Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АНАЛИЗА: ИНФЛАИЈАТА И ЦЕНОВНИТЕ РИЗИЦИ

September 3, 2024 Filed Under: Македонија

Јулски пораст на цените на шеќерот, месото, маслото на светските берзи. Ценовно намалување кај млекото, млечните производи и житариците. Домашните  финансиски институции очекуваат контролирана и намалена инфлација во 2024, но сепак засенета од ризици, пишува Порталб.мк. Во маркетите и на зелените пазари ценовен раст кај производи што содржат шеќер, какао, потоа кај дел од млечните производи, безалкохолните пијалаци

САМОПОСЛУГА Цените тука имаа и благ пад, освен кај маслото за јадење, но зелените пазари беа упорно скапи

Цени на шеќер, месо, млеко, масло, житарици … Незначително, но сепак во јули забележано е мало намалување на Индексот на цените на храната што го мери ФАО; Светската организација за храна. Податоците на ФАО кои се важни. Бидејќи,  даваат слика за цените на основните прехранбени производи и суровини за производство, претставуваат база и сигнал за ценовните движења и кај нас.

Новите податоци од ФАО покажуваат дека во јули раст на цените има кај месото, шеќерот и растителното масло ( масло за готвење). додека намалување на цените има кај житариците и млечните производи.

Најголем пад има на цените за житариците. Во јули во споредба со јуни намалувањето изнесува 3,8% додека во однос на јули 2023 та падот е 12%. Намалувањето на цените главно е резултат на зголемена сезонска достапност на пченицата и зголеменото производство и големите залихи во земјите, најголеми производители и извозници, како Бразил, Аргентина.  Цените на млекото и млечните производи во јули главно се непроменети во однос на јуни, но во однос на јули 2023 та ФАО бележи значаен ценовен пораст за 7,2%.

Индекс на цени (јули/јуни)

Житарици                                     -3,8%

Млечни производи                        0%

Растително масло                        +2,4%

Шеќер                                             +0,7%

Месо                                                +1,2%

Извор: ФАО

Цените на растителното масло ( една од главните суровини во прехранбената индустрија) се во континуиран пораст.  На месечно ниво, во јули во споредба со јуни,   индексот на цени на растителното масло е зголемен за 2,4%  а ценовен пораст има и во однос на јули 2023 та. Кај цените на растителното масло има второ, последователно, зголемување на највисоко ниво во последните една и пол година. Континуираното зголемување е одраз на зголемената глобална котација на маслата од палма, соја, сончоглед и семе од репка’ – наведуваат од ФАО.

Цените на шеќерот, уште една важна суровина за производство, втор месец се со растечки тренд, но сепак значајно пониски, за 17,9%,  во однос на јули, 2023 та. Во однос на јуни ценовниот индекс се зголемил за 0,7%.  И цените на месото растат. Во јули во споредба со јуни индексот на цени на месото е зголемен за 1,2% додека во однос на јули лани ценовниот раст е за 0,8%.

Килограм домати од 69 денари па нагоре, килограм пиперки над 100 денари, килограм праски скоро 80 денари – летото заминува, но цените на овошјето и на зеленчукот ( во сезонски зголемена понуда ) во маркетите и зелените пазари останаа „жешки“. Забележително е дека поскапуваат производите кои содржат шеќер, како што се чоколадите и другите видови на благи кондиторски производи  а корекции има на цените кај дел од месото и месните производи.

Иако домашните институции како Министерството за финансии и НБМ прогнозираат умерена инфлација што ќе гравитира околу 3%, во секојдневието цените на  основните прехранбени производи го тенчат стандардот.

Според статистиката во јули во споредба со јуни трошоците на живот се зголемиле за 0,8% но во споредба со јули лани за 3%. Најголем годишен ценовен раст има кај трошоците на живот за кафе, чај, какао за 8,7%, потоа за безалкохолни пијалаци за 6,7%,  за шеќер, мед зголемувањето е за 5,6% додека трошоците за месото се зголемиле за 2%, за млекото, сирењето, јајцата за 2,8% а за маслото 1,5%. Сите овие производи се дел од основната потрошувачка кошница која според ССМ во јули достигна 981 евро односно 60 325 денари. Од оваа сума само за храна и пијалаци се трошат 22 000 денари што претставува  36,3% од вкупната сума потребна да се истурка месецот. Според проценките на НБМ ценовниот притисок ќе олабавува, но сеуште има ризици.

„Ревизиите во однос на увозните цени се претежно надолни, но неизвесноста и нагорните ризици поврзани со идната динамика на цените на примарните производи на берзите поради геополитичките тензии и климатските промени сѐ уште постојат“ – наведуваат од НБМ.

Според новите проекции во ребалансираниот Буџет годинава треба да заврши со стапка на инфлација од 3,5%.

 

 

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet