Факт е дека сериозните историчари не се затрчуваат со констации дека кралицата од Саба постоела навистина и дека за тоа постои материјален доказ. Митови и приказни има многу. Особено е интересно дека таа главно е прикажувана како бела или црна жена ама со други карактеристики на белите жени, како на пример – косата! Грчките митови ја наоѓаат во ликот на Андромеда
Како што е познато царицата од Саба е кралица која се појавува во Библијата, во посета на царот Соломон за да ја тестира неговата мудрост и таа е првата владетелка која потекнува од многубоштвото а сепак е пристојно третирана во монотеистичкиот свет. Последователни традиции ја именувале како Никаула (од Јосиф), Билкис (во исламот), или Македа (во Етиопија). Приказната за нејзината посета на Соломон била подложена на еврејски, арапски и етиопски елаборации и станала предмет на едни од најраспространетите и плодни циклуси на легендите во Ориентот.[
Речиси сите современи научници се согласуваат дека Саба (Шева) било Јужнотоарапско царството Саба, центрирано околу оазата на Мариб, во денешен Јемен. Саба била доста познат во класичниот свет, а државата била наречена Арабија Феликс. Асирските натписи постојано ги споменувале „арапските кралици на северот“. Исто така, сабејските племиња знаеле за титулата mqtwyt (високи).
Во христијанската теологија унијата помеѓу Бога и жена се базирла врз на Песната на Соломон, каде што невестата се опишува како „црна и убава”. Подоцна во еврејската традиција, се опишува женска манифестација на Бога, Шекина (слична на Сакина во Куранот) и се однесува на Шабатот како кралица и невеста.
Експлицитната сексуална содржина на Песна над Песните и прилично силната женска улога на кралицата понекогаш се минимизираат, па дури се и демонизира со намалување на нејзините кралски моќни атрибути. Сепак, немало генерички опис на кралицата како пасивна или немоќна; напротив, таа се користила за да се покаже женскиот суверенитетот и моќ. На пример, авторката Кристина Пизанска ја пофали кралицата за секуларната и верската мудрост во Градот на дамите и ја спомена покрај христијански и еврејски женски пророци како прва на листата за достоинствени паганки.
Британски археолози сметаат дека се на трага до откривање на мистеријата за скриеното богатство на кралицата од Саба. Според Библијата, владетелката од Саба, древна држава која се простирала на територија на денешна Етиопија и Јемен, отишла кај кралот Соломон во Ерусалим со подарок од четири и пол тони злато. Сега е откриен и нејзиниот древен рудник за злато, заедно со рушевините од храмот во близина на Гералт на северот од Етиопија. Влезот е запечатен до шест метри висок камен во кој се врежани сонце и месечина, симболи што го претставувале грбот на земјата Саба. Во близина се откриени и делови од столбови, како и издлабени камења од храм за кој се верува дека е посветен на месечевото божество. Во текот на ископувањето се пронајдени и остатоци од древни коски, па се смета дека на ова место се има одиграно некоја древна битка. Локалното население и понатаму наоѓа злато во блиската река, но никој не знаел дека под нивните нозе се наоѓа огромен руднички комплекс. Неименуваната кралица владеела со Саба .
Археолозите претпоставуваат дека ја нашле палатата на кралицата на Саба во Аксум, Етиопија, и олтар на кој се чувало најскапоценото богатство на древниот јудаизам, Ковчегот на заветот, соопшти Универзитетот во Хамбург. Научниците од германскиот град дојдоа до ова ненадејно откритие во текот на пролетните ископувања на локалитетот во минатите три месеци. Етиопската традиција кажува дека ковчегот, којшто го содржел камените плочи на кои биле напишани Десетте божји заповеди, бил пренесен во Етиопија од нивниот син Менелек и останал таму.
Од универзитетот велат дека научниците предводени од Хелмут Зигерт нашле останки од палатата во Аксум-Дунгур од 10 век пред новата ера под палатата на еден подоцнежен христијански крал. Тие утврдиле дека старата палата била урната и повторно изградена според поставеноста на sвездата Сириус.
Тимот претпоставува дека Меленек ја сменил религијата и станал поклоник на Сириус, но го сочувал ковчегот, што во Библијата е опишан како дрвен ковчег обложен со злато. Околу олтарот имало останки од јагниња кои биле принесувани како жртви.
Истражувањето во Аксум, кое почнало во 1999 година, треба да ги утврди корените на етиопската држава и Етиопската православна црква.
„Резултатите покажуваат дека Култот на Сотис се појавил во Етиопија со појавата на јудаизмот и Ковчегот на заветот, и траел од 600 година во новата ера”. Сотис е древното грчко име на sвездата Сириус.
Тимот археолози вели дека доказ за ова се симболите на Сириус на локалитетот, останките од принесувани жртви и поставеноста на светите градби кон највисоката точка на Сириус, најблескавата sвезда на небото
каде се сите убави, моќни, црни жени од митологијата и историјата? Биле избришани од западната уметност, тврди Софија Смит Галер.
„Судирот на титаните“ беше еден од најпопуларните филмови од 1981 година. Исклучителна екипа холивудските ѕвезди ја раскажа приказната за Персеј, полубогот од грчката митологија, кој убива морско чудовиште и ја спасува прекрасната принцеза Андромеда која монструмот сакал да ја изеде. Колкав дел од гледачите кои гласале имале познавање во класична историја и уметност е нејасно, но можеби филмот би имал подобар рејтинг ако неговите продуценти направиле соодветно истражување. Според „Црната Андромеда“ книга на британската историчарка на уметност Елизабет Мекграт од 1992 година, Андромеда, всушност требало да биде претставена како црна принцеза од Етиопија.
Секој што го гледал филмот знае дека Џуди Баукер и Алекса Девалос се бели, и секој што ја видел Андромеда на слика – можеби слика на Тицијан или Поинтер – ќе помисли дека и таа е бела.
Но, студијата на Мек Грат се однесува на три работи: дека за сите грчки митографи Андромеда била принцеза од Етиопија, дека Овидиј посебно се фокусирал на нејзината темна кожа и дека уметниците низ западната историја на уметност често испуштале да ја насликаат нејзината црна кожа, бидејќи Андромеда требало да биде убава, а црната кожа и и убавината – за многумина од нив – била дихотомна.
Ренесансната уметност постојано ја претставува Андромеда како бела. Во „Персеј ја ослободува Андромеда” на Пјеро ди Козимо од 1510-тите години, таа е всушност побела од сите фигури околу неа, вклучувајќи ги и црните музичари и нејзините родители, кои се значително потемни и во егзотични носии. Знаеме дека се водела активна дебата околу нејзината боја на кожата, дебата која денеска сигурно би била оценета како расистичка. Мек Грат реферира на Франциско Пачеко, шпански уметник и писател, кој во својата книга “Arte de la Pintura” објаснува зошто Андромеда толку често е насликана како бела жена, иако референтни извори велат дека е црна.
-Тој очигледно бил страшно шокиран што Овидиј можел да зборува за една жена како убава, но црна – изјави МекГрат за BBC Culture, скоро три децении по објавувањето на нејзината статија. Книгите како оваа на Пачеко биле користени како референтни водичи за сликарите за тоа што, кој и како би требало да се наслика – па лесно е да се види како се ширеле неговите ставови.
Црните Андромеди биле малку, а делата како гравурата “Персеј” на Бернар Пикарт од 1731 и Андромеда од Абрахам ван Дипенбек (1655), покажуваат жени со стереотипни карактеристики и коса на бела жена, но со темна кожа. Андромеда не е единствената црна фигура во уметноста на која ова и се случува. Всушност, избелувањето на Андромеда било внесени во ренесансна Европа под влијание на христијанството.
Мајкл Охајуру, историчар на уметност кој води турнеи низ лондонските галерии и кој ги истражува репрезентациите на црните луѓе во уметноста, почнал да ја проучуваат историјата на ренесансната уметност низ перспектива на нејзината фасцинација со црните волшебници. Ова најчесто е случај со еден од трите кралеви, или волшебници, насликани во сцените на Поклонението на кралевите (или мудреците) – обично давателот на мирта е црн.
Охајуру бил изненаден од позитивноста на оваа фигура што е спротивно од многуте претстави на црните ликови во историјата, најчесто во сервилна позиција.
-Црниот крал е претставен како позитивна фигура. Симболизирајќи го младиот африкански континент кој се приклучувал кон Европа и Азија во христијанството бил користен како симбол на приближувањето и соединувањето на светот на крајот на времето – вели тој.
Охајуру го барал претпоставеното потекло на црниот цар и ги нашол во “Патувањата на Сер Џон Мандевил”, текст од 14 век, кој вели дека црниот маг е од Саба, царство во Етиопија.
Така, Охаjуру бил шокиран кога открил дека многу слики од Кралицата на Шаба – уште еден збор за Сава – ја прикажале како бела жена. Тој го споменува „Пристаништето“ на Клод Лорен со фокус на ликот на кралицата, денеска изложено во Националната галерија во Лондон.
(продолжува)