Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АНАЛИЗА: КАКВА Е НАЦИОНАЛНАТА ЗАСТАПЕНОСТ НА НОВОВБРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

July 7, 2026 Filed Under: Македонија

Во 2025 јавниот сектор “зајакнат“ со скоро 2 500 нови вработени, 72,3 % Македонци а 21,7% Албанци

ВИСТИНСКА АРМИЈА Вкупниот број на административци е секако упадливо оптоварување за буџетот

АНЕТА ДОДЕВСКА

Од институциите на ниво на државата, највисока процентуална застапеност на етничките Албанци, со скоро 40% има кај Народниот правобранител. Најниска од 12,73% има кај Претседателот на државата, пишува Порталб. На ниво на министерствата, 66,35%  од вработените се Македонци,  26,03% Албанци а припадниците на останатите заедници се застапени со помалку од 3% покажуваат новите податоци од Извештајот од Регистарот за вработени во јавниот сектор за 2025.

Бројот на вработени во јавниот сектор зголемен на годишно ниво

Во 2025 та во јавниот сектор во државата работеле 129 793 лица и во споредба со состојбата во 2024 та, бројот е зголемен за 2 471 лице. Но иако бројот  на вработени според етничка припадност се зголемува и кај Македонците и кај Албанците, процентуалниот удел е помал во однос на состојбата со 2024 та поради квантитативен пораст на вработените во јавниот сектор. На ниво на целиот јавен сектор во државата, според етничкиот клуч, 72,37% од вработените се етнички Македонци додека 21,70% се етнички Албанци.

Застапеност на припадниците на заедниците

Македонска                     80 250       72,37%

Албанска                          24 064       21.70%

Турска                                  2 283          2.06%

Ромска                                 1 285          1.16%

Српска                                 1 060           0.96%

Други                                      943            0.85%

Бошњачка                              544            0.49%

Влашка                                    456            0.41%

Извор: Извештај од Регистарот на вработени 2025

 

Според податоците од Регистарот, просечната возраст на вработените во јавниот сектор во РСМ изнесува 46,6 години.

“Најголема просечна возраст од 52,7 години има кај советот на јавни обвинители, додека пак најмала просечна возраст од 40,8 година има кај секретаријатот на Влада“ се наведува во извештајот.

Етничка структура на вработените по видови на институции

На ниво на сите министерства, етничките Македонци се застапени со 66,35% а етничките Албанци со 26,03%, следуваат Турците со застапеност од 2,45%, Србите со 1,36% и Ромите со 1,29% додека останатите заедници се застапени со помалку од еден отсто. Во Владата на РСМ, застапеноста на етничките Македонци изнесува  74,57% а на етничките Албанци 14,45%, додека дел од другите заедници имаат удел од 3,76% до 0,58%. Во Јавното обвинителство пак застапеноста на Македонците изнесува 80.04% а на Албанците 16.12%. Во Уставен суд 72.13% од вработените се Македонци а 18.03% Албанци, додека на трето место со 4.92% се Турците. Во Регулаторните тела 70,38% од вработените се етнички Македонци, 23.95% се етнички Албанци додека 2,52% се Турци.

Македонци                     Албанци

Министерства                                 66,35%                            26,03%

Влада                                              74,57%                            14.45%

Јавното обвинителство                  80,04%                           16,12%

Уставен суд                                        72,13%                           18.03%

Регулаторни тела                             70.38%                           23.95%

Извор: Извештај од Регистарот на вработени 2025

 

Највисока процентуална застапеност на припадниците на Албанската заедница, со над 30% има кај Народниот правобранител со учество од 39,29%, потоа со 33.33% се застапени во Самостојни стручни органи ( дел од комисиите, Државен архив, ДЗС, ДКСК и други)   а со 32.48%  во Правни лица со јавни овластувања ( комори на лекари, адвокати, нотари ..). Според видот на институциите, најниска застапеност на етничките Албанци од 12,73% има кај Претседателот на државата и во Владата со  14,45%. На ниво на министерствата пак најниска процентуална застапеност на етничките Албанци има во Министерството за спорт со 12,20%, Министерството за одбрана со 13.79% и  Министерството за дигитална трансформација со застапеност од 14.47%.  Највисока застапеност пак има во Министерството за односи меѓу заедниците 52.47%, Министерството за здравство со 43.85% и во Министерството за економија, со застапеност од  39.86%.

(portalb.mk)

Filed Under: Македонија

ДРЖВАТА ИМ „ЖНЕЕ“ КОМИНТЕНТИ НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА „АЛТА БАНКА“
КАКО СЕ ШМИНКА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ
ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС: ВУЧИЌ НЕ Е КОЦКАР И СЕ СТРЕМИ КОН „СЦЕНАРИОТО НА ПУТИН“
ДА ПОЈДЕМЕ ВО ПЕХЧЕВО ВО ЈУЛИ
КОН СРЕБРЕНИЦА

Најново

  • ДРЖВАТА ИМ „ЖНЕЕ“ КОМИНТЕНТИ НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА „АЛТА БАНКА“
  • КАКО СЕ ШМИНКА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ
  • ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС: ВУЧИЌ НЕ Е КОЦКАР И СЕ СТРЕМИ КОН „СЦЕНАРИОТО НА ПУТИН“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet