Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АНАЛИЗА: БАНКИТЕ „ПЛИВААТ“ ВО ПРОФИТИ, РАСТ НЕ НЕФУНКЦИОНАЛНИТЕ КРЕДИТИ КРЕДИТИ!

October 24, 2023 Filed Under: Македонија

Доста лагодна позиција на банкариоте – во првите шест месеци од годинава имаат зголемен профит од 36.3 отсто!

БАНКИ Граѓаните само по основ на станбени кредити им должат 3,2 милиони евра

AНЕТА ДОДЕВСКА

Во првата половина од годинава банките „тријат раце“, профитот на ниво на банкарскиот сектор е зголемен за фантастични 35,3% во споредба со истиот период лани. Од друга страна овој раст на добивката не е засенет од растот на нефункционалните кредити на фирмите и на граѓаните. Само по основ на потрошувачки и на станбени кредити на крајот од август граѓаните должеле 3 200 000 евра.

Фирмите „претпазливо“ се задолжуваат со кредити. За само три месеци, или во вториот квартал од годинава,  салдото на нефункционални кредити , и на фирмите и на граѓаните, е зголемено за 6,8 милиони евра или за 3,5%. Во вкупните нефункционални кредити доминираат оние на компаниите – уделот  на крајот од првиот економски квартал се зголеми до ниво од  65,3%.  Зголемувањето на нефункционалните кредити е присутно кај повеќе индустрии како текстилниот сектор, трговијата, градежништвото.

Квартален раст на нефункционални кредити

Текстилна индустрија                                                        +145,8%

Трговијата на големо и мало                                                +6,6%

Градежништвото                                                                     + 5,1%)

Хемиската индустрија                                                           + 25,7%

“Зголемувањето на нефункционалните кредити е присутно кај повеќето економски дејности, а е најзначајно кај „текстилната индустрија“ , 3 600 000 евра 145,8%.  Високата квартална стапка на раст на нефункционалните кредити кај секторот „индустрија“, речиси во целост е определена од нефункционалноста изложеност кон една компанија од текстилната индустрија. Наспроти тоа, намалување на нефункционалните кредити има кај дејноста „транспорт и складирање“, услужниот сектор и кај останатата преработувачка индустрија“ – се наведува во новата анализа на НБМ за банкарскиот сектор во земјава.

Состојба на нефункционални кредити ( прва половина од 2023)

Стапка на нефункционални кредити           2,9%

Нефункционални кредити на фирми           3,9%

Нефункционални кредити на граѓани          1,9%

Во вториот квартал нефункционалните кредити на претпријатијата се зголемиле за 4,1%.  Од друга страна, поради инфлациските притисоци кои влијаат врз економскиот амбиент компаниите воздржано се задолжуваат со нови кредити. Во август, на месечно ниво е забележан пад на кредитите за компаниите за 0,3%.

Потрошувачките и станбените кредити “најпроблематични“ за отплата

Граѓаните најмногу се задолжени по основ на потрошувачки и на станбени кредити – токму и по овој основ е најголемиот раст  на нефункционални кредити во апсолутен износ. Новите анализи за банкарските ризици покажуваат дека во вториот квартал од годинава нефункционалните кредити на домаќинствата се зголемиле за 3,1% или  за нови 2 061 000 евра.

Квартално зголемување на нефункционални кредити

Компании                            + 6 800 000 евра

Домаќинства                       +2 061 000 евра

Најголем процентуален раст на квартално ниво има кај нефункционалните кредити за купување на стан  и деловен простор за 7.5%.

Квартално зголемување на нефункционални кредити

Потрошувачки кредити                                        +3,3%

Негативни салда на платежни сметки              +3,8%

Купување стан и деловен простор                    +7,5%

Показателите за ликвидност на банкарскиот сектор се на задоволително ниво, солвентноста  бележи подобрување, кредитното портфолио го задржа квалитетот  – оценува Народната банка. Во вториот квартал од годинава во споредба со истиот период лани добивката на банките е зголемена за дури 35,3%.

“Зголемената добивка најмногу произлегува од растот на нето каматните приходи, а извесен придонес имаше и зголемувањето на нето-приходите од провизии“ се нотира во извештајот.

Со серијата на потези на НБМ за затегнување на монетарната политика банките изминатиот период освен што ги зголемија каматите за кредитите ги поскапеа и провизиите. Според најновите податоци на крајот на август вкупната кредитна изложеност изнесува 7 056 000 000 евра со годишна стапка на раст од 6,4%. Само по основ на потрошувачки кредити граѓаните должат скоро 1 900 000 евра а за станбени кредити 1 307 000 евра.

На ниво на целиот банкарски сектор нефункционалните кредити се на ниво од 2,9% .

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet