Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АЛИЈАНСА НА ТАРАВАРИ: МЕЏИТИ Е КУМОТ НА КОЦКАЊЕТО

September 10, 2025 Filed Under: Македонија

Кога беше во опозиција, велат од крилото на Таравари, Меџити вети дека ќе ги затвори сите казина и обложувалници кои уништуваат илјадници албански семејства

МЕЏИТИ Обвинет дека место да оди против коцкањето тој го шири порокот

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари јавно го прашува првиот вицепремиер, Изет Меџити што се случи со казината и обложувалниците во Македонија – дали се затворија или, напротив, дали се зголемија уште повеќе?

-Новиот Закон за коцкање само го зајакна бизнисот на коцкарските олигарси. Изет Меџити е кумот на коцкањето. Со најновите измени е отстранет и единствениот аргумент што го користеа Меџити и кликата ВЛЕН. Со овие измени, повторно е можно организирање на онлајн коцкање од страна на приватни субјекти – точно како што беше порано, обвинуваат од АА.

Кога беше во опозиција, велат од крилото на Таравари, Меџити вети дека ќе ги затвори сите казина и обложувалници кои уништуваат илјадници албански семејства.

Денес, од владина позиција, реалноста е сосема поинаква: наместо да се изгаси овој феномен, секој ден се отвораат нови точки. Молчењето и изговорите не можат да ја сокријат вистината. Меџити беше претставен како спасител од коцкањето, но денес тој стана симбол на политички неуспех и лицемерие.

Алијансата за Албанците ја повикува владата веднаш да спроведе мерки за ограничување и контрола на коцкањето, наместо да стане дел од коцкарската мафија. Граѓаните заслужуваат влада која се грижи за семејствата, а не лидери кои ветуваат едно, а прават спротивното, стои во партиското соопштение.

 

Filed Under: Македонија

БРИСЕЛ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА
АФЕРАТА ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛИЗГА НА СОПСТВЕНИТЕ ПРОТИВРЕЧНОСТИ
ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ? ГО ПРИНЗАВА ЛИ ТОА ПУТИН
ЛИНА ЃОРЧЕСКА СЕ ВРАЌА ВО ФОРМА
СОВРШЕНИ ЖРТВИ (2)

Најново

  • БРИСЕЛ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА
  • АФЕРАТА ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛИЗГА НА СОПСТВЕНИТЕ ПРОТИВРЕЧНОСТИ
  • ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ? ГО ПРИНЗАВА ЛИ ТОА ПУТИН

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet