Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АКО МОЖЕ НЕЛЕГАЛЕН ХОТЕЛ ВО ГОРИЦА, ЗОШТО ДА НЕМА НЕЛЕГАЛНИ ВИКЕНДИЧКИ ВО ГРАДИШТЕ?

January 13, 2026 Filed Under: Македонија

Власта има путер на главата по прашањето на нелегалните градби на охридското крајбрежје. Најпрвин со нелегален објект на најскапата плажа во Свети Стефан. Потоа дојде хотелот на Мијалков во центарот на елитната Горица а сега цехот треба да го платат камперите во Градиште! Кои без сомнение без дозвола приколките ги „надградиле“ во мини- вилички?!

ОВА БЕА ПРИКОЛКИ Како изгледа „фронтовската линија“ во Градиште

Не спаѓам во оние кои сакат да летуваат во кампови. Мразам шатори и други на ним слични престојувалишта уште од постземјотресниот период кога во ситуацијата да немаш покрив над главата такви творби вршеа работа. Не сум правел ниту во некогаш – во едно хипи време – во елитниот автокамп Градиште, иако рака на срце, таму се одеше од некои практични мотиви. Еден мој сосед, инаку шофер во тогаш елитното увоз-извоз претпријатие го сакаше ова место, бидејќи, му даваше шанси, како што велеше цел да сди во гачи за капаење, даправи летна салата и се разбира – да вади ново и ново шише домашна, на што секако не смеел да помисли кога не бил на одмор, заради професијата. А штом извадиш шише, салатата е пред тебе, секако веднаш добиваш – друштво. Ете затоа, меѓу другото служеа тие мести за одмор и рекреација.

Градиште ми дојде пред очи читајќи една добра анализа на колегата Владимир Калински во Радио Слободна Европа (мило ми е дека тие се уште творат)кој констатира дека оваа локација „денес тивко се претвора во диво градилиште – на простор каде што, според институциите, законски не постои (ниту) оформен автокамп“

Од она што инаку ќе се подразбере во анализата земјиштето е во процес на денационализација и е предмет на судски постапки, Градиште со години функционира како легален туристички комплекс, додека сè поголем број привремени приколки се доградуваат и се претвораат во цврсти објекти. При тоа, се вели во анализата дел од сопствениците овие градби ги користат за комерцијални цели и во текот на сезоната ги издаваат како апартмани, јавно огласени на онлајн платформи. И со приложени слики од ткстот може да се констатира дека „на интернет може да се најдат огласи во кои се гледа дека огласените објекти не се приколки, туку цврсти конструкции со ѕидови, прозорци, фиксни подови и тоалети“ Па се вели дека „апартман ставен на оглас во јули 2025 година како ’бунгалов на прва линија’ во Градиште, со директен пристап до плажа, сè уште стои онлајн. Ова сместување се нуди по цена од 85 до 120 евра за ноќ, со кујна и тоалет – содржини што упатуваат на трајна градба. А такви случаи на истотоогласно место имало повеќе.

РСЕ за состојбата во Градиште побарале став од Министерството за култура и туризам, од каде кусо им одговорија дека на оваа локација формално не постои автокамп (!). Во писмениот одговор Министерството наведува дека „Градиште не е оформен како автокамп согласно Законот за автокампови. Таму има процес на денационализација и судски постапки.“ И упатиел на одговор во општибната Охрид.

НЕКОГАШ И СЕГА Елитното место што го приграби „Девелопмент“ и што се зармзнато со процесите против Мијалков, кои наскоро можат и да сопрат

За сите прашања поврзани со градежните активности, Министерството за култура и туризам не презема одговорност и нè упати за информации да се обратат до Општина Охрид. При тоа администрацијата во Министрство не одговорила на тоа која фирма стопанисува со Градиште, дали тоа го прави врз основа на некаков легален документ. Молк добиле и од општината Охрид. За време на поранешна Југославија, просторот се користел како „Автокамп Градиште“, во рамки на тогашното работење на фирмата „Инекс-Горица“. Земјиштето влегло во процес на денационализација во 1997–1998 година, со донесувањето најпрво на Законот за приватизација, а потоа и на Законот за денационализација, по што околу 100 наследници од 36 семејства бараат враќање на дел од земјиштето. Некои од нив  и по пет судски пресуди во нивна корист не можат да си го вратат имотот (знам некои на други случаи тоа не го решиле и по десет добиени судски пресуди!). При тоа, дел од земјиштето кој бил претходно во посед на МПЦ и бил вратен, што значи селективност во постапката. Медиумот ја цитира Андријана Башоска, една од барателките на земјиштето во Градиште, која вели дека овој случај е „класичен пример на организиран криминал со највисок степен на корупција“. Таа потсетува дека бидејќи на тоа место нема трајни објекти  – кога обесштетувањето се врши со обврзници – но кога на земјиштето има монтажни или привремени објекти, имотот мора да се врати во состојбата во која бил одземен. „Тоа е случајот во Градиште – земјиштето мора да се врати“, вели Башоска.

Крајбрежјето на Охридското езеро е комплетно „задавено“ во бесправност. Во струшкиот дел веќе сменетиот градоначалник Мерко дозволи бесправна приватизација на дел кој никако не смее законски да се приватизира (плажите пред се) давајќи ги на нему лојални семејства а нема сомнение дека таа практика ќе продолжи бидејќи и Мерко, како и бесправните корисници навреме се префрлија кај идниот градоначалник Ќира. Имаше и обиди да се навлезе во езерото со фрлање на шут за таму да се прави „автострада на сонцето“ со цел да се анулира со правна финтта за да се смени „географијата“ и да се сокријат бесправните дејствија.

Треба ли да се зборува за охридскиот дел на брегот? Па за состојбите таму реагираше и меѓународниот фактор (УНЕСКО) само надлежните мува не ги лази.

Најфлагрантен пример на дивоградба е изградбата на хотелски комплекс од страна на фирма за која невладиниот сектор утврдил дека му припаѓа на семоќниот Сашо Мијалков. И покрај протестите на загрижените граѓани на Охрид продолжува да се гради спорниот хотел во Горица, велат од организацијата „Охрид СОС“, потсетувајќи на историјатот на објектот и како тој изникна на една од најатрактивните локации на охридското крајбрежје, преку заобиколувања на прописите во последните 18 години.

Според она што го наведува „Охрид СОС“, во 2007 година се изготвува урбанистички план вон населено место, со кој дел од парк-шумата Горица се пренаменува во градежно неизградено земјиште, со конкретна намена хотелски комплекс. Градоначалник на Општина Охрид е тогаш Александар Петрески. „На почетокот на 2011 година, Министерство за транспорт и врски, предводено од Миле Јанакиески, објавува јавно наддавање за отуѓување државно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на хотел на Охридското Езеро. Победува фирмата „Дивелоп груп“ во сопственост на Сашо Мијалков, која добива катастарска парцела од 15.878 m2. Летото истата година, токму на таа локација е подметнат пожар, во кој горат треви и борови. Според МВР, поради немање соодветна пријава од инспекторатот за пожари, нема водени истраги за предизвикан пожар. Теренот се расчистува, а покрај изгореното, се сечат и здрави стебла. Се добива огромен простор кој потоа е ограден. Така останува безмалку една деценија. Во меѓувреме, поради судски процеси, имотот на Мијалков е замрзнат“, пишуваат во објава на социјалните мрежи од „Охрид СОС“.

Оваа тема е преширока секако за да се опфати во еден релативно кус осврт кој има за цел да укаже дека еден н елегален објект што не е срушен, раѓа стотици други што со габаритноста претставуваат шокатна вистина за нашата правна држава.

(Љ.К.)

Filed Under: Македонија

НА ВМРО ДПМНЕ НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ПРЖИНСКИОТ МОДЕЛ ЗА ИЗБОРИ СО ТЕХНИЧКА ВЛАДА
ЕВРОПСКИ СТНДАРДИ И МАНЕВРИТЕ НА МИЦКОСКИ
СТИВЕН МИЛЕР И НЕГОВАТА ДОКТРИНА НА АГРЕСИЈА
ЏУЛИЈА РОБЕРТС: НЕ САКАМ ДА ГО МИНУВАМ ВРЕМЕТО ВО СТРАВ И ВОЗНЕМИРЕНИОСТ
СTРАЗБУР ГИ СПОРИ СМЕНИТЕ И „ИНТЕРПЕЛАЦИИТЕ“ ВО СУДСТВОТО (1)

Најново

  • НА ВМРО ДПМНЕ НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ПРЖИНСКИОТ МОДЕЛ ЗА ИЗБОРИ СО ТЕХНИЧКА ВЛАДА
  • ЕВРОПСКИ СТНДАРДИ И МАНЕВРИТЕ НА МИЦКОСКИ
  • СТИВЕН МИЛЕР И НЕГОВАТА ДОКТРИНА НА АГРЕСИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet