На Црната листа на САД, покрај Груевски е и неговата фирма регистрирана во Унгарија во малото место во близината на Будимпешта, Пецел. Отсуствува реакција на сите можни активности што преку разни кабнали се правата од Скопје кон надвор и обратно
Притисокот кој го врши ВМРО ДПМНЕ во земјава деновиве се само дел од серијата обиди за правење на немири во земјава, како пледоаје на враќањето на Груевски во Македонија. За ова сме пишувале многупати. Само во последните 6 месеци, по изјавата и на експремиерот Зоран Заев за влог на многу фирми во промена на власта, овој пат со локалните избори како поддршка, се случија неколку важни настани. Еден беше преку промена на парламентарното мнозинство , што не успеа во пследен час. Вториот пат беше со фаќање на Скопје во клештите на студот, по наводниот колапс на Топлификација, кој државата го реши на своја (ин наша, буџетска) сметка. Во Новата година очевидна и играта со наводните социјални немири откако целосно ја прецени сопствената (партиска) моќ за излегување на улица. Очевидно синдикалните лидери и самите се плашат од излегување на улица бидејќи таму се разголува нивната издишана поддршка од членството. Еве и последните два штрајка, секако, наидуваат на револт а не на поддршка кај граѓаните – не се вели во медиумите, бидејќи, таму сите хушкачи си имаат своја маса за дискусија во студијата. Еве ја приказната.
На дваесетина километри источно од Будимпешта се наоѓа малото гратче Пецел. Ни историјата, ниту актуелните вести на Интернет-страницата на местото, кое е дом на вкупно 14.328 жители, не откриваат ништо особено за гратчето чии најпознати синови (според Википедија) се еден поранешен унгарски министер за одбрана и еден фудбалер. Но жителите на Пецел – чие име според локалните историчари потекнува од словенскиот сложен термин кој означува „пет села“ – имаат нова причина за задоволство, опишува Дојче веле. Нивната, доста штура, страница на Википедија во иднина може да биде збогатена со името на уште еден истакнат сожител: Никола Груевски, поранешен премиер на Република Македонија.
I.C.I.C. Дооел е регистриран на 14 јули во куќата на улицата Боцскаи бр. 9 во Печ. Управител и сопственик на компанијата е самиот Груевски, основна дејност на фирмата е деловен и ПИ АР, организирање на конференции, но и други активности вклучувајќи трговија на големо со порцелан, стакларија и производи за чистење. Фирмата иако со седиште во ова село крај Будимпешта е регистрирана на адреса на живеалиштето на неговата мајка, Нада во Скопје. Како управител на фирмата фигурира извесна адвокатка Катлин Хорњик. Оновачкиот влог во фирмата е 3 милиони форинти или 8 илјади евра.Е сега, надвор од агенциските вести, да се запрашаме – можен ли е трансдер на пари од Скопје кон Будим и обратно со оваа фирма. И од фирмата кон трети земји? Ова е секако важно. На ова алармираше во емисијата „Вин, вин“ новинарот Орданоски, кој оцени дека кон ваквите можности постои индиферентност кај надлежните органи во земјава! Дали на овоуј начин од земјата испариле оние силни милијарди евра?
Согласно унгарските закони за секоја бизнис активност компаниите добиваат посебен даночен број, а Груевски очигледно не сакал да биде ограничен во однос на трговијата, па ги регистрирал речиси сите кои му стоеле на располагање. Па така, фирмата на експремиерот ќе може да врши трговија на големо со порцелан и стакларија, како и со средства за чистење; трговија на големо со храна, пијалоци и тутун; како и со други разновидни стоки. Експремиерот планира да биде активен и во сферата на управување со имоти (холдинг), во бизнис менаџмент, а ќе има можност да си ја проба среќата и во комуникациите со јавност, рекламирањето, во истражувања на пазари и испитување на јавно мислење, како и во организација на конференции и трговски изложби. Регистрацијата на фирмата со сите овие трговски можности го чинела Груевски точно три милиони унгарски форинти или 8.350 евра. Комуникацијата на фирмата по електронски пат ќе се одвива преку имејл адресата која гласи: icic.wbm@gmail.com
Миклош Лигети, директор на Транспаренси Интернешнл коментирајќи го ставањето на американста црна листа Груевски и неговиот братучед како и оваа фирма значи дека Западот превзема мерки како дел од санкциите кон Русија, но и нејзиното влијание на Балканот.
„Груевски не мора да се плаши од Унгарија, бидејќи, одлуката на САД само му забранува влез во САД или, доколку има, му ги замрзнува средствата таму и ги спречува Американците да прават бизнис со него” вели Лигети.
Куќата во која се наоѓа седиштето на фирмата на Груевски изгледа скромно и не отскокнува во урбанистичкиот пејзаж на Пецел. Тоа е просечна семејна куќа, опкружена со туја и ограда од штици, велат за НОВА колеги новинари кој го познаваат случајот на Груевски. Некои од нив разговарале и со локаното население, шишува „Нова“. Локалните жители велат дека ретко може да се види некој во куќата. Тие се информирани за тоа дека со нивното место постои врска на некој кој бил премиер во Македонија но не го препознале досега самиот Груевски. Велат повремено во куќата доаѓаат некои луѓе кои, локалните жители по говорот ги препознаваат како Бугари или Срби. Куќата делува ненаселена па сепак на прозорецот кој гледа кон улицата во внатрешноста се гледа орхидеја која е жива што сугерира дека некој понекогаш ја наводнува.
Од непознати причини, Груевски одлучил да не приложи лична адреса во Унгарија, туку ја навел адресата на неговиот адвокат во Будимпешта. Извори на Дојче веле во Унгарија објаснуваат дека веројатно Груевски сакал од безбедносни причини неговата домашна адреса во земјата, во која избега во ноември 2018 година, да остане тајна. Но затоа, експремиерот немал проблем како втора адреса за комуникација да ја наведе онаа во Скопје, на улицата Павел Шатев број 3 во Кисела Вода, од каде што се упати на долгото бегство до Унгарија.
Но генерално отворањето на сметката може да значи само две нешта – можност за финанска слобода и трансфер на парите, но и негова надеж, ветена од Мицковски секако, дека нетовите ќе дојдат на власт. Тоа ветување за него се оддолжува. Одлуката на американските власта за ставање на црна листа му ги исфрла тие надежи од раце. Но не сосема. Малку треба да поработат и домашните фактори.