Првиот на листата на црвено-црните за парлементарните избори во 4-тата изборна единица е таму далаеку од дома. Тој просто бега од своите земјаци бидејќи таму не е омилен и не може ним да им ги раскажува бајките за кои е извежбан. Пред се’ заради сликата за него која таму, крај Езерото, постои за него
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Човекот кој ќе биде на првото место на изборната листа за „четворката“ од ВМРО ДПМНЕ веројатно ја изговорил како млад човек оваа позната реченица од филмот „Се сеќаваш ли на Доли Бел“ од насловот. Тоа, ако никогаш дотогаш секако ја ирекол кога гледал огромната зграда, поставена на површина од 2.000 квадратни метри на веројатно најатрактивното место на охридското крајбрежје – Свети Стефан. Ем блиску до градот, некои 7 километри, ем на самите најпосетени плажи, ем сопствен паркинг (паркинзи), ем, веројатно, според мерилата на Груевски – „нешто џабалак“. Јасно, ако интересентот за објектот има посебен третман! Имено, според актуелните цени овој простор да се купи како градежно земјиште би чинел милиони суми (во евра) а да не говориме за цената на изградбата, која би вредела екстремно многу пари. Јавноста во Охрид истиот објект, видли и од авион, го врзува за споемнатиот сограѓанин Александар Николовски, кој по ова прашање едноставно молчи. Да, за селско дете (роден во Лескоец) тоа е секако врв на мечтите кои се јавувале во најмладиот период, оној кој ги изговара зборовите за напредокот (во оргиналот припаѓаат малиот Дино од филмот „Се сеќабаше ли …“) а кои така бргу се остварувале и доста пред неговите сегашни 40 години (https://gragjanskizbor.mk/glasot-na-javnosta/foto-od-kaj-da-znae-aleksandar-nikoloski-kade-e-konche-koga-se-zanimaval-so-divogradbata-na-2000-m2-vo-ohrid/).
Нерговото молчење е индикативно а секаки фактот дека тој едноставно без зборови си стои зад пријавениот имотен лист во ДКСК кој е релативно скромен (двособен стан во Скопје, неколку автомобили и сметки со пари и се тоа натоварено на име на миразот на сопругата со која е оженет од 2018 година, како еден од начините на кој македонските функционери прикажуваат дека самите се „голи и боси“. Уште да им собираме прилози….
А што да каже по однос на врзувањата на тој езерски мега-објект со неговото име? Веќе пријавил некаква имотна состојба а ако не е точна тоа е веќе тежок правен фаул. Згора и го отвора прашањето од која плата во партијата или како пратеник тој можел да дојде до таков имот! Згора тој имот, тврдат медиумит е дивоградба, бидејќи ја нема во урбнистичките планови па тоа е додатна бариера за било какво признавање – само отвора другите кривично правни моменти. Еден куп.
Оваа ситуација за Николовски е јасна и затоа тој повторно, како на парламентарните избори во летото 2020 година бега во четвртата изборна единица. Може ли тој едноставно да се појави пред граѓаните во некакви митинзи каде би добил рафал од прашалници за тоа како, на пример, ВМРО ДПМНЕ би се борела со корупцијата, активност со која вмрроовци од утрината си ги мијат забите место со каландонт, ако тој самиот е егземплар на најголемата охридска тајна последните години?! И дали и натаму ѕолку ќе го споменуваат и натаму зборот хациенда, омилен во вмроовскиот речник кога тој така лесно би се залепил за споменатиот „невидлив“ објект во Свети Стефан. Значи Босилово одново ќе го види Николовски на предизборен митинг.
Ова е значи второ искушение на Николовски како прв на листата во 4-ката. Прттходниот пат ВМРО ДПМНЕ во овој изборен регион со него на чело освои десет пратеници, исто колку и неговито главен противник СДСМ. Реално, во сите изборни единици тогаш односот меѓу главните ривали беше изедначен, освен во скопски Центар и во 6-ката каде СДСМ доби јасни победи над главниот ривал. Овој регион (Струмица- Неготино – Кавадарци – Прилеп) беше важен, бидејќи, од него потекнува и тогашниот премиер Заев, тоа требаше да биде победа на „туѓ терен“. А сега прв на листата на социјал-деморкатите и коалицијата ќе биде д-р Филипче, исто така крупен залак за Николовски.
Инаку она „брзо напредувам“ за Николовски секако вреди, бидејќи овој дипломиран политиколог на УКИМ, на свои 24 години станал претседартел на Унијата на млади сили на својата партија, кога, воедно станал и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, каде повторно бил избран во 2017 година. Во повеќе наврати бил пратеник во македонското Собрание – има пратенички стаж од петнаесетина години. Тој е комплетно врзан за професионален ангажмман за една партија и нема траги оставено никаде на друго место. Освен еднаш, кога после изборите во 2016 година, кога дојде до пресвртот на политичката карта. И кога многу вмроовци од врвот посакаа да си најдат прибежиште надвор од партискиот атар.
Според онаа позната поговорка на ДУИ – „секоја нога виси за себе“, од времето кога во Мала Речица ја прифатија коалицијата со Груевски во 2008 година и го напуштија сојузот со Шеќеринска (тогаш лидер на СДСМ) и за тоа бара оправдување, многу функционери на црвено-црните го оставија Груевски сам да се бори со правадата која му се закануваше за бројни недела во кампусот на судските институции.( https://iportal.mk/makedonija/se-spasuvaat-koj-kade-mozhe-aleksandar-nikolovski-od-pratenik-zaminuva-za-ambasador/)
Дел од функционерите како Мијалков и Јанкуловска беа симнати од позициите после настаните во Дивље насеље (мај 2015 година) под притисок на западните сојузници. Министерот за Администрација и информатичко општество, Иво Ивановски отиде во Бугарија да работи во телекомуникацискиот систем. Зоран Ставревски, кој беше кум на Груевски и негова десна рака, замина од зоната на видливост а и натаму е под дофатливост на радарот на љубопитноста Но, пратеникот Николовски, го замени Парламентот со амбасадорка позиција, која му изгледала покомотна – стана претставник на земјава во Мисијата на ЕУ во Брисел. Замислете си сега – еден ккласичен антизападњак си седна во фотелјата на оние кои треба да бидат градители на нашите идни приоритетни сојузи?! Кмопликувано, нели. Иако неговата дипломатска иднина беше градена и низ фактот дека тој претходно веќе беше претседател на Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа.
И од каков „квалитет“ е таквиот наш претставник во странство покажа т.н. кавијар афера која целосно го разобличи Николовски, инаку постојан потпретседател на ВМРО ДПМНЕ. Низа европски тинк-тенк организации, германски и домашни медиуми открија меѓународен скандал, поврзан и со Александар Николовски, пратеник и висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, во тие извештаи се објавува сознание за огромен коруптивен скандал со дел од пратениците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и нивното политичко делување во Азербејџан. Истите, оние кои биле наблудувачи на изборите во оваа земја, ги квалификувале изборите како фер и демократски а за сето тоа европјаните добивале пари, накит, скапи теписи, ноќевања во луксузни хотели во Баку и Инстанбул и што ли уште не. Ова особено важело за наблудувачите кои биле дел од мисиите на изборите во Азербејџан во 2013 и 2015 година, како и на референдумот од 2016 година. Дел од таа мисија, а во еден наврат и шеф на мисијата бил и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски (https://gragjanskizbor.mk/aktuelno/kostadinov-aleksandar-nikoloski-molchi-za-negovata-navodna-povrzanost-vo-skandalot-kavijar-diplomatija-so-shto-go-rushi-ugledot-na-drzhavata/?fbclid=IwAR3rZUEpWykQY1US1m0W0wguRJrsvictsUH946_AhXCQXLIU2KgUS0x2jnY)
Дека ова не се само обични тврдења за наводна корупција, покажал и случајот со колегата на Николоски, италијанскиот пратеник Лука Волонте, кој во таа афера добил осуда од четири години затвор заради примање мито од Азербејџан. Одредени европски организации го нарекоа поц тој повод Николовски – „лидер на измамничка набљудувачка мисија“?
(https://sdsm.org.mk/pres-konferencii/23689) (https://www.slobodnaevropa.org/a/azerbejdzan-kavijar-diplomatija-pod-pritiskom/27495347.html)
Како и секогаш молкот на најголем дел од медиумите кај нас ги сокрива ваквите афери, кои во исто време предизвикаа сериозни европски политички земјотреси! Нема таква афера која може да го разбуди интересот на нашите „независни“ гласила а која би ги натерала да се заинтересираат за улогата на вмроовскиот врв, каде Николовски е подолго време втор човек, како во времето на подоцнежниот груевизам така и во времето на Мицковски, кој веројатно морал да прифати се’ што ќе му биде наложено, за да биде избран за „греач на фотелјата“ во Палатата Татарчев. Во тој политички багаж е и Николовски од Лескоец..Она што засега го прави политички маратонец во позицијата во партијата е дека кај Груевски тој беше најприсниот и најдоверлив сопартиец (го нема многу во „бомбите“). Бепе, да се потсетиме, со Груевски во Виена за време на неговото алиби патување за време на обидот за државен удар во земјава на 27 април 2017 година. Право на тајно давање имаше само шефот на партијата, додека другите не смееја да разговараат и со нивните најблиски во семејствата. На судењата потоа, за учесниците во тој настан, се покажа дека Николовски останал нем, додека еден од телохранителите сепак се јавил дома, на загриженото семејство, што потоа го одврза клопчето како доказ во судењето.
Николовски остана втор во време на Мицковски и бегството на неговиот шеф во Будимпешта а беше со новоназначениот претседател на партијата и кога синот на професорот од Машински заминуваше на гости кај побегуљата на синиот Дунав!? Ама стамено втор останува и потоа, кога се разидоа деловните интереси на релација Палата Татарчев – бидимпештански стан во егзил, по она „фатени рачиња во медот“ есента 2022 година! Кавга која ја иницираше градоначалничката на градор, инаку ставена на таа позиција и од страна на будипештанецот. Е од таков рингишпил, од тие ваму-таму ситуации за кусо време треба да се симнеш со тетеравење, ама тој остана како што кажува неговиот поглед еден вид на човек со суста на усните.
Таа негова постојаност во оваа партија, создадена кога тој можел да биде само во градинка, е облјежје во третманот и на медиумите и на судиите. Да спомнеме и еден спор од охридскиот суд. Во него братот на експремиерот Заев – Вице Заев (https://sdk.mk/index.php/makedonija/aleksandar-nikolovski-vinoven-za-kleveta-protiv-vitse-zaev-no-nema-da-mu-plati-500-evra-otshteta/
беше во спор со Николовски околу навреда изнесена во видео интервју со еден медиум, каде рекол дека тужителот добивал тендери од неговиот брат (односно од Владата). Охридскиот суд, како домицилен, тогаш (2019 година) очевидно не ни смеел да помисли да осуди вмроовски званичник,, особено од својот крај, па направил необичен – благо речено – компромис. Николовски го изгубил спорот, бидејќи, не усперал да докаже дека тој има свои автентични докази за тоа што го тврди. Тој на судењето цитирал толку многу медиуми кои ја повторувале лагата за „кланот Заеви“ (Курир, Нетпрес, Денешен, Инфомакс и други) што на судијката сепак и оставил впеќаток и таа не одрдила казна за Николовски! Инаку истата и онака по барање на тужитњлот беше симболична – 500 евра. Што се вели крив е ама „малку“. Дури ни за таков дребулија…..
Оваа и некои слични афери секако не се пречка носителот на листата на ВМРО ДПМНЕ и нивната коалиција во 4-ката да говори за борба против корупцијата. Една од неговите карактеристики и основа на она „секој ден напредувам“ е фактот дека тој простоо има израз на лицето што не прави никакви емоции, па се разбира нема и манифестации на некакво срамеење, што е во случајот една партиска препорака за нивен функционер. И онака има црвено лице па не може да се зацрвенее. Ете, на своето последно гостување во Гевгелија (негов изборен ареал) https://makfax.com.mk/makedonija/николоски-чистењето-на-криминалот-и-к/ тој остана доследен на својата карма на недопирливост.
Така, Александар Николоски на трибина во најјужниот наш град на тема „Борба против корупцијата и криминалот“ од акцијата „Ова е Македонија за сите“, истакнал дека чистење на криминалот и корупцијата ќе биде приоритет број еден на новата влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што сега со оваа власт на СДС и ДУИ, криминалот царува, а корупцијата цвета, што стана причина број еден зошто Македонија назадува. Внимавајте на она што следи:
„Ако поразговарате со луѓето кои си одат од Македонија ќе забележите сериозна разлика од пред 10, 15, 20 или 30 години со тие кои тогаш си оделе од државата. Ако тогаш број еден причина биле економските услови, сега број еден причина е како што вели народот дека нема ред. Нема ред е кажано она што го зборуваме денес, дека криминалот царува, а корупцијата цвета“, рекол Николоски.
Обично, според тактиката на оваа партија тие изјави и предавања за етика се даваат во затворени простори, исполнети со партиски луѓе, кои ќе аплаудираат и нема да прашуваат. Особено во насока –дали Николовски воопшто може да биде борец против корупцијата? Новинарските извештаи ќе бидат исто така еднонасочни, безлични и без дилеми и тоа е огромната заштита од меморијата на нацијата за вмроовските политичари. Никој не гледа што прават, туку го пренесуваат беспоговорно само она што ќе го кажуваат.