Оваа акција ја подржуваат две надворешни каритативни фондации
Она што го гледаме само во некои тв емисии во соседството а кои предизвикуваат воодушевување заради социјалната димензија на емисиите: се работи за изградба на куќи за семејства од низок социјален статус. Една таква серија е онаа „Работна акциуја со Тамара“ која сега оди на срската Прва тв , каде Тамара Грујиќ со сопругот Вук годишно со донации успева да изгради повеќе од 30-тина куќи во разни краишта и да ги опреми за повеќе од пристоен живот. Обнично тука освен разни градежни дфирми помагаа и локалната заедница која за најмалку еден полнолетен член на тоа семејство обезбедува сигурна работа! Такви обиди имаше и кај нас (во скопско Драчево и Велес) ама тие не беа прифатени од нашите фирми.
Оттаму радува статијата објкацвена во порталот Фума од Велес (duma.mk) за таква акција во Чашка. Текстот го пренесуваме во целина.
„Започна реконструкцијата на двата објекти за социјално домување во Чашка, осум семејства ќе добијат поубав дом. Се реконструираат двата објекти за социјално домување во Чашка во кои осум семејства ќе добијат поубав и потопол дом. Проектот ’Социјално Домување во Чашка’ којшто го спроведува локалната самоуправа со поддршка на Хабитат Македонија и фондација Saint Gobain интензивно се спроведува а вчера во рамки на проектот беше организиран и волонтерски ден во општината.
Градоначалникот Горан Стојановски објасни дека проектот има за цел да ги подобри условите за домување на осум семејства кои живеат во две општински згради.
-Исто така проектот има за цел да го надгради дневниот центар за социјални услуги за ранливите лица и да ги зголеми можностите за вработување во општина Чашка преку бесплатна обука за сертифицирање на 10 лица од областа на градежништвото. Во рамките на пректот беше организиран и волонтерски ден во населба Чашка каде тимовите на општина Чашка, Хабитат Македонија, Saint Gobain и сертифицираните волонтери ја започнаа реконструкција на двата објекти за социјално домување во Чашка, објаснува Стојановски.
Инаку проектот е финансиран од Saint Gobein, Хабитат Македонија како и локалната самоуправа“.
Стефани Манева