Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АНАЛИЗА: ЗА ЕДНА ГОДИНА „ВНАТРЕШНИОТ ДОЛГ“ ЗГОЛЕМЕН ЗА 217 МИЛИОНИ ЕВРА

February 25, 2025 Filed Under: Македонија

Повеќе од една третина од долгот отпаѓа на три државни фирми

МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ Ова јавно претпријатие секогаш е на врвот на фирмите-должници

АНЕТА ДОДЕВСКА

На годишно ниво јавните претпријатија формирани од државата и фирмите во државна сопственост значајно го „набилдаа“ внатрешниот долг, со пораст од над 217 милиони евра. Зголемување на доспеаните а неплатени обврски пријавиле и општинските јавни претпријатија и општините. Според пресметката на „Порталб“ само три фирми во државна сопственост „генерираат“ дури 38 % од вкупниот внатрешен долг.

На крајот од 2024 вкупниот внатрешен долг изнесувал 626,3 милиони евра, што е за 217,4 милиони евра повеќе од доспеаниот долг пријавен во 2023 та година. Новите сумирани податоци за 2024 та покажуваат дека на годишно ниво доспеаните а неплатени внатрешни обврски се зголемиле во скоро сите групи на субјекти и на централно и на локално ниво. Тренд на намалување на долгот има на полугодишно ниво – на крајот на првата половина од 2024 та внатрешните обврски изнесувале 660,8 милиони евра и во однос на второто економско полугодие се намалени за 34,5 милиони евра.

Доспеани а неплатени обврски

2024 година                                626 266 900 евра

2023 година                                408 816 600 евра

Извор : МФ

Споредбената анализа на „Порталб“ на годишно ниво покажува дека повеќе од двојно е зголемен доспеаниот долг на Јавните претпријатија и на Трговските друштва во државна сопственост, од 167,5 милиони евра во 2023- та тој се зголемил на  343,5 милиони евра во 2024.

Доспеани а неплатени обврски

2023 година          2024 година

 

ЈП и фирми во држ. сопственост      167 500 000 е      343 440 000 е

 

Општински ЈП                                          100 000 е           13 735 700 е

Општини                                                   58 745 000 е          60 783 000

Јавни здр. установи                               61 300 000 е          54 400 000 е

 

Извор : МФ

 

Според висината на долгот на второ место се општинските јавни претпријатија кои на крајот од минатата година исто така значајно го зголемиле долгот во однос на 2023 – пријавиле доспеани а неплатени обврски во износ од 113,7 милиони евра што е за скоро 38 милиони евра зголемување во однос на декември 2023 та. Општините со доспеани а неплатени обврски во износ од 60,7 милиони евра се трети на листата „субјекти со највисок долг“ и обврските во однос на крајот од минатата година се зголемиле за 2 милиони евра. Јавното здравство за една година го намалило долгот за скоро 7 милиони евра, со што тој на крајот од минатата година изнесувал 54,4 милиони евра но и покрај намалувањето овој сектор и натаму котира високо според износот на доспеани а неплатени обврски. Останатиот дел од внатрешниот долг отпаѓа на буџетските корисници од прва и втора линија ( министерства, агенции, институции од образование, култура, социјална политика..), потоа на регулаторните тела, планските региони.

Новите сумирани податоци за 2024 та покажуваат дека највисоките должнички износи се за комунални услуги, греење, комуникации и по овој основ доспеаните долгови достигнале 120 милиони евра, по основ  на главнина за заеми кон други нивоа на власт долгот достигнал скоро 113 милиони евра а долгот по основ на “други тековни расходи“

изнесувал 69,4 милиони евра.

Доспеани а неплатени обврски

Комунални услуги                                                     120 050 170 е

Главнина кон други нивоа на власт                      112 800 000 е

Други тековни расходи                                              69 500 000 е

Договорни услуги                                                        58 600 000 е

Материјали и инвентар                                              58 250 000 е

 

По основ на „договорни услуги“ долгот изнесувал 58,6 милиони евра а за материјали и ситен инвентар биле пријавен доспеаните а неплатени обврски од 58,2 милиони евра.

На новата должничка листа на Министерството за финансии на прв место со долг од 112,8 милиони евра е државната Нимагас, на второ место е државната МЖ Транспорт со 69,2 милиони евра а на трето место е МЖ Инфраструктура со пријавени доспеани а неплатени обврски во износ од 58,8 милиони евра. Пресметката на „Порталб“ покажува дека само на овие три фирми во државна сопственост отпаѓа дури 38,4% од вкупниот долг.

 

 

—

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet