Лабуристот кој го симна од власта конзервативниот претходник Морисон е навистина редок пример за тоа како дете на доселеничка мајка, стигнува до кремот на седмиот континент. Неговото презиме сепак покажува дека нeговиот татко има далечни претци кои во Италија дошле од Албанија
Животниот пат на новиот австралиски премиер Ентони Албанезе е најдобар пример на т.н. американски пат до успехот, кој пропагира дека човек со упорност и способност, со самоохрабрувачки мотиви сепак може да дојде на самиот врв на општествотот. Идниот премир на Австралија, е прагматичен водач од работничката класа кој вети дека ќе им стави крај на поделбите во земјата – оваа максима сепак произлегува и од неговото социјално потекло. Впрочем, додека поранешниот премиер Скот Морисон се сметаше себеси за „булдожер“, Албанезе се заколна дека ќе биде „градител“, пренесе Би-би-си во саботата.
Албанезе изјави дека сака да ги обедини Австралијците. „Сакам да ја обединам земјата“, рече Албанезе пред новинарите додека го напушташе својот дом за да присуствува на прославата на Лабуристичката партија во Сиднеј.
Албанезе стекна репутација како бранител на бесплатното здравство во Австралија, заговорник на ЛГБТ заедницата, републиканец и страствен навивач на рагби.
Албанезе (59), кој има прекар Албо, го одгледала самохрана мајка во социјален стан од инвалидска пензија. Тој често истакнува дека неговото воспитување било основа за неговите прогресивни уверувања.
Албанезе верувал дека татко му починал пред неговото раѓање, но како тинејџер сепак дознал дека неговата мајка Маријана Елери всушност останала трудна со женет човек, кој многу веројатно уште е жив. И бил упорен да го најде. Три децении подоцна (според весникот на италијански Пимизо!) му влегол во трагата на Карло Албанезе и отижол во Италија прв пат да се сретне со него и со полубраќата и полусестрите. Тие живеат во местото Барлета.
Албанезе зборувал дека неговата мајка, Маријана била одлучна да му обезбеди прилики кои таа никогаш не ги имала. Со нејзина поддршка, станал прв во семејството кој завршил школување и отишол на факултет. Студирал економија и се вклучил во студентската политика.
Со само 12 години учествувал во организирање на протести на потстанарите, за да спречи инвеститорите да го продадат станбениот објект во кој живеел со мајка му, кој бил во сопственост на државата.
Истакнува дека стварањето подобар свет за неговиот син Нејтан е она што го инспирира во јавниот живот.
Албанезе во 2019 година се развел од сопругата со која поминал 19 години, но партнерката Џоди Хејдон му се придужила во предизборната кампања. Со првата сопруга има син – Натан.
Во парламентот влегува за прв пат во 1996 година, пренесе Ројтерс.
По поразот во 2010 година, лабуристите успеаја да оформат малцинска влада, а парламентот работеше изненадувачки ефикасно кога станува збор за носење закони, а го предводеше токму Албанезе.
Тој е републиканец и се залага за промена на сегашниот статус на Австралија како уставна монархија.
Се залага за правото на абортус, наведувајќи дека жените имаат прво на избор , а смета дека треба да биде легализирано и правото на евтаназија.
Австралиски извор тврди дека мајката на новиот премиер е Иркиња а татко му е Италијанец со албански корени (презимето и значи Албанецот) со тоа дека е можно дека се работи за племе кое било со грчки корени а само доаѓа од Албанија. Изворот greekcitytimes.com на 16 април објавува текст со анализа на потеклото на племето Арбеши.
Инаку, Барлета е општина Апулија, во југоисточна Италија и има 94.700 граѓани.
Иако Барлета, позната од Грците и Римјаните соодветно како Бардулос или Барулум, го следи своето потекло сто години пред пристигнувањето на било кој во регионот, како што е прикажано со наоѓањето на населба во Апулија (4 век п.н.е.) и изведбата на неговото име. „Баал-Ел“ од феникиски, поширокиот регион Апулија брзо се апсорбирал во античкиот грчки свет.
Феникијците прво основале трговско место за нивна трговија со локалните племиња, а со Етрурците подалеку на север.
Овде најпрвин меѓу другите трговски стоки имало и увоз на дотогаш непознато вино, а подоцна потоа областа се покажала како плодна локација за негово одгледување и извоз. Овој вовед бил толку успешен што областа станала позната кај Феничаните како „Земја на виното“, име што Грците на крајот го преведоа како Енотриа.
Пошироката област Апулија е еден од најбогатите археолошки региони во Италија и првпат бил колонизиран од микенските Грци.
Меѓутоа, регионот на Апулија е дом и на голема арберешка заедница – итало-Албанци. Се верува дека брои околу 100.000 поединци, а го вклучува и Ентони Албанес.
Ancestry објаснува дека името Албанец доаѓа од албанско „(ан) Албанец“, што се применува на некој од Албанија или од некоја од албанските населби во Абруцо, Апулија, Кампанија и Сицилија.
Арберишите се потомци на албанските бегалци кои побегнале од Балканот во средниот век по отоманската инвазија на Европа.
Од своја страна, Грците го нарекувале регионот Апулија како Јапигија (од каде „Апулија“) поради присуството на трите главни јапигиски племиња кои ја населувале Апулија во текот на првиот милениум п.н.е. – Даунците на север, Певкетите во центарот и Месапијците на југ.
Грчките колонии биле основани на места толку широко одвоени како источниот брег на Црното Море и Масалија (Марсеј). Тие вклучувале населби во Сицилија и крајбрежните области на јужниот дел на италијанскиот полуостров.
Римјаните ја нарекувале областа Сицилија и подножјето на чизмата на Италија Magna Graecia (латински, „Голема Грција“), бидејќи била толку густо населена со Грци. Античките географи се разликувале околу тоа дали терминот вклучува Сицилија или само Апулија и Калабрија – Страбон е најистакнатиот застапник на пошироките дефиниции.
Народот Грико е група на население во Италија со на крајот грчко потекло, која сè уште постои денес во италијанските региони Калабрија и Апулија.
Народот Грико традиционално го зборувал јазикот Грико, форма на грчкиот јазик што ги комбинира античките дорски и византиски грчки елементи.
Некои веруваат дека потеклото на јазикот грико на крајот може да се проследи до колониите на Магна Грција. Грците биле доминантен популациски елемент во некои региони на југот на Италија, особено Калабрија, Саленто, делови од Луканија и Сицилија до 12 век.
Во текот на изминатите векови, Грико биле под големо влијание на католичката црква и латинската култура и како резултат на тоа, многу Грико во голема мера се асимилираат во главната италијанска култура, иако некогаш многубројни, Грико сега се ограничени, повеќето од нив се апсорбирани во околниот италијански елемент.
Грико-јазикот е сериозно загрозен поради промената на јазикот кон италијанскиот и големата внатрешна миграција во градовите во последните децении. Заедницата Грико моментално се проценува на 60.000 членови