Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АМЕРИКАНСКИ КОНГРЕС: КОЈ ДА ЈА СВАТИ ЦЕЛИНАТА НА СЛУЧАЈОТ СО РУСКОТО ВМЕШУВАЊЕ

May 7, 2019 Filed Under: Свет

Јасно е дека се однегнува сослушување во оној дел од Конгресот каде демократите имаат мнозинство

РОБЕРТ МУЛЕР Неговиот извештај не го ослободува Трамп од одговорност

Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом ќе го подржи сослушувањето за извештајот на специјалниот советник Роберт Мулер за мешањето на Русија во изборите, но доколку не се случи промена во последен момент, главниот правобранител Вилијам Бар нема да се појави.

Од Одделот за правда соопштија дека планот на претседателот на Комисијата за правосудство, конгресменот Џеролд Надлер, главниот правобранител Бар да биде испрашуван од вработените е „несоодветен“, додавајќи дека главниот правобранител е подготвен да одговор само на директни прашања од конгресмените.

„Се надевам и очекувам дека главниот правобранител ќе размисли преку ноќта и ќе дојде”, одговори Надлер.

Бар вчера неколку часа сведочеше пред Сенатската комисија во врска со заклучокот дека немало опструкција на правдата од страна на претседателот на САД Доналд Трамп и за неговиот надзор за завршување на извештајот на Мулер.

Надлер планирал во Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом да се разгледуваат истите теми, давајќи им на 41 член по пет минути за да му постават прашања до Бар, а потоа уште 30 минути за демократските и републиканските правници во комисијата да постават дополнителни прашања.

СВЕДОЧЕЊЕ Демократие не се задоволни што нњ добиваат увид во документацијата – заклетва пред сведочењето

Бар се согласи да биде испрашан од конгресмените, но ја отфрли можноста да биде испрашуван од правниците. Надлер изјави дека комисијата ќе преземе дополнителни акции, ако Бар не се појави на сослушувањето.

Со својот кредибилитет под прашање, американскиот јавен обвинител Вилијам Бар енергично го бранеше во Конгресот неговото контроверзно постапување со извештајот на специјалниот советник Роберт Мулер. Но, веднаш потоа тој реши да не се појави на четврточното сведочење и пред Комитетот за правосудство.

Во неговото прво сведочење во Конгресот од објавувањето на редактираната верзија на извештајот Бар ги отфрли наводите од специјалниот советник Мулер дека ги објавил заклучоците на нецелосен начин.

Бар ја бранеше и неговата одлука дека активностите на претседателот Доналд Трамп не биле предмет за истрага, иако Мулер напиша дека Трамп постојано се обидувал да ја попречи истрагата.

„Мислам дека за Владата немате судски случај“, рече Бар.

Јавниот обвинител ги објасни и неговите постапки во врска со објавувањето на писмото, кое Мулер го испрати до Бар и во кое му забележува дека резимето на Бар на неговиот извештај не успеало да ги долови „контекстот, природата и суштината“ на речиси двегодишната истрага на Мулер.

„Му се јавив на Боб и го прашав: „Што е проблемот тука? Дали тој сугерира дека писмото од 24 март е неточно. Тој рече ’не’, но оти известувањето за печатот било неточно“.

А ЗОШТО ДА ВИ ДАДАМ Јавниот обциниел Бар не сака да навлезе многу во тоа зошто не покренува обвинение против Владата и не дава „иркање“ воп документите

Бар реши да не покрене обвинение против Трамп, иако Мулер јасно не го ослободува претседателот, оставајќи му на Конгресот да преземе понатамошни акции.

Демократскиот сенатор Патрик Лихи притоа рече:

„Чувствувам дека вашиот одговор беше намерно погрешен“.

Републиканците во одбрана на Бар се обидоа да го свртат фокусот на друго место.

Линдзи Греам изјави:

„Кога извештајот на Мулер ќе биде ставен во постела, а наскоро ќе биде, овој комитет ќе изгледа долг и напорен како што и сето ова започна“.

Инаку, објавената редактирана верзија на извештајот на специјалниот советник на Роберт Мулер стана бестселер во САД.

Само во првата недела од појавувањето биле продадени над 40.000 примероци, што е најмногу од која било друга книга.

Во почетокот на 2017 година Мулер доби задача да спроведе истрага за вмешаноста на Русија во претседателските избори во 2016 година и можните интеракции меѓу соработниците на Доналд Трамп и руски официјални лица.

 

Filed Under: Свет

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet