Стотина илјади протестанти се уште патролираат низ улиците. Како полицијата да применува нова тактика – ја конролира масата со помалку примена на насилство. Засега страдаат само спомениците
Републиканците и демократите поддржуваат формирање комисија, чија цел би била истражување на причините за криминал во малцинските заедници.Ова е една од последните вести на Гласот на Америка, редакција која е под посебен удар на претседателот Трамп. Но, тие проодолжуваат со работа.
Значи, Сенатот и Претставничкиот дом планираат да гласаат неделава за предлозите за полициски реформи. Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом го одобри планот на мнозинството демократи, со кој би се забранила употребата на техниката на давење, би се ограничел имунитетот на полицајците, олеснувајќи им на тој начин на лицата, кои сметаат дека биле оштетени при полициска акција, да поднесат тужби против нив.
Лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, рече дека републиканскиот план ќе се стави на процедурално гласање.
Овој план, пак, предвидува сојузните и локалните влади да одговараат пред Одделот за правда за употребата на налозите издадени од судија, при полициски рации на лица осомничени за криминал.
Исто така, би го ограничило федералното финансирање, ако полициските агенции немаат политики за забрана на употреба на техниката на давење, освен кога затоа има авторизација.
И републиканците и демократите поддржуваат формирање комисија, чија цел би била истражување на причините за криминал во малцинските заедници.
Полицијата и локалните медиуми јавуваат дека демонстрантите собориле уште еден споменик на Конфедерацијата во градот Ричмонд, Вирџинија. Весникот Ричмонд Тајмс објави дека статуата, споменик на артилериската единица на Конфедерацијата се наоѓала во близина на кампусот на универзитетот Комонвелт во Вирџинија. Весникот објави дека демонстрантите користеле јаже за да го симнат споменикот од неговиот пиедестал. Демонстрантите марширале во текот на вечерта, при што уште еднаш ги повториле своите барања за отстранување на сите споменици на Конфедерацијата и формирање на цивилен одбор за надзор на полициските активности.
Во видео објавено на веб-страницата на Тајмс, може да се види како статуата испрскана со боја е спуштена на земја.
Ова е трета статуа на Конфедерацијата и четврт споменик срушен од демонстрантите во Вирџинија, откако избувнаа меѓународните протести минатиот месец, повикувајќи на полициски реформи по смртта на Џорџ Флојд, Афроамериканецот кој почина во полициски притвор.
Статуи на претседателот на Конфедерацијата, Џеферсон Дејвис и генералот на Конфедерацијата, генералот Вилијамс Картер Викам, како и статуата на Кристофер Колумбос, беа соборени од демонстрантите во последните неколку недели. Градот бил главен град на Конфедерацијата за време на американската граѓанска војна од 1861 до 1865 година.
Претежно мирни протести со стотици илјади учесници се одвиваа на улиците на Њујорк, Лос Анџелес, Филаделфија, Вашингтон, Атланта, Сан Франциско, Сиетл и други градови.Немало потреба од полициска интервенција во повеќето градови, но најмалку еден полицаец е повреден во судирот со протестантите во Њујорк. Судирот избувна кога полицијата ги спречи демонстрантите да напредуваат по улиците на Бруклин, а мала група која се издвојуваше и го обиколи полицискиот автомобил.
Според извештајот на Си-Ен-Ен, во тоа време дошло до судир, по што биле приведени неколку демонстранти.
Многумина го припишуваат смирувањето на ситуацијата на улиците на американските градови на различен пристап на полициските сили. На пример, во Њујорк на демонстрантите им беше дозволено да останат на улиците дури и откако ќе стапи на сила декларираниот полициски час.
„Нашата порака стигна до демонстрантите“, рече полковникот Кевин Кнап од полицискиот оддел Атланта, додавајќи дека полицијата поддржува 99 отсто од демонстрантите кои протестираат мирно, иако проблеми се создадени од малцинство.
„Свесни сме дека мора да има систематска промена. Но, другата страна исто така мора да нè разберат“, заклучи Кнап, чии шест колеги беа приведени под обвиненија за злоупотреба на службената должност и прекумерна употреба на сила против две лица, кои подоцна беа идентификувани како студенти.
Во Вашингтон, на полициските службеници им беше помагана во одржувањето на редот од страна на Националната гарда.
Немирите беснеат во САД повеќе недели во врска со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Офицерот белец, Дерек Шовин, му го притисна коленото на вратот скоро девет минути, сè додека Флојд не издиша. Независна обдукција, побарана од семејството на Флојд, покажа дека човекот се задушил.
Но, сепак не беше се така мирно. По убиството на Флојд се случи уште еден Афроамериканец да го изгуби животот. Деновиве окружниот обвинител на американската сојузна држава Џорџија, Пол Хауард Џуниор ги презентираше точките на обвинието против полицаецот кој го уби Рејшард Брукс
Полицаецот од Атланта кој минатата недела пукаше во Афроамериканецот Рејшард Брукс, на паркингот пред еден ресторан за брза храна, е обвинет за кривично дело убиство, соопшти окружниот обвинител на американската сојузна држава Џорџија, Пол Хауард Џуниор. Смртта на 27-годишниот Брукс, последната жртва на долгиот список Афроамериканци кои ги убиле полицајци, дополнително ги заостри расните тензии во САД во момент кога ширум земјата се одржуваат протести против расизмот и полициската бруталност, поттикнати од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд на крајот на мај во градот Минеаполис.
Полицаецот Гарет Ролф, кој го уби Брукс на 12 јуни и наредниот ден доби отказ бидејќи инцидентот го снимија безбедносни камери, е обвинет за убиство сторено во рамки на кривично дело и за напад со смртоносно оружје, изјави обвинителот на округот Фалтон, Паул Хауард, на конференцијата за новинари во Атланта.
Гарет Ролф се соочува со вкупно 11 обвинувања, а ако биде прогласен за виновен, би можел да биде осуден на смртна или доживотна затворска казна. Афроамериканецот Рејшард Брукс заспал во автомобилот во близината на еден ресторан за брза храна во Атланта, што им оневозможило на други возила да помнат, поради што е повикана полиција.
Како што се гледа на снимките кои се проширија на социјалните мрежи, Брукс мирно разговара со полицајците, а кога сакааат да му стават лисици бидејќи утврдиле оти е во алкохолизирана состојба започнал да бега.
На еден од полицајците му го одземал електрошокерот, а еден од останатите полицајци, инаку белец, испукал 3 куршуми и го убил, што потврди и аутопсијата.
Девин Броснан, друг бел полицаец кој бил присутен, ќе соработува со обвинителот, изјави Паул Хауард. Аутопсијата покажа дека Брукс е погоден двапати во грбот и оти починал поради крварење и повреда на внатрешните органи.