Во 2025-та присилно наплатени над 137 милиони евра, во пораст е наплатата од граѓаните должници

АНЕТА ДОДЕВСКА
За две децении, колку што постојат извршителите, од граѓаните, компаниите и од државата присилно се наплатени повеќе од 2,2 милијарди евра. Сумираните податоци за 2025- та покажуваат пад на наплатата на долговите во однос на 2024-та или реализацијата од околу 44% на барањата за присилна наплата пишува Порталб. Кај граѓаните на годишно ниво има пораст на должничката сума која била наплатена преку извршители.
Компаниите се најголеми должници и доверители, кои од граѓаните присилно наплатени 50,8 милиони евра
Преку извршители во 2025 та биле присилно наплатени 137 368 058 евра што претставува реализација на 43,63% од примените барања за наплата – покажуваат податоците од новиот Извештај за работата на извршителите во 2025 та година. Во однос на 2024 та присилно наплатената сума е намалена за 23 300 000 евра. Најголем дел од средства, или скоро 63 500 000 евра се наплатени од “правни лица“, следуваат граѓаните од кои извршителите наплатиле 50 866 200 евра а на трето место е државата од која присилно се наплатени речиси 24 082 300 евра.
Должници Доверители
Граѓани 50 866 174 31 174 470
Компании 63 466 121 105 350 304
Држава 24 802 218 2 477 901
Извор: Комора на извршители
Во 2025 та е наплатен историски највисокиот износ од граѓаните – должници, за прв пат надминувајќи 50 000 000 евра. Конкретно, споредбената анализа на податоците што ја направи “Порталб“ покажува дека само за една година, во 2025 во однос на 2024 та, присилно наплатената сума е зголемена за речиси 4 милиони евра. Кај компаниите и државата, на годишно ниво има пад на износот на наплатени средства.
Правните лица односно фирмите се рангирани како “најголеми должници“ но и како најголеми доверители. Лани компаниите преку извршителите присилно наплатиле над 105 000 000 евра. Од друга страна пак физичките лица, односно граѓаните како доверители наплатиле нешто повеќе од 31 170 000 евра додека пак државата во улога на доверител, присилно наплатила нецели 2 500 000 евра.
Во период од 20 години, или од почетокот на формирање на извршителите до крајот на 2025 та биле наплатени 2 220 801 014 евра. Податоците од Комората на извршители покажуваат дека најголемите износи се наплатени во 2017 година, повеќе од 166 000 000 евра, 2024 та над 160 600 000 евра и во 2023 та кога биле наплатени повеќе од 159 700 000 евра.
Присилно наплатени средства (евра)
2025 та 137 368 058
2024 та 160 637 022
2023 та 159 761 307
2022 та 144 350 068
2021 та 130 055 233
Извор: Комора на извршители
Според подрачјата кои ги покриваат извршителите, лани најголема сума од скоро 70 000 000 евра била наплатена во Скопје, следува подрачјето на Основен суд Битола и Основен суд Ресен со наплатени скоро 10 700 000 евра а на трето место е подрачјето на судовите во Велес, Гевгелија, Кавадарци и Неготино со наплатени 9 755 000 евра.
На подрачјето на основните судови во Гостивар и Кичево, извршителите наплатиле скоро 8 303 000 евра а само на подрачјето на Основен суд Тетово, за една година, извршителите во има не доверителите наплатиле 6 115 500 евра.
Само лани фирмите адресирале дури 160 971 барања за присилната наплата, од нив 10 257 се барања за извршување од страна на банките а 45 219 барања за присилна наплата се дојдени од комуналните претпријатија. Изминатиов период повторно се актуелизираше темата за извршителите со најавата за законски измени кои треба да донесат дигитализација и зголемување на ефикасноста на извршната постапка. Дел од синдикатите веќе ги испорачаа критиките дека треба да се посегне по законски измени за намалување на трошоците што ги плаќа должникот.
(portalb.mk)




