Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АНАЛИЗА: ИЗВРШИТЕЛИТЕ СО СЕ ПОВИСОКИ НАПЛАТИ ОД ГРАЃАНИТЕ

May 13, 2025 Filed Under: Македонија

Последниот извештај за наплатите говори за сума од 47 милиони евра, за пет години двојно повеќе, во најава нови законски измени

ПРОФЕСИЈА ИЗВРШИТЕЛ Голем чекан врз судбината на граѓаните

АНЕТА ДОДЕВСКА

Од 2006 та кога беа формирани, заклучно со 2024 та, преку извршители се наплатени фантастични скоро 2,1 милијарда евра.  Годишниот извештај на Комората на извршители покажува дека лани од должниците, фирми, граѓани и држава, биле наплатени 160,6 милиони евра со 44,15% реализација на извршните решенија, што претставува највисоко ниво од 2020 та година, пишува Порталб.мк. Во најава се нови законски измени кои треба да водат кон намалување на трошоците  за извршување што ги плаќаат граѓаните.

Најголеми должници фирмите, потоа граѓаните па државата…

Скоро 880 000 илјади евра повеќе наплатиле извршителите во 2024 та во споредба со 2023 та година од сите категории на должници – граѓани, фирми и од државата. Годишниот извештај на извршителите покажува дека лани од должниците биле наплатени 160,6 милиони евра. Споредбената анализа на податоците што ја направи “Порталб“ покажува дека за пет години наплатената сума е зголемена за 37,5 милиони евра.

Наплатена сума

2020 та                   123 163 000 е

2021 та                   130 005 000 е

2022 та                   144 350 000 е

2023 та                   159 761 000  е

2024 та                   160 637 000   е

Извор : Комора на извршители

Најголеми должници според наплатениот износ се компаниите со 84,3 милиони евра, од граѓаните присилно, преку извршители биле наплатени скоро 47 милиони евра а од државата 31,5 милиони евра.

Доверители                       Должници

Правни лица                  127 383 000 е                    84 335 000 е

Физички лица                  33 340 000 е                    46 934 000 е

Држава                                 2 074 000 е                   31 500 000 е

Извор : Комора на извршители

 

Правните лица односно фирмите се појавуваат и како најголеми доверители кои лани од должниците наплатиле скоро 127,4 милиони евра, следуваат граѓаните со 33,3 милиони евра и државата со близу  2,1 милион евра. Компаративната анализа на податоците  на “Порталб“ покажува дека во изминатите пет години, двојно се зголемил износот на наплатени средства од граѓаните, од 24,6 милиони евра во 2020 та на скоро 47 милиони евра во 2024 та. Од друга страна износот на наплатениот износ од правните лица е намален од 89,4 милиони евра на 84,3 милиони евра.

Лани реализацијата на извршните барања изнесувала 44, 15 % што е највисоко ниво од 2020 та година. Најмногу реализирани барања за извршување имало во судовите во Охрид, Струга и Дебар а најмалку во судовите во Кочани, Берово, Виница и Делчево.

Во најава нови законски измени за присилна наплата …

Во средината на 2023-та беа направени измени на Законот за извршување со кои оној момент кога износот на каматата ќе го достигне главниот долг (кредитот), пресметката застанува, односно сумата за каматата не може да го надмине главниот долг. Со ова ново решение беа опфатени и постапките за извршување кои беа во тек.  За измените тогаш не гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица. Во меѓувреме Уставниот суд го укина застарувањето како можност за ненаплата на долговите а токму временската рамка за застарување требаше да ги заштити граѓаните од злоупотреби со “чување“ на предмети за кои потоа се пресметуваат енормни камати.

Сега граѓанските активисти најавуваат иницијатива за нови законски измени со кои треба да се таргетираат адвокатите и нотарите како “карики“ во постапката за присилна наплата. Дел од извршителите се правдаа дека во високите трошоци за извршување што ги плаќаат граѓаните  удел имаат адвокатските и нотарските тарифници. Евентуалните нови законски измени би биле надлежност на Министерството за правда.

(portalb.mk)

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet