Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ ИЗНЕРВИРАНИ ОД ОДЛУКАТА НА УСТАВНИОТ СУД ЗА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“

March 18, 2026 Filed Under: Македонија

И ВЛЕН и ДУИ се на иста линија кога се работи за одлуките на уставните судии кои не ги прифатија забелешките околу системот „Безбеден град“. Не е јасно што ќе произлезе од ова во однос на актуелните и евентуалните идни коалициски односи на ови партии со ВМРО ДПМНЕ?

ОСТАВКА Партијата ДУИ бара оотавка од претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски

Албанските партии се изнервирани од одлуката на Уставниот суд за „Безбеден град“. И Вреди и ДУИ реагираат денес, правејќи паралели на оваа политика со таа во бивша Југославија.

„Како легалисти сакаме да ја почитуваме нормативната максима дека пресудите на Уставен суд не се коментираат, особено од партиите, бидејќи тоа по автоматизам се толкува како политички притисок. Сепак, пред сè како луѓе, а после како партија не можеме да избегаме од впечатокот дека овој состав на Уставниот суд повеќе наликува на југословенска политичка елита отколку на највисока судска инстанца“, се вели во соопштението од „Вреди“, по повод одлуката вчера на Уставниот суд  околу системот „Безбеден град“.

„Употребата на албанскиот јазик е основно човеково право кое е една од темелните вредности на Уставот. Државните институции имаат обврска да го обезбедат исполнувањето на правото на секој граѓанин на државата на неговиот мајчин јазик да биде известуван, вклучително и за обврските кои си ги наметнал заради своето поведение.

Ова важи и за системот „Сејф сити“. ВЛЕН беше јасен и останува непоколеблив на ставот дека кога државата го известува, предупредува или санкционира граѓанинот преку овој систем, таа има обврска тоа да го прави и на албански јазик. Ова не е прашање на политичка волја, туку уставна обврска и почитување на едно темелно право. Токму затоа, Вреди ќе го брани овој принцип со сите правни и институционални средства, сè до негово целосно спроведување и без никаква дилема.

Фактот што денес сè уште се отвораат дилеми за прашања кои одамна требало да бидат затворени е директна последица на неодговорноста и манипулациите на оние кои со децении владееја и лажно се фалеа дека ги затвориле сите крупни прашања за Албанците, додека во меѓувреме се богатеа на грбот на народот. За жал, тие ни оставија систем целосно еродиран на сите нивоа, кој сега мора трпеливо да го поправаме“, стои во соопштението од Вреди.

ДУИ исто така побара оставка од Дарко Костадиновски, претседател на Уставниот суд, оценувајќи ги неговите изјави околу ова прашање како  скандалозни и неприфатливи.

Од партијата соопштија дека ставот според кој СМС-пораките во рамки на системот „Safe City“ треба да се испраќаат само на македонски јазик, додека можат да се испраќаат и на англиски, но не и на албански, претставува дискриминација и кршење на духот на Уставот.

„Со оваа постапка претседателот на Уставниот суд ги надминува своите надлежности и брутално интервенира во правниот поредок и во меѓуетничките односи во државата“, се наведува во реакцијата на ДУИ.

Од партијата тврдат дека во последните две години Уставниот суд носел одлуки кои, според нив, ги поткопуваат достигнувањата од Охридскиот мировен договор. Притоа посочуваат дека албанските и турскиот судија во Судот биле надгласани. ДУИ побара итна оставка од Костадиновски, како и од секој судија кој, според нив, ги поддржува ваквите ставови.

„ Во спротивно, тој ќе сноси целосна одговорност за секоја последица што може да се појави на планот на меѓуетничките односи“, велат од ДУИ.

Во реакцијата, партијата упатува и критики кон коалицијата Вреди, оценувајќи дека е коодговорна за, како што велат, антиуставните постапки на Уставниот суд. ДУИ порачува дека останува определена во одбрана на уставниот поредок, еднаквоста и соживотот во државата, додавајќи дека секој обид за нарушување на овие принципи ќе добие соодветен политички и демократски одговор.

 

Filed Under: Македонија

ФАТМИР БИТИЌИ ЗА НОВИОТ ЦЕНОВЕН УДАР И МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА: НАМАЛЕТО ГО ЛУКСУЗОТ И ЌЕ ДОЈДЕМЕ ДО МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА
ДВЕ МАРИИ, ТРИ АНИ, ТРИ МАРИИ … КАКО ДЕЛ ОД НАСЛЕДСТВОТО НА СЛАВКО ЈАНЕВСКИ
ННАЈНЕПОПУЛАРНАТА ВОЈНА ВО САД
ЗОШТО ЕПМАТИЈАТА Е СЕЛЕКТИВНА?

Најново

  • ФАТМИР БИТИЌИ ЗА НОВИОТ ЦЕНОВЕН УДАР И МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
  • ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА: НАМАЛЕТО ГО ЛУКСУЗОТ И ЌЕ ДОЈДЕМЕ ДО МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА
  • ДВЕ МАРИИ, ТРИ АНИ, ТРИ МАРИИ … КАКО ДЕЛ ОД НАСЛЕДСТВОТО НА СЛАВКО ЈАНЕВСКИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet