Дали трката на Трамп да се обезбеди вакцина против ковид-19 се исплати ако околу 49 отсто од граѓаните,одбиваат имунизација, велат дека се загрижени за можните негативни последици од неа, открива анкета на ценатрот „Пју“
Речиси половина од Американците се изјасниле дека дефинитивно или најверојатно не би се вакцинирале против ковид-19, ако вакцина би била достапна уште денес, покажува анкета на центарот „Пју“, која била спроведена на почетокот на месецов.
Околу 49 отсто од граѓаните, кои одбиваат имунизација, велат дека се загрижени за можните негативни последици од вакцината.
Довербата на јавноста во безбедноста на вакцината против ковид-19 се промени. Во мај, истражување на центарот „Пју“ покажа дека 72 отсто од Американците кажале оти би се вакцинирале ако постоела вакцина. Сега само 21 отсто, пак, во најновата анкета кажале дека дефинитивно би се вакцинирале.
Анкетата, исто така, открива дека 77 отсто од Американците веруваат дека вакцините кои се развиваат во САД веројатно би биле одобрени пред да се завршат тестовите за безбедност и ефективност. 78 отсто од повеќе од 10.000 испитаници се загрижени дека одобрувањето на вакцината ќе се одвива пребрзо, без да се утврдат стандардите за безбедност и ефективност.
Истражувањето покажа дека само 20 отсто од анкетираните сметаат оти одобрувањето на вакцините би се одвивало пребавно.
Агенцијата соопшти дека вакцината би била бесплатна за сите Американци што ќе стане широко достапна. Центрите за контрола и превенција на болести во САД објавија план за дистрибуција на вакцината 24 часа по нејзиното одобрување. Според овој план, вакцината ќе се дистрибуира откако ќе биде одобрена од Администрацијата за храна и лекови, или со наредба за итна употреба, или со целосно одобрување.
Вакцината, најверојатно, прво ќе им се даде на суштинските работници, како здравствените лица. Агенцијата соопшти дека вакцината би била бесплатна за сите Американци што ќе стане широко достапна. Планот беше објавен во ист ден кога претседателот Доналд Трамп му се спротивстави на директорот на Центрите за контрола и превенција на болести Роберт Редфилд, околу тоа кога Американците би ја добиле вакцината против ковид-19.
Редфилд, пред Сенатот, изјави дека вакцината генерално би била достапна за јавноста во вториот или третиот квартал следната година, со приоритет на оние кои спаѓаат во најголем ризик, како постарите лица и оние со претходни болести.
„Мислам дека направи грешка кога го кажа тоа. Тоа е неточна информација. Под никој услов нема да биде толку доцна како што кажа докторот“, рече Трамп.