Кој да знае што сакаа да кажат оние кои не излегоа да гласаат. Но, ако Парламентот оцени дека непостигнувањето на цензусот од 50 отсто е покана да се каже „не“, тогаш последиците се прилично непосредни: светот ќе продолжу да и се обраќа на земјата со акронимот и таа нема да му се придружи на НАТО наскоро, а не пак да започне преговори со ЕУ. Но „ФИРОМјаните“ среќно ќе продолжат да се нарекуваат „Македонци – пишува Еуро Политико
Меѓународните фактори одново се јавија со поддршка за напорите на Заев да го спаси Договорот од Преспа. Тие се гору-долу согласни со она што го констатираше Заев после завршувањето на гласањето, со тоа што малку повоздржани се сосдните земји. Еве некои од тие реакции.
– САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и овозможува на Македонија загарантирано место во НАТО и ЕУ, што ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет, се вели во соопштението од Стејт Департментот во врска со одржаниот референдум.
САД го поздравуваат резултатот од референдумот, на кој како што се вели граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, се вели во реакцијата од Вашингтон.
Понатаму во соопштението се истакнува дека „САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и го овозможува на Македонија заслуженото место во НАТО и ЕУ, што ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет“.
– Во периодот што следи кога македонското Собрание ќе почне расправа за уставните измени, ги повикуваме лидерите да се издигнат над партиската политика и да не ја испуштат историската можност да обезбедат светла иднина за земјата, како полноправна членка во западните институции, се вели во соопштението од Стејт департментот, по одржувањето на референдумот во Македонија.
Весникот Политико Европа, влијателен во високите дипломатски и одлучувачки сфери во Европската Унија во својот уреднички коментар утрово се осврна на исходот од вчерашниот референдум во Македонија.
Авторот, Флориан Едер, оценува дека неизлезноста претставува ризик за Договорот со Грција за името и вели дека пораката на оние кои се одлучиле да бојкотираат не е јасна.
– Кој да знае што сакаа да кажат оние кои не излегоа да гласаат. Но, ако Парламентот оцени дека непостигнувањето на цензусот од 50 отсто е покана да се каже „не“, тогаш последиците се прилично непосредни: светот ќе продолжу да и се обраќа на земјата со акронимот и таа нема да му се придружи на НАТО наскоро, а не пак да започне преговори со ЕУ. Но „ФИРОМјаните“ среќно ќе продолжат да се нарекуваат „Македонци“, пишува Едер во својот коментар.
Политико Европа потсетува дека ставот на Брисел е дека треба да се усвои договорот со Грција во Собранието, во интерес на земјата, како и на целиот регион.
Многу се поопширни во анализите во клубот на Европски социјалдемократи во Брисел. „Срамно е што Иванов повика на бојкот
Групата на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот парламент им честиташе на македонските граѓани за гласањето во корист на промена на името на консултативниот референдум, се вели во нивното соопштение. Оттаму изразуваат жалење што излезноста е под 50 отсто од различни причини, но ја повикуваат опозицијата да ја почитува изразената волја на мнозинството гласачи.
„Среќни сме што гледаме дека мнозинството гласачи го поддржаа договорот за името што го постигнаа премиерите Заев и Ципрас. За жал, одѕивот не достигна 50 отсто. Манипулативната и деезинформативна кампања без преседан обесхрабри многу луѓе да излезат на гласање. Делови од опозицијата која припаѓа на семејството на Европската народна партија и претседателот на државата го бојкотираа референдумот и уште еднаш потврдија дека се опортунисти и кусогледи националисти. Срамно е што претседателот Иванов ги повика сограѓаните да не учествуваат во одлучувањето за иднината на нивната земја”, изјави претседателот на Групата на социјалистите и демократите, Удо Булман.
Тој изрази особена загриженост поради извештаите за руското мешање во изборниот процес.
Портпаролот за надворешни работи Кнут Флекенштајн, пак рече дека им честита на граѓаните кои излегле да гласаат на нивната зрелост и чувството за одговорност за земјата.
„Референдумот имаше консултативен карактер и сега дефинитивниот збор е кај Парламентот. Бидејќи мнозинството беше ‘за’, ги повикувам сите политички партии, особено опозицијата, да најдат начин да продолжат по патот што беше трасиран со Договорот со Грција”, изјави Флекенштајн.
Во соопштението се подвлекува дека „САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и овозможува на Македонија загарантирано место во НАТО и ЕУ, што ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет“.
САД ги поздравија резултатот од референдумот во Македонија на 30-ти септември, во кои граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, се вели во реакцијата од Стејт департментот во Вашингтон.
Понатаму во соопштението се подвлекува дека „САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и го овозможува на Македонија заслуженото место во НАТО и ЕУ, што ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет“.
„Во периодот што следи кога македонското Собрание ќе почне расправа за уставните измени, ги повикуваме лидерите да се издигнат над партиската политика и да не ја испуштат историската можност да обезбедат светла иднина за земјата, како полноправна членка во западните институции“, се вели во соопштението од Стејт департментот, по одржувањето на референдумот во Македонија.
-На 30 септември, граѓаните на Поранешната Југословенска Република Македонија имаа можност да гласаат за иднината на нивната земја. На мирно и демократско гласање, мнозинството од оние што го оствариле своето право на глас рекоа “да” за Преспанскиот договор за името и нивниот европски пат. Сега Парламентот треба да ги продолжи следните чекори за спроведување на Спогодбата за името со одлука за изгласување на уставните измени, се вели во заедничката изјава на високата претставничка и потпретседателка Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан во врска со вчера одржаниот консултативен референдум.
Во писмената изјава се истакнува уште дека „ова е историска можност, не само за помирување во регионот, туку и за решително придвижување на земјата напред на патот кон Европската унија“.
-Сега сите политички и институционални чинители треба да дејствуваат во рамките на своите уставни надлежности надвор од партиските политички ставови. Европската унија ќе продолжи да ја поддржува и даи помага на земјата, на нејзините институции и на сите нејзини граѓани“, се вели во изјавата на Могерини и Хан.
Веруваме дека демократијата е вкоренета во општеството на Република Македонија. Референдумот е највисок демократски чин – со изразената волја на оние кои учествувале во него и имајќи ги предвид оние кои не гласале. Граѓаните имаа слободен избор, а над 90 отсто од оние кои гласаа на овој консултативен референдум експлицитно ја изразија желбата земјата да биде дел од европската и евроатлантската заедница. Нивниот глас е видлив и јасен и поради тоа не може да се игнорира.
Ова се наведува во соопштението од бугарското Министерство за надворешни работи за вчерашниот референдум во Македонија.
– Време е целата политичка елита на нашиот сосед да покаже зрелост и да најде начин да ги решат тешките проблеми. Залогот е голем – иднината на државата и иднината на сите нејзини граѓани. Големо мнозинство граѓани се „за” членство во ЕУ и во НАТО. Губењето време не е од корист ниту за земјата ниту за регионот. Република Бугарија ќе продолжи со поддршката за нашите браќа и сестри од Република Македонија и интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО, пишува во соопштението на бугарското МНР.