.
Полицијата не делуваше превентивно, не делуваше ниту навремено и дозволи состојбата да ескалира на ова ниво, да се подгреат поделби меѓу граѓаните и тензии во општеството.
Вчера министерот Тошковски лично кажа дека МВР добило безбедносно предупредување дека се можни инциденти.
Ако МВР било предупредена како што вели Тошковски зошто полицијата не презела ништо? Зошто не делувала превентивно за ескалација да не се дозволи? Зошто тогаш дозволи да се сличи хаос?
Пукачите со огнено оружје среде Скопје се уште не се приведени.
Самата изјава на Тошковски ја лоцира одговорноста кај него и кај МВР.
Секојдневно се пука по улиците во Скопје и ова што се случи е последен од низата настани кои потврдуваат дека Тошковски нема никаква контрола над безбедносната ситуација.
Потребна е лидерска средба, власта да покаже зрелост Македонското општество се наоѓа пред важен тест на зрелост и одговорност. Настаните од изминатите денови кога се случија сериозни инциденти, со палење на државното знаме, пукање со оружје и поткопување на меѓуетничките односи сериозно ги вознемирија граѓаните, удрија по темелите на соживотот, безбедноста и сигурноста. Времето бара одговорност, а ние сме подготвени да ја покажеме. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повикува на итно одржување на лидерска средба со сите парламетарни партии.
Македонското општество се наоѓа пред важен тест на зрелост и одговорност.
Настаните од изминатите денови кога се случија сериозни инциденти, со палење на државното знаме, пукање со оружје и поткопување на меѓуетничките односи сериозно ги вознемирија граѓаните, удрија по темелите на соживотот, безбедноста и сигурноста.
Времето бара одговорност, а ние сме подготвени да ја покажеме.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повикува на итно одржување на лидерска средба со сите парламентарни партии.
Потребно е заедничко делување на сите релевантни политички чинители, политичарите да покажат зрелост во овие моменти и заеднички да помогнат за стабилноста на државата.
Граѓаните треба да ја видат сликата на заедништво – сликата на лидери кои се подготвени да седнат на иста маса, да разговараат и заеднички да се справат со сите предизвици.
Само на овој начин може да се испрати јасна порака: Македонија е и ќе остане држава на мирот, соживотот и почитувањето на различностите.
СДСМ ги повикува сите граѓани на смиреност и воздржаност. Да ги зачуваме меѓусебните односи и да продолжиме да градиме општество на доверба и разбирање. Од сите нас зависи стабилноста и иднината на нашата заедничка татковина, стои во соопштението.
За ова поопширно говреше на ТВ Сител новиот генерален секретар на партијата – Александар Димитријевиќ. Тој истакна дека граѓаните сакаат да ги видат политичарите заедно на маса, сите лидери на парламентарните партии, и заеднички да испратиме една порака каде што ќе наведеме дека Македонија останува стабилна држава и дека сме посветени на мирот и на соживот, порача генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Димитријевиќ нагласи дека во моментов е потребна лидерска средба од која ќе излезат јасни пораки за безбедноста на државата.
„Видовме што се случуваше низ улиците и низ целата држава. Лидерската средба пред сè треба да прати неколку пораки, тоа се пораки на мир и на стабилност, да испратиме порака дека државата е стабилна. Граѓаните сакаат да ги видат политичарите заедно на маса, сите лидери на парламентарните партии, сите заедно да испратиме една порака каде што ќе наведеме дека Македонија останува стабилна држава и дека сме посветени на мирот и на соживот. Ја видов реакцијата на премиерот Мицкоски дека размислува, се надевам дека ќе размисли убаво и дека ќе има лидерска средба, бидејќи на државата во моментов и треба една лидерска средба со јасни пораки кон граѓаните да бидат смирени во делот на настаните коишто се случуваа“, рече Димитријевиќ.
Во однос на ставовите на премиерот Мицкоски за дестабилизација на државата, Димитријевиќ посочи дека не треба да се влегува во приказната за дестабилизација, но дека СДСМ изминатиот период континуирано алармираше на нестабилност и насилство на улиците.
„Сите теми поврзани со дестабилизација и се тоа што премиерот го говореше поврзано со тоа во изминатите месеци и сето тоа што ние како СДСМ го говоревме дека има нестабилност на улиците и дека на улиците низ главниот град секој ден има насилство, кулминираше пред некој ден. Токму од тие причини за да не го спомнуваме зборот дестабилизација и за да не влеземе во една таква приказна, повикуваме на лидерска средба на којашто јасно пред граѓаните сите лидери на политичките партии ќе излезат со ставот дека продолжуваме понатаму да го градиме соживотот и дека Македонија е една стабилна држава“, порача генералниот секретар на СДСМ, Александар Димтиријевиќ.