Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АНАЛИЗА: БУЏЕТОТ ЌЕ СЕ ПРЕКРОЈУВА А ИНФЛАЦИЈАТА ЌЕ ИЗНЕСУВА 3,6 ОТСТО

April 28, 2026 Filed Under: Македонија

Продолжените воени дејства на Блискиот Исток го зeмаа “данокот“ во првиот економски квартал, инфлацијата е повисока од проценките. Економските аналитичари упатуваат на ризикот од натамошен ценовен раст, особено во транспортот и производството

ХАЈРЕДИНИ Владата мора да најде пари за да ги покрие мерките што ќе ги заштитат најсиромашните, пензионерите кои имаат пензии до 30.000 денари

Извесно е дека сегашни буџетски прогнози за инфлација од 2,5% се потонати. Економските аналитичари во најновата Анкета на НБМ ја зголемија прогнозата за ценовен притисок на ниво од 3,6%, за разлика од очекувањата за инфлација од 3,2% во претходната анкета, пишува Порталб.  Дел од економистите велат дека поради неостварување на буџетските таргети,  ребалансот на Буџетот е неизбежен, но клучно прашање е од каде ќе се крати а за што ќе се додава.

Економистите со нови проценки – инфлација повисока од планираната, што ќе донесе ребалансот на Буџетот. Продолжените воени дејства на Блискиот Исток го зeмаа “данокот“ во првиот економски квартал, инфлацијата е повисока од проценките. Економските аналитичари упатуваат на ризикот од натамошен ценовен раст, особено во транспортот и производството.

„Доколку конфликтот не се разреши во краток рок, постои ризик од прелевање на повисоките цени на нафтата врз транспортните и производствените трошоци. Повисоките трошоци за енергија и транспорт би се пренесле и врз цените на останатите производи и услуги, што би довело до посилни инфлациски притисоци, имајќи ја предвид увозната зависност на домашната економија“ – наведуваат аналитичарите во најновата Анкета на НБМ, објаснување дека дополнително сеуште се присутни ценовните ризиците и поради војната во Украина.

Според економските аналитичари, годинава ќе заврши со инфлација од 3,6% , ниво што е значајно повисоко од проектираните 2,5%. Економистите велат дека сегашните буџетски прогнози се веќе пробиени.

„Ребалансот на Буџетот за годинава е извесен. Владата ќе мора да оствори фисклаен простор за мерки, пред се за најсиромашните. Но ќе биде многу важно парите да се трошат на транспарентен начин, да не се остави простор за потенцијална корупција. За жал, очекувам повторно да се скрати на капиталните расходи, на јавните инвестиции“ – вели еден од поранешните министри за финансии Џевдет Хајредини. Според НЕГО мерките мора да бидат „таргетирани“ кон најсиромашните граѓани и за пензионерите со пензија пониска од 30 000 денари.

„Пари за конкретни мерки можат да се обезбедат преку прераспределба на буџетските средства но мислам дека ќе мора да се посегне и по дополнително задолжување. Дефицитот, според мене годинава ќе биде повисок од 3,5% колку што планираше Владата “ – вели Хајредини.

Владата веќе најави ребаланс на Буџетот. Таргетирани мерки за најранливите категории на граѓани засега нема, но се размислува како да се намалат цените на оние производи кај кои е утврдена двоцифрена инфлација.

ПРОФЕСОР УЗУНОВ На Мицковски политички не му одговара ребаланс на буџетот

„Анализиравме четири ланци на маркети и цени на 55 производи и врз основа на таа споредба која ја направивме дојдовме до заклучок дека зголемувањето на цените е отприлика 0,4%. Од оваа анализа имаме некакви индикатори за одредени производи коишто ги зголемиле своите цени за неколку проценти, односно за двоцифрен број проценти, да бидам по-прецизен, тоа значи над 10%“ – изјави премиерот.

Додека се тактизира со цените, економистите посочуваат дека најранливата категорија на граѓани се потешко живее .

„Владата веќе го најави ребалансот, но што дотогаш? Ова се кризни времиња и потреби се итни мерки за најранливата категорија на граѓани. Од кои ставки ќе се обезбедат буџетски средства е клучно прашање. Вообичаено на удар се јавните инвестиции. Буџетот според мене не во добра финансиска кондиција, но и покрај тоа, на премиерот во овој момент не му одговара политички да направи ребаланс на Буџетот“ – вели професорот Ванчо Узунов.

„Порталб“ повикувајќи се на статистички податоци веќе објави дека на годишно ниво, инфлацијата кај храната изнесува скоро 7%,  кај месото и живи животни  12,76%, кај  шеќерот, слатките  10,22% додека  ценовниот раст кај млекото, млечните производи, јајцата во март во споредба со истиот месец лани изнесувал 8,12% .

(portalb.mk)

Filed Under: Македонија

МАРТА КОС НЕ ЈА ГЛЕДА МАКЕДОНИЈА
ТРЕНДАФИЛОВ: НЕ ЗНАМ КАКВИ БРОЈКИ ЗА ИНФЛАЦИЈАТА ГЛЕДААТ ВО ВЛАДИТЕ
БУГАРСКИОТ НАРОД СЕКОГАШ ГЛАСА ЗА НЕКАКОВ „СПАСИТЕЛ“
ДАРИО ИВАНОВСКИ – ЈУНАК НА НАШИОТ СПОРТ
ДЕМОКРАТИТЕ ГОВОРАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАМП ДЕКА ИМА „НАРУШЕНО ЗДРАВЈЕ“

Најново

  • МАРТА КОС НЕ ЈА ГЛЕДА МАКЕДОНИЈА
  • ТРЕНДАФИЛОВ: НЕ ЗНАМ КАКВИ БРОЈКИ ЗА ИНФЛАЦИЈАТА ГЛЕДААТ ВО ВЛАДИТЕ
  • БУГАРСКИОТ НАРОД СЕКОГАШ ГЛАСА ЗА НЕКАКОВ „СПАСИТЕЛ“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet