Нема сомнение дека многу разузнавачки агенции во САД, Турција, Ирак и Курдистан доведоа до откривањето и смртта на лидерот на Исламската држава Абу Бакр ел Багдади. Набрги меѓутоа во преден план избија други моменти – еден воен пес и гаќите на убиениот
АНДРЕЈ ИВАЊИ
Барак Обама го прослави убиството на Осама бин Ладен. Наследникот на Обама, Доналд Трамп, ја слави смртта на наследникот на Бин Ладен на чело на терористичката организација Исламска држава (ИД) – Абу Бакр ал-Багдади, роден на 28 јуни 1971 година во Ирак, кој беше принуден да изврши самоубиство на 26 октомври 2019 година во Сирија. Барем според официјалната верзија.
Смртта на Багдади е порано објавувана барем пет пати од страна на медиумите. Овој пат, се чекаше на ДНК анализа и потврда од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека американските специјални сили го опколиле Багдади, кој избегал во тунел, каде активирал бомба и се убил себе и двете негови деца.
ХЕЛИКОПТЕРСКА АКЦИЈА Филмот се случи во малиот град Бариша, северно од провинцијата Идлиб, на околу пет километри од границата со Турција. Осум американски хеликоптери, наводно, летале кон локацијата каде бил Багдади и отвориле оган од нивното моќно оружје. Специјалистите скокнале од хеликоптерот, пукале кон сè што се движело и убиле девет лица. Исто како и на филм, само Багдади успеал да избега во еден кус период, но сепак тој останал сам во скривница без излез. Клучните оперативни информации биле добиени од курдската разузнавачка служба, доставена до американската ЦИА. Барем според курдски извори.
Британскиот „Гардијан“ претходно напиша дека по еден воздушен напад кога бил ранет, Багдади бил параноично претпазлив, дека никој не смеел да користи мобилен телефон во негова близина, комуницирал или преку белешки или само лице в лице, дека скоро никој не бил присутен во негова близина. Тој верувал дека има некој посебен механизам за следење, особено откако американските беспилотни летала ги убиваа неговите команданти, еден по еден. На крајот бил предаден од еден шверцер на луѓе, што ги довел нго и неколку негови роднини, жени и деца до границата со Турција. Не се знае каде би одел потоа..
УСПЕХ ВО ВИСТИНСКИОТ ЧАС Германскиот неделник „Шпигел“ наброил кого се може да му се заблагодари Трамп за неговата успешна акција: на Турција, Ирак, Сирија и сириските Курди, кои ги остави на цедило пред турската офанзива неколку недели претходно. Русите скромно го негираа својот придонес, за разлика од сириските бунтовници чии претставници рекоа дека учествувале и во откривањето на скривницата на Багдади. Курдскиот командант Мазлум Абди рече дека операцијата е „плод на петмесечна соработка меѓу Курдите и САД“. Сите против сите, сите против ИД.
За Доналд Трамп, елиминацијата на Багдади дојде во вистинско време, кога дури и некои републикански конгресмени злобно го напаѓаат, заради извлекувањето на американските трупи од Блискиот исток и со тоа ја отворија вратата за зајакнување на руското влијание. Трамп рече дека Американците во иднина првенствено „ќе обезбедуваат нафтени полиња“.
По повод смртта на Багдади, тој исто така рече дека тој починал како плачко, натеран во тунел од кој немало излез, што некои коментатори го припишуваат на неговата имагинација и склоност кон театралност. Самото име на акцијата, врзана за американскиот командос Кајл Мулер, придонесе за драматична природа на приказната и засилување на патриотските, сентиментални чувства: името на Американецот е поврзано со неговото киднапирање од страна на ИД во 2013 година и се претпоставува дека е мртов.
КУЧЕТО СЕ ЧУВСТВУВА ДОБРО Кратко време по веста дека се самоубил досегашниот лидер на ИД, пантолоните излегоа на виделина. Курдски агент, наводно, избегал во непосредното соседство на Багдади и ги украл пантолоните, кои по ДНК-анализата потврдиле дека тоа навиустина е тој. Деталите не се познати, велат со што е споредувана ДНК од предметните панталони за да се утврди кој е тој навистина.
Податоците на Багдади потоа беа заменети во медиумското место од страна на неименувано куче во службата на американската армија, кое, наводно, најмногу заслужувало да не излезе Багдади од обрачот и било полесно повреден за време на акцијата. Кучето во САД е на најдобар пат да стане херој во борбата против исламистичкиот тероризам. „Тоа направи одлична работа“, твитна Трамп, но неговото име и раса нема да бидат ослободени за да ја загрозат неговата безбедност.
На прес-конференцијата во Пентагон, американскиот началник на штабот, Марк Мили, ги увери сите Американци, загрижени за здравјето на кучињата, велејќи дека тоа добро се опоравува и потврди дека војската мора да го „заштити неговиот идентитет“, бидејќи тој сè уште е на теренот.
Телото на Багдади беше фрлено во морето. Местото и времето не се објавени.