Се избегна уценувањето на партијата на Мицковски и тоа на начин на кој тој не очекуваше – за миг му се префрли одговорноста за моделот и лидерот на обвинителството, но тој крена раце. Негова цел е политичко разрешување на кризата во правосудството со амнестија и ништо друго. По можност со еднократен чин, со амнестија
ЉУБОМИР КОСТОВКИ
Познато е дека таканаречената „шарена револуција“ која практично ја збриша коалицијата ВМРО ДПМНЕ – ДУИ од власта во периодот после 2015 година имаше една идеа водилка наречена „нема правда, нема мир“. Она што сегашната опозицијата за цело време додека и се готвеше смената како владеачка партија а потоа и после транзицијата на кормилото на државата е паролата „Има правда, нема мир“. Нешто како превртена ракавица.
ИДЕЈА ВОДИЛКА Таа парола и сега е поттик за нејзино дејствување што треба да значи да се сопре разголувањето на дејствувањето на премиерот Груевски и неговата екипа во последните десет години и која се престорува во низа акции со кои треба да се спречи правосудството, преку промени во неговите структури, а секако и преку активното дејствување во практиката да бидат во еден вид реална хибернација, се до погодниот момент кога тие одново би дошле на власт и се би било по старо: обвинителот и судството само би штанцале одлуки какви ќе им се порачаат. Со пресуди кои дури и јавно ќе се обзнанат – ќе рече Сашо Мијалков дека неговиот некогашен партиски пајташ Љубе Бошковски а потоа и политички опонент ќе добие осум години затвор и вистина бил „видовит“ – судството вели „така е!“, си доби човекот робија во таа должина. Има такви примери, нели, колку сакаш.
Оттаму, барањата на ВМРО ДПМНЕ кои се дел од драмските игри околу рушењето на СЈО и фабрикувањето на аферата „Рекет“, за која реномираниот Институт за балкански и блискоисточни студии ИФИМЕС од Љубљана тврди дека го чинат нарачателот 50 милиони евра (дребни пари во однос на изнесените од земјата пет милијарди евра) секогаш одат на блефирање дека се бара извесно законско или структурно решение (демек реформа во правосудтвото) или кадровско решение (свој обивинтел на одредена позиција) за да се надмине кризата. Кога на тоа барање ќе се удоволи во преговорите, следува повлекување (!), како викендов, бидејќи клучната цел е со една одлука на извршната или законодавната власт да се анулира вината (обвиненијата) на врвот на партијата а не и решение кое не гарантира едноставна амнестија. Во духот на она – „немаа правда, има мир“.
ПОНУДЕНО – ОДБИЕНО Затоа и предлозите од премиерот Заев за решенијата кај промените на Законот за јавно обвинителство не се прифатливи за опозицијата. Со ризик да се третираат како „понудено-одбиено“!
Според ВМРО ДПМНЕ, понудата од власта за избор на јавен обвинител на предлог на опозицијата претставува чиста манипулација, бидејќи во пракса, тоа нема да се случи.
Според писмениот предлог кој владата го доставила до ВМРО ДПМНЕ, опозицијата ќе може да номинира еден од кандидатите кои ќе се јават на јавен конкурс.
Ако во рок од три дена по завршување на конкурсот кандидатот не ја добие поддршката од мнозинството во парламентот односно и од власта, кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ ќе отпадне од игра. Од останатите пријавени на конкурсот, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе можат со негативна селекција да отфрлат 40 проценти од кандидатите. Списокот со останатите пријавени ќе биде испратен до Советот на јавни обвинители кој ќе го има последниот збор.
ВМРО ДПМНЕ смета дека на овој начин само ќе се глуми демократија.
Премиерот Заев пред некој ден во интервју за Сител тврдеше дека двете опции кои и ги нуди на опозицијата се понуда која не се одбиваат. Според првата, новото обвинителство би ги презело целиот персонал на СЈО и сите предмети за висока корупција вклучувајќи го и „Рекет“. Според вториот предлог, новото обвинителство би се екипирало со нови обвинители, не би преземало предмети од други обвинителства и би отварало само нови случаи.
Во двете опции Заев тврди дека шефот на обвинителството ќе дојде на предлог на ВМРО ДПМНЕ, но ќе мора да се работи за квалитетен кандидат.
– Ние дадовме предлог шефот да биде предложен од Мицкоски, односно од опозцијата. Нашите црвени линии е иднината на предметите на СЈО. Предложивме преземете ги јавните овбинители и стручната служба од СЈО во новото обвинителство, за ги продолжат предметите. – Значи, новото обвинителство нека ги земе сите предмети од СЈО, предмети за висока корупција, нека го преземе и „Рекет“, ама нека ги преземе и обвинителите и вработените во СЈО, за да ги продожат предметите да не застарат. Ако ваков предлог не се прифаќа нека кажат зошто не се прифаќа.
– Вториот предлог е доколку не сакаат обвинителите од СЈО да одат во новото обвинителство, тие да се вратат вос своите претходни обвинителства, но предметите на СЈО да одат под државниот обвинител. За да не бидат закочени и да не застарат додека се екипира новото обвинителство. Тоа се двата предлози, и ниту еден не беше прифатен, рече Заев.
Инаку после точно четри години (помалку за еден ден) специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во моментот е во притвор како третоосомничена во случајот „Рекет“ веќе е разрешена. Останува да се регулира статусот на другите јавни обвинители во Специјалното јавно обвинителство, бидејќи согласно законот нивниот мандат не може да го надмине мандатот на специјалната јавна обвинителка. За нив, Советот на јавни обвинители смета дека тие треба да се вратат таму од каде што дошле, што за малкумина значи „вдомување“ во секторот за организиран криминал. За двајца обвинители тоа значи дури и враќање во првинцијата – еден обвовинител Куманово а една овинителка во Кичево. Од друга страна, има правни експерти (екссудијата Дане Илиев, на пример) кои ценат дека и поранешните вработени во СЈО, како искусни обвинители треба да одат сите во одделот за борба против организираниот криминал и таму да продолжат да ги водат предметите кои ги воделе.
– Советот на обвинители треба да ги именува во обвинители на државното обвинителство, и така ќе добијат овластувања да можат да ги застапуваат и да ги водат понатаму истрагите – вели тој. Според Илиев, ова е најбезболното решение кое целосно ќе ја гарантира иднината на предметите, тие ќе продолжат Покрај обвинителите, државното јавно обвинителство треба да ги преземе и сите вработени, односно стручните служби и истражителите од специјалното, бидејќи станува збор за обемни предмети и јавниот обвинител треба да ја преземе целата контрола. Доколку вака се постапи, Илиев не гледа пречки предметите да продолжат таму каде застанале во судските постапки.
Она што го чувме како потенцијално решение на Советот на јавни обвинители „не мириса на таков исход“ и тоа би значело делумен успех на правниот тим на Мицковски, бидејќи ако предметите се разделат на почетници во материјата, би се добила шанса за нивно одолговлекување, па и застарување!
„Републичкото обвинителство има право да ги преземе, тие имаат капацитет, обвинители да ги распределат, такво право има државниот обвинител. Е сега, ако предметите ги водат други обвинители, бидејќи сериозно е нарушен кредибилитетот на обвинителите во СЈО, сепак ќе им треба време за запознавање, затоа што се работи за сериозно големи и долги истраги кои се водени, не знам со кој квалитет, но според нив има обвиненија кои се во правна сила. И тие се дојдени во суд. Сепак, и преземањето ќе одземе голем период, но опасност од застареност нема. Постапките треба да продолжат во Јавното обвинителство, бидејќи тие веќе се на суд и обвинителните акти кои се доставени веќе имаат правна сила. Кога имаат правна сила и се процесуирани во суд не може да ги запре никој, ниту пак може да застарат“, предупредува во изјава за Дојче веле адвокатот Александар Новаковски
За јавните обвинители кои се дел од СЈО, како што посочи шефот на Советот на обвинителите Ацо Колевски, ќе мора да се применат одредбите од Законот за Специјалното јавно обвинителство за претставник на нивната функција..
– Став на Советот е дека не постојат услови за поставување на вршител на должност во Специјалното јавно обвинителство имајќи го во предвид самиот Закон за СЈО каде е наведено дека предлогот за именување на специјален јавен обвинител го дава Собранието. Очекуваме предлог од Собранието и ако биде доставен ќе постапиме по предлогот, бидејќи законот се уште е во важност, потенцира вчера Колевски.
Процесот на разрешување на Јанева почна на 5 септември, кога Комисијата за избори и именувања зад затворена врата едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши Јанева. Одлуката беше донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење.
Парламентарните партии инаку беа единствени во ставот за разрешувањето на Јанева, но пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ ги повторија своите различни позиции и гледишта за тоа какво треба да биде јавното обвинителство во кое треба да биде инкорпорирано СЈО. Тие меѓусебно се обвинуваа за правен хаос, штитење на криминалот, злоупотреби на правосудниот систем, пропаѓање на случаите на СЈО и нивно запирање. Веднаш по завршувањето на седницата, претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша предлогот за разрешување и го достави до Советот на јавни обвинители.
„Јавното мислење сега не верува во ниту едно обвинителство“ – смета споменатиот адвокат Новаковски и додава дека сепак некаков политички крај на сето ова мора да се стави во Парламентот ,бидејќи, дефинитивно ќе западнеме во сериозна криза во правосудството од која нема враќање. Затоа во законодавниот дом мора да се изнајде консензус, политичките партии да преземат одговорност и да донесат здрав закон. Било како некој да ескивира и да дава различни ијави излегува дека штити некого, што е директно мешање на политиката во правосудниот систем.
Формулата која ја испишува ВМРО ДПМНЕ на училишната табла на нашата историја е крајно недозволива бидејќи му дава централно место на избеганиот свој лидер во Буимпешта и на неговите опасни и налудничави планови. Така не само него, туку и идните генерации ги става во гепекот на егзилот.